Заштитните чевли Cyclone со S1P степен на заштита се изработени од антилоп кожа во комбинација со најлон и 3M рефлектирачки ленти. Поседуваат челична капа која ги штити прстите од механички повреди и челичен меѓуѓон кој штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава е од удобен и мек текстил. Заменливата антистатичка влошка анатомски е дизајнирана така што пружа максимална удобност. Ѓонот е нелизгачки, полиуретански, еднослоен и отпорен на дејства на масло. Во делот на петата има апсорбер на енергија.
Електричен одвртувач за монтирање во градежништво, особено погоден за заврти ко 5 mm. Штеди време, бројот на вртежи е прилагоден оптимално за завршни монтажни работи го градежништво.
Како што и самото име кажува FLEXY O1 е доста флексибилна и лесна работна чевла која се одликува со удобност, но и со специјално појачување во облик на метални плочки вградени во двослоен PU, цементиран ѓон кој го спречува испукувањето на истиот. Направена е од комбинација на превртена кожа и најлон. Ѓонот е непролизгувачки, антистатик и има шок абсорбер во пределот на петата кој рамномерно ја распределува тежината на телото на целото стапало и со тоа го намалува заморот. Тежина 430g по парче за број 42 EN ISO 20347.
Плитки кожни заштитни чевли (од мазна кожа) со композитна капа. Поставени се со AIR Active 3D материјал кој исклучително пропушта пареа односно дозволува кожата да дише. Водоотпорни. Двослојниот (PU/PU) антистатички ѓон е изработен од полиуретан со различна густина - внатрешниот слој е флексибилен и удобен за носење и во подолг временски период, додека надворешниот слој е од поцврст полиуретан кој е отпорен на абење, отпорен е на масло и нафта, има шок апсорбер на енергија во делот на петата и одлични својства против лизгање. Влошката е анатомска и може да се отстранува и да се менува. 100% без метал (METAL FREE). Големина 36-47 EN ISO 20345
Кожни заштитни чевли (од мазна кожа) со композитна капа и меѓуѓон од кевлар за заштита од пробивање на надворешни тела. Поставени се со AIR Active 3D материјал кој исклучително пропушта пареа односно дозволува кожата да дише. Водоотпорни. Двослојниот (PU/PU) антистатички ѓон е изработен од полиуретан со различна густина - внатрешниот слој е флексибилен и удобен за носење и во подолг временски период, додека надворешниот слој е од поцврст полиуретан кој е отпорен на абење, отпорен е на масло и нафта, има шок апсорбер на енергија во делот на петата и одлични својства против лизгање. Влошката е анатомска и може да се отстранува и да се менува. 100% без метал (METAL FREE). Големина 36-47 EN ISO 20345
Кожни заштитни чевли со челична капа и челичен меѓуѓон за заштита од пробивање на надворешни тела. Поставени со AIR Active 3D материјал кој исклучително пропушта пареа односно дозволува кожата да дише. Двослојниот (PU/PU) антистатички ѓон е изработен од полиуретан со различна густина - внатрешниот слој е флексибилен и удобен за носење и во подолг временски период, додека надворешниот слој е од поцврст полиуретан кој е отпорен на абење, отпорен е на масло и нафта, има шок апсорбер на енергија во делот на петата и одлични својства против лизгање. Влошката е анатомска и може да се отстранува и да се менува. Ултра лесни. Достапни во длабока и плитка варијанта. Големина 36-48 EN ISO 20345
Заштитните чевли Mustang со S3 степен на заштита целосно се изработени од црна водоотпорна кожа. Заштитната капа ги штити прстите од механички повреди, а меѓуѓонот од кевлар штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава од 3D текстил AIR ACTIVE овозможува кожата да дише и ја зголемува удобноста во текот на носењето. Заменливата антистатичка влошка е дизајнирана така што пружа максимална удобност. Двослојниот полиуретански ѓон е отпорен на абразија и пролизгување со шок апсорбер во делот на петата и обезбедува целосна удобност при носењето. Поседува рефлектирачки детали за подобра видливост. Чевлите не содржат метални делови и во целост се без метал (METAL FREE).
Заштитните водоотпорни плитки чевли од брендот Aimont се изработени од специјална мека антилоп кожа со мрежест текстил кој го пропушта воздухот. Поставени се со OVER DRY материјал кој е антиабразивен, со антигабични својства, мек е и пропушта воздух. Заштитна капа ALU LITE - алуминиумска со мембрана која дише. Композитен меѓуѓон на база на керамика и арамид, флексибилен и лесен. Ѓонот е изработен од мека E-TPU Infinergy® пена, удобен е за носење во текот на подолг временски период, отпорен е на абење, на масло и нафта, има шок апсорбер на енергија во делот на петата и одлични својства против лизгање. Ѓонот VIGORX ја враќа енергијата и ја подобрува циркулацијата. Влошката COMFORT PLUS е анатомска, антигабична и антистатичка. Ултра лесни. Големина 35-47 EN ISO 20345
Заштитните чевли Rubber guard со S3 степен на заштита се погодни за работа во студено опкружување. Надворешниот материјал од кожа ги прави чевлите водоотпорни, композитната капа ги штити прстите од механички повреди, додека меѓуѓонот од кевлар штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава од 3D текстил AIR ACTIVE овозможува кожата да дише и ја зголемува удобноста во текот на носењето. Заменливата антистатичка влошка анатомски е дизајнирана така што пружа максимална удобност. Флексибилниот полиуретански и гумен ѓон е отпорен на абразија и масло, а поседуваат и шок апсорбер во делот на петата. Ѓонот има температурна отпорност од -40C do +300C и SRC отпорност на пролизгување (керамика и детергенти).