Преземете ја апликацијата

Можете да ја користите нашата мобилна апликација од дадената врска. Кликнете на Преземи апликација
Напомена за правни лица : направете налог или за да ги видите големопродажните цени
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.

Your cart is empty

    Close
    Филтер
    Преференци
    Пребарување

    HHS Палета

    Популарни артикли од категоријата HHS Палета

    Load
    Види како Табела Листа
    Подреди по

    HHS 2000, леплив подмачкувач во спреј

    0893106

    Леплив подмачкувач во спреј претставува повеќенаменско, полусинтетичко масло за подмачкување отпорно на висок притисок.Поседува добра капиларност и подмачкува тешко достапни места кои истотака ги штити од корозија.Благодарејќи на добрата прилагодливост не доаѓа до исфрлање на маслото од ротирачките површини.Не оштетува пластични маси и е неутрален на лакирани подлоги.Ова средство е одпорно на солена вода,слаби киселини и бази. Има жолта боја и не содржи силикон, смоли и киселини.

    HHS 5000, подмачкувач во спреј со PTFE, 500ml

    08931063
    Синтетичкото средство за подмачкување во спреј HSS 5000 претставува синтетичко масло со PTFE кое е екстремно постојано на температура. Погодно е за тешко достапни места и достигнува таму каде што маслото мора да делува. Сигурно и долго штити од корозија, нема оксидација, нема остатоци од коксирање, не ја оштетува пластиката и заптивките и се однесува неутрално кон лакираните подлоги. Ова средство е постојано на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Транспарентно е и не содржи силикон, смола и киселини.

    Подмачкувач HHS 1000, 500ml

    08931064
    HHS 1000 претставува течна маст во спреј со DUO-EFEKT со која се овозможува разлевање како масло и прилепување и постојаност како маст. Продира во процепи, штити од корозија и достига таму каде што претходната маст не можела. Оваа маст пружа долготрајно подмачкување на местото кое се подмачкува без отпаѓање. Има добра компатибилност со различни материјали, амортизира звук и вибрации. Отпорна е на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Има жолтеникава боја и не содржи силикон, смола и киселини.

    HHS 200, 400ml

    08931067
    HSS 200 е повеќенаменска, висококвалитетна бела маст за долготрајно подмачкување со додаток на PTFE. Оваа маст извонредно заптива и штити од корозија, продирање на влага и нечистотии со што пружа исклучителна отпорност кон оксидација и продолжен интервал на подмачкување. Оваа маст е компатибилна со различни материјали, неутрална е кон лакирани површини, отпорана е на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Има брилијантна бела боја и не содржи силикон, смола и киселина.

    HHS 500, синтетички подмачкувач во спреј OMC2, 500ml

    08931065

    HSS 500 е полутечна маст во спреј отпорна на високи температури со OMC2 технологија. Ова средство е отпорно на центрифугални сили и обезбедува исклучителна заштита од атмосферски влијанија и прашини. Благодарение на EP адитивот, исклучително е постојана на притисок и пружа неверојатна амортизација на вибрација и звук. Ја намалува температурата на триење и може да се користи во температурен опсег од -25 степени до +150 степени.

    HHS 100 - Сув подмачкувач 400ml

    08931066
    Сувото средство за подмачкување HSS 100 на база на восок е отпорно на центрифугални сили, не паѓа кај брзоротирачките делови, незначително се прилепува на нечистотиите и штити од корозија. Ова средство обезбедува добро подмачкување во критични услови, тешко пристапни делови и продира во сите најтесни меѓупростори. Не ги оштетува повеќето пластични материјали и неутрално делува на лакирани подлоги. Ова средство е постојано на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Транспарентно е и не содржи силикон, смола и киселини.

    HHS Средство за чистење, 500 ml

    089310610

    HSS средството за претходно чистење со зајакнувач на прилепувањето е прилагодено на HSS производите. Ова средство брзо и ефикасно отстранува тврдокорни нечистотии, обезбедува подобро прилепување и го продолжува интервалот на средството за подмачкување. Обезбедува многу широк спектар на примена без набабрување на средството за заптивање. Ова средство не содржи ацетон, AOX и силикон.

    Леплив подмачкувач HHS ® 6000 PLUS, 400ml

    0893106202

    Карактеристики:

    • Универзално, синтетичко масло со високи перформанси со извонредни својства за подмачкување благодарение на додавањето на бор нитрид.
    • Ако подмачкувањето на маслото се прекине на повисоки температури (над 180°C), борниот нитрид го презема подмачкувањето до 1000°C (суво подмачкување).
    • Подмачкувачот не е штетен по здравјето, што го прави идеално погоден за прехранбената индустрија.
    • За професионална употреба кај најмали толеранции, прецизни делови или дури и со високи температурни оптоварувања, како што се лежишта, синџири, спојници, пружини, лизгачки шини или жичени кабли (сајли).
    • Температурно отпорен од -40оC  до +1000оC

    Леплив подмачкувач HHS ® 2000 PLUS, 400ml

    0893106203

    Карактеристики:

    • Универзално, синтетичко масло за подмачкување со високи перформанси и екстремна отпорност на адхезија и притисок, благодарение на додавањето на бор нитрид.
    • Сигурна заштита од абење
    • идеално погоден за прехранбената индустрија.
    • За професионална употреба кај апликации со висок притисок, под високи центрифугални сили или над глава, како што се жичени кабли (сајли), завртки, спојници, шарки, лизгачки шини, запчаници и отворени запчаници.
    • Температурно отпорен од -40оC  до +1000оC

    HHS 200 Plus

    0893106204

    Маст за подмачкување со високи перформанси за екстремни оптоварувања.
    Универзална синтетичка маст за подмачкување со високи перформанси со извонредни својства за подмачкување благодарение на додавањето на бор нитрид

    HHS Палета