Turbo завртка изработена од поцинкуван челик и се користи за столарија ( прозорски рамки, профили изработени од дрво, пластични материјали и алуминиум ) и полни градежни материјали без напрегање.Turbo завртката може да се користи за зацврстување на држачите и куките за прозори и подвижните арматури. Предностите на оваа завртка е во тоа што се користи без употреба на преголема сила при монтажа, има можност за демонтажа однадвор, при што остварува заштеда на времето затоа што не е потребна предходна монтажа на типла, а TX 30 прифатот на главата на завртката овозможува подобар пренос на сила во моментот на завртување. оваа завртка има должина 72mm, пречник 7.5 mmи има жолта боја.
Метална еластична типла со впуштена глава и PZ3 прифат за рамки од прозори и врати - SK има примена во зацврстување на дрвени, пластични и алуминиумски рамки од прозори и врати, соодветен е за подлоги од полн материјал и одговара на барањата на одредени произведувачи за монтажа чиј квалитет одговара на RAL стандардите.Оваа типла има брза и економична директна монтажа со меѓупростор без напрегање.Оваа типла поседува гребен за запирање кај шупливи профили, осигурувач за да не се изместува, како и конус со осигурач против испаднување. Оваа еластична типла има можност за машинско поставување со PZ3 вметок.Универзално е применлив за подрачја со лесни оптоварувања, а се практикува и кај подлоги од бетон, ѕидови од полни блокови,природен камен.Самата завртка на оваа типла е изработена од поцинкуван, сино пасивизиран челик, додека чаурата е изработена од челичен лим со заштита од AL/Zn.Оваа типла има вкупна должина од 112 mm