Download Mobile App

You can use our mobile app from given link. Click on Download App
Nëse jeni kompani krijo një llogari ose që të keni qasje në çmimet me shumicë
(0) Shporta
Ju nuk keni artikuj në shportën tuaj.

shoppingcart.mini.emptycarttext

    Close
    Filters
    Preferencat
    Kërko

    Kushtet dhe rregullat e blerjes

    Договор за купопродажба на далечина за правни лица

    Договор за купопродажба на далечина за физички лица

    ОПШТИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ НА Е-ПРОДАВНИЦАТА НА ВУРТ

     

    Добредојдовте во е-продавницата на ВУРТ!

     Ова се условите за работење кои се применуваат за секое купување во електронската продавница на  ВУРТ.

    Пред нарачување на нашите производи, потребно е да се запознаете со овие одредби, бидејќи тие содржат значајни информации за Вашите права и обврски. Со нарачка, односно со купување во нашата е-продавница, потврдувате дека претходно сте се запознале со Општите услови за работење на е-продавницата на ВУРТ и дека истите ги прифаќате во целост.

    Со нарачување, односно со купување во нашата е-продавница склучувате Договор за купопродажба во електронска форма соДруштво за трговија на големо и мало Вурт Македонија дооел Скопје, на кој ќе се применуваат одредбите на Законот за електронска трговија („Службен весник на Република Македонија“ број 133/2007; 17/2011; 104/2015 и 192/2015, во понатамошниот текст „ЗЕТ“) и Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ број 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013, во понатамошниот текст „ЗОО“).

     

    Содржина:

    1. ДЕФИНИЦИИ

    2. ОПШТИ ОДРЕДБИ

    3. НАРАЧКА

    4. ЦЕНИ

    5. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

    6. ИСПОРАКА

    7. ПОСТАПУВАЊЕ ПРИ ИСПОРАКА

    8. ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ

    9. ПРАВО НА ПОТРОШУВАЧОТ НА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ДОГОВОРОТ

    10. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    11. СООБРАЗНОСТ И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕДОСТАТОЦИ

    12. ГАРАНЦИЈА

     

     

     

    1. ДЕФИНИЦИИ

     

    Кога велиме „Продавач“, „Ние“ или ВУРТ, мислиме на друштвотоДруштво за трговија на големо и мало ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. „20“ бр.39 с. Бразда Чучер-Сандево, со ЕМБС: 4972210, ЕДБ: 4030995174384, контакт телефонски број02/2 272 80 80.

    Кога велиме „Општи услови“, „Услови на работење“, „Услови“или„УП“ мислиме на Општите услови аа работење на е-продавницата на ВУРТ, кои важат за секое купување во нашата е-продавница.

    Кога велиме „Купувач“ или„Вие“мислиме на кое било физичко или правно лице кое го/ги нарачало производот/ите од Продавачот преку е-продавница или кое е заинтересирано да ги нарача производите на Продавачот.

    Кога велиме „Корисник на веб-сајт“ мислиме на секое лице кое ќе пристапи до веб-сајтот и истиот ќе го користи.

    Кога велиме “Гостин” мислиме на Купувач кој прави нарачка без да регистрира налог на веб-сајтот.

    Кога велиме „Регистриран корисник“ мислиме на Корисник на веб-сајтот кој регистрирал свој налог на веб-сајтот.

    Кога велиме „Потрошувач“ мислиме на физичко лице кое купувапроизводи и/или користи услуги во е-продавницата, за цели кои не се наменети за неговата  трговска дејност или професија и за кого се применуваат прописите за заштита на потрошувачи.

    Кога велиме „Договор за продажба“ или„Договор“мислиме на договор за купопродажба на кој било производ и/или услуги од асортиманот на Продавачот, кој ги содржи одредбите на Условите за работење, како и евентуалните посебни услови договорени помеѓу Договорните страни и кој се склучува во електронска форма и со електронски потписи на Договорните страни

    Кога велиме Сајт, мислиме на е-продавницата  на  ВУРТ.

    Кога велиме „Правилник за заштита на личните податоци “ или„Правилник“ мислиме на посебен акт во кој даваме информации за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци, обезбедени со цел користењето на Сајтот и купување преку е-продавницата. Правилникот е достапен на овој линк.

    Кога велиме „Гаранција“ мислиме на секоја изјава со која нејзиниот давател дава објаснување во врска со производите,која е правно обврзувачка под условите дадени во изјавата, како и во поглед на рекламацијатана конкретниот производ. Одредбите за Гаранцијата, кои претставуваат составен дел на Условите за работење, можете да ги видите овде.

    Кога велиме „Договорни страни“ мислиме на Купувачот и Продавачот заедно.

     

    2. ОПШТИ ОДРЕДБИ

     

     Условите важат во рамките на целокупното работење на е-продавницата на ВУРТ, односно за нашата понуда, потврдување на нарачки, испорака, издавање Фактури и фискални сметки, како и за сите други документи чија подготовка е задолжителна при продажба на производи.

    Испораката на производите се врши исклучиво на територијата на Република Македонија.

    Овој веб-сајт и е-продавница не се наменети за лица кои се помлади од 18 ( осумнаесет) години.

    Во случај кога Купувачот е правно лице, лицето кое ги внесува податоците и ги нарачува производите, со самото тоа, под полна материјална и кривична одговорност потврдува и гарантира дека поседува овластување да склучи Договор за купопродажба во име и за сметка на тоа правно лице и гарантира за точноста на податоците кои ги внесува при извршување на нарачката, особено податоците за седиштето, називот, даночниот број на Купувачот, податоци за лицето кое е наведено како примател на пратката и слично, а во спротивно одговара за штета претрпена од Продавачот поради недостаток на овластување за склучување на договор или погрешно наведени податоци.

    Посебните услови (кои отстапуваат од Условите), особено условите поставени од страна на Купувачот, ќе бидат обврзувачки единствено доколку се посебно договорени и содржани во писмено склучениот Договор за продажба..

    Одредбите од Условите на работење од кои се смета и логично може да се смета дека  се однесуваат и применуваат на Потрошувачи, не се применуваат на Купувачи кои се правни лица.

     

    3. НАРАЧКИ

     

    Нарачувањето на производи во е-продавницата се врши исклучиво преку Сајтот. Потрошувачите не можат да вршат нарачка на производи во е-продавницата преку телефон.

    Купувачот може да нарачува во својство на Гостин или во својство на Регистриран корисник, за што Купувачот одлучува сам. Во случај кога Купувачот веќе претходно се регистрирал, може да се пријави и да изврши купување преку својата корисничка сметка. .

    Доколку Ви одговара производот и сакате да го купите, можете да го направите тоа така што ќе кликнете на копчето „Додади во кошничка“. Пред потврдување на нарачката, можете да ја дополните, испразните или ажурирате  кошничката.

    Откако ќе ги селектирате сите производи кои сакате да ги купите, потребно е да внесете податоци за нарачка во согласност со формуларот. Нарачката се смета за завршена со потврдување на копчето  „Нарачка со обврска за плаќање“.

    Со потврдување на нарачките на Сајтот како Купувач го потврдувате следното:

    a)  дека Ви се познати одредбите од Условите за работење или дека сигурно Ви биле познати, бидејќи сме Ви пружиле реална можност да се запознаете со нивната содржина;

    b) дека пред потврдување на нарачката, на јасен и разбирлив начин сме ја исполниле обврската за известување на Купувачот;

    c)  дека, како Купувач, се согласувате со Условите за работење.

    Во поглед на обврските за известување, потврдувате дека сме Ве известиле особено за следното:

     

    • Основните карактеристики на производите;
    • називот на Друштвото, трговски регистар во кој е внесено Друштвото, матичен број на Друштвото, даночен број на Друштвото, адреса на седиштето, телефонски број за контакт и електронска адреса;
    • продажната цена или начинот на кој ќе се пресмета продажната цена, како и за сите евентуални дополнителни трошоци, како што се трошоците за испорака кои се на товар на Купувачот, даноци и манипулативни трошоци кои имаат влијание на наведената цена;
    • начинот на плаќање, начинот и рокот на испорака, начинот на вршење на други договорни обврски, како и начинот на кој се постапува по рекламација од купувачот;
    • постоење на законски одговорности поради несообразност на производите;
    • начинот на искажување рекламации, а особено за местото на прием и начинот на постапување на Продавачот во однос на нив, како и условите кои се однесуваат на остварување на правата на Купувачот во однос на сообразност на нарачаниот со доставениот производ;
    • условите за раскинување на Договорот;
    • во врска со продажбата на технички производи, за достапност на резервни делови, приклучни апарати и слични делови, технички сервиси, односно одржувања и поправки за време на и после прекин на периодот во кој се сноси одговорност за несообразност со Договорот, односно после прекин на производството и увоз на производите.

     

    Откако сте направиле нарачка, ќе добиете автоматска електронска порака на Вашата електронска пошта, со која се потврдува приемот на нарачката.

    За сите дополнителни прашања поврзани со Вашата нарачка, можете да ни се обратите преку електронската адреса eshop@wurth.com.mkили преку телефонскиот број+389 72 229 191.   

     

     4. ЦЕНИ

     

    Покрај сликата на секој производ е наведена цената. Цените вклучуваат ДДВ, освен таму каде што е изречно наведено дека цената е без ДДВ.

    Валутата е македонски денар (МКД).

    Истакнатите цени во е-продавницата важат исклучиво за купување преку интернет.

    Истакнатите цени не вклучуваат трошоци за испорака. Трошоците за испорака можете да ги видите во делот Испорака.

     

    5. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

     

    Плаќањето во е-продавницата на  ВУРТ за физички лица може да се изврши со готовина при преземање на пратката од курирот. Во случај на плаќање со готовина, при преземање на пакетот, курирот ќе Ви ги предаде нарачаните производи од кого ќе добиете фискална сметка.

    Плаќањето во е-продавницата на  ВУРТза правни лица може да се изврши преку  трансакциска сметка во рок истакнат на самата фактура, која купувачот заедно со испратница, ќе ја добие при превземање на пакетот.

     

    6. ИСПОРАКА

     

    Испораката на производи нарачани на Сајтот ги врши курирската служба Delco. Доставата се врши до назначената адреса на Купувачот.

    Цената за испорака за Потрошувачите- физички лица, е истакната  во кошничката на купувачот, поединечно за секоја нарачкаизнесува 150 денари., доколку  производите чија нарачка ја извршиле е во вредност  до 2.500,00 дeнари, додека за  нарачка на производи чија вредност е над 2.500,00 денари, испораката е бесплатна.

    Цената на испораката е фиксна и истата не зависи од далечината на испораката.

    По потврдување на вашата нарачка, на наведената емаил адреса ќе добиете потврда за испорака од страна на курирската служба која преку наведен линк, овозможува пратење на вашата пратка.

    Рокот на испорака за производи кои се купени во интернет продавница е 5 (пет) работни денови, сметано од денот на потврдување на нарачката од страна на Вурт со тоа што рокот секако не може да биде подолг од 30 (триесет) дена.

    Производите се испорачуваат на Купувачот лично или на лицето кое Купувачот го навел како примател на пратки. Купувачот, пред потврдување на нарачките, внесува податоци за адресата за достава. Доставата се врши во период од 8 часот наутро до 17 часот попладне, во работни денови.

    Во часот на предавање на производите на Купувачот, ризикот за случајно пропаѓање, оштетување или уништување на работите преминува на Купувачот.

    Доколку доставувачот не го пронајде Купувачот на адресата за достава, службата за достава ќе го контактира истиот и ќе договори нов термин за достава.

    Доколку потоа доставувањето на нарачаните производи биде и понатаму оневозможено по вина на Купувачот, односно лицето кое е назначено при внесување информации за достава, Купувачот ќе биде должен да ги сноси и трошоците за враќање на производите. Во тој случај, Договорот  се смета за раскинат.

    Обврската на Продавачот да го испорача нарачаниот производ прекинува доколку по налог на државен орган, пречка во сообраќајот, штрајк, , недостаток на суровини, земјотрес, поплава и сите случаи кои очекувано би можеле да се сметаат за Виша сила поради кои извршувањето е неизводливо, отежнато или невозможно, а Продавачот дознал за наведените настани дури откако ја потврдил нарачката. Во тој случај, Продавачот за настанатата околност,  веднаш ќе го извести Купувачот.

     

    7. ПОСТАПУВАЊЕ ПРИ ИСПОРАКА

     

    При преземање на испораката, Купувачот е должен, во присуство на курирот или поштарот (во понатамошниот текст: службеник) кој ја врши доставата, визуелно да го прегледа пакетот, со цел да утврди дали постојат видливи оштетувања на истиот.

    Купувачот е должен да бара отворање на пакетот во присуство на службеникот. Ако по отворање на пакетот, биде  утврдено дека доставениот/ите артикл/кли е/се оштетен/и, службеникот прави записник за рекламација.

    Доколку по извршеното отворање на пакетот, биде утврдено дека доставениот/ите артикл/кли нема/ат оштетување, Купувачот е обврзан при преземање на производите да потпишепризнаница (односно сметка-признаница), која ја предава на службата за достава како потврда за извршената достава на производите и потврда на фактот дека доставените производи немаат оштетувања.

     

    8. ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

     

    Во случај кога после испорака Купувачот ќе утврди дека артиклот не му одговара, а доколку истиот се смета за Потрошувач, согласно дел 1 - Услови, истиот имаправо на откажување од склучениот Договор.

    Доколку Купувачот утврди дека кај испорачаниот артикл не му одговара единствено големината (во случај на обувки и/или облека) или доколку сака да изврши замена на нарачаниот производ за некој друг, истиот е должен да го контактира ВУРТна eshop@wurth.com.mk или преку телефонот +389 72 229 191, со цел договарање на замената.

     

    8.1.    Постапка за замена

     

    По воспоставениот контакт со ВУРТ, на наведената електронска адреса и/или телефонски број, на електронската адреса на Купувачот ќе пристигне соодветна документација за замена.

    Неопходно е документацијата, која поради замена ќе пристигне на електронската адреса на Купувачот, да биде испечатена, читливо да биде пополнета и спакувана заедно со пратката чие враќање се врши.

    При испраќање на производот  чија замена ја бара Купувачот, неопходно е производот да биде предаден на пошта/доставна служба во соодветно пакување, бидејќи целата одговорност за оштетување при транспорт е на сметка на испраќачот.

    Штом испратениот производ чија замена се бара, ќе пристигне во седиштето на Продавачот, се врши проверка на истиот, со цел утврдување на фактот дали производот е испратен во соодветна состојба/пакување.

    Доколку биде утврдено дека производот чија замена се бара е неоштетен и дека соодветно бил спакуван и доставен до Продавачот, Продавачот автоматски  испраќа заменски артикл преку доставната служба Delco, на трошок на Купувачот, придружен со нова сметка-признаница.

    Нарачаниот артикл не може да се менува доколку по доставата на истиот до Продавачот, со барање за замена, биде утврдено дека е неисправен или во користена состојба, односно не е во оригиналното неоштетено пакување.

    Купувачот не може да го менува нарачаниот производ по сопствена иницијатива во продажни објекти на ВУРТ.

    Замена на нарачаните производи е можна  единствено во рок од 15 (петнаесет) дена од моментот на прием на производот.

    НАПОМЕНА:

    Враќањето на производ поради замена, Купувачот е должен да го изврши  до адресата на Продавачот, на сопствен трошок, освен во случај кога Продавачот испорачал погрешен производ или производ со недостаток.

     

    9. ПРАВО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД ДОГОВОРОТ (ПРАВО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ)

     

    Имајќи предвид дека купувањето преку е-продавницата на  ВУРТ се смета за купување „од далечина“, овој дел од Условите за работење се однесува на Купувачи кои претставуваат Потрошувачи.

    Доколку спаѓате во рамките на поимот Потрошувачи, имате право во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на испорака на нарачаниот/ите производ/и, да се откажете/повлечете од Договорот, без наведување на причина. Во наведениот рок потребно е да испратите Изјава за повлекување од Договорот до Продавачот:

    а) на пропишаниот Образец за повлекување од Договорот;или

    Доколку со една нарачка сте нарачале повеќе видови производи кои се испорачуваат посебно, рокот од 14 (четиринаесет) дена почнува да тече кога ќе биде испорачан последниот вид на нарачани производи. Кога испораката на производите се состои од повеќе пратки и делови, кои претставуваат составен дел на еден ист производ, рокот од 14 (четиринаесет) дена почнува да тече од моментот на испорака на последната пратка или дел.

    Ова право Купувачот го остварува така што го пополнува образецот за откажување во печатена форма кој секој Купувачот го добива со испораката или на начин што истиот дава Изјава за повлекување на друг начин во писмена форма (вклучувајќи електронска пошта).

    Изјавата за повлекување од договорот предизвикува правно дејство од денот истата е испратена преку препорачана пратка  до ВУРТ, односно на денот на нејзино испраќање преку e-mail.

    Ако изјавата за повлекување е  испратена по електронски пат, без одложување ќе Ве известиме во писмена форма или на e-mail.

    Во случај Купувачот да се повлече  од Договорот,  истиот е должен да изврши враќање на производите, без одложување, а најдоцна во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на испраќање на  образецот за откажување, со сносење на директните трошоци за враќање на производите. При враќање на производите, тие мора да бидат во исправна и неискористена состојба во оригинално и неоштетено пакување. Купувачот е обврзан  заедно со производите да достави и фискална сметка за извршеното плаќање,

    Во случај на откажување од договорот, Потрошувачот има право на враќање на парите или на замена за друг производ, доколку производите чие враќање се врши и нивната амбалажа се неоштетени и доколку достави фискална сметка за извршено плаќање.

    Износот за платените производи ќе му биде вратен на Потрошувачот откако производите ќе бидат вратени на адреса на Продавачот, од каде што се и испратени на Потрошувачот. ВУРТбез одложување ќе изврши враќање на уплатата која ја примил од Потрошувачот, вклучувајќи ги и трошоците за испорака, а најдоцна во рок од 14 (четиринаесет) дена кога го примил образецот за откажување. ВУРТне може да изврши враќање на средствата на Купувачот, додека не ги прими производите кои се враќаат или додека не ни доставите доказ дека сте ни ги испратиле производите.

    ВУРТ го врши враќањето на уплатените парични средства, користејќи го истото средство за плаќање кое го користел Потрошувачот за првичната трансакција, освен доколку Потрошувачот јасно договорил поинаку и под услов ВУРТ да не сноси никаков трошок како резултат на враќањето на парите.

    Напоменуваме дека ВУРТ не е должен да ги надомести дополнителните трошоци кои ги имал Потрошувачот, во случај доколку истиот јасно се определил за поинаков вид на испорака, освен најевтината стандардна испорака понудена од страна на ВУРТ.

    Потрошувачот е должен, по приемот на производите, да ја утврди природата,  карактеристиките и функционалноста на иститеи  исклучиво одговорен за намалената вредност на производите која настанува како последица на ракување со производи на начин кој не е соодветен, односно кое го надминува  ракувањето  што е неопходно за да се утврдат природата, карактеристиките и функционалноста на производите. Во такви случаи,  ВУРТ има право да ја врати намалената цена.

    Потрошувачот нема право да се откаже од договорот, во следните случаи:

    1) при обезбедување услуги , по целосното извршување на услугата, доколку извршувањето е започнато со јасна согласност на Купувачот и со прифаќање на фактот дека ќе го изгуби правото на повлекување по целосното извршување на договорот од страна на Продавачот;;

    2) при испорака  на стоки или услуги чија цена зависи од флуктуациите на финансискиот пазар кои што трговецот не е во состојба да ги контролира и кои можат да се појават во текот на рокот за повлекување;

    3) при испорака на стоки изработени според спецификациите или јасно прилагодени на потрошувачот;

    4)при испорака на  лесно расипливи стоки или со краток рок на траење, при што за краток рок на траење се смета рок од 30 дена до истек на рокот означен на пакувањето;

    5) при испорака на оригинално затворени стоки кои не се погодни за да бидат вратени поради хигиенски причини или заштитата на здравјето и се отворени по испораката;

    6)  при испорака на стоки кои по испораката се по своја природа, нераскинливо измешани со другите стоки;

    7)  при склучени договори во кои потрошувачот јасно побарал посета од страна на трговецот за целите на извршување на итни поправки или одржување. Доколку во случај на таква посета, трговецот обезбедува услуги во прилог на оние посебно побарани од страна на потрошувачот или стоки освен деловите за размена потребни за извршување на одржувањето или поправките, треба да се примени правото на повлекување на овие дополнителни услуги или стоки;

    10. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

     

     ВУРТги обработува личните податоци на Купувачот во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 42/20) и останатите релевантни законски и подзаконски акти во Република Северна Македонија.. За повеќе информации видете го Правилникот за заштита на личните податоци.

    Одредени лични податоци на Корисникот, можат да бидат преземени и  со употреба на „колачиња“. За повеќе информации за тоа, видете ја Политиката за „колачиња“.