Напомена за правни лица : направете налог или најавете се за да ги видите големопродажните цени
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.
Сите категории
    Close
    Filters
    Преференци
    Пребарување

    Батериски машини и опрема

    Види како Табела Листа
    catalog.sortname
    Подреди по
    Приказ по страна

    Батериска дупчалка-одвртувач BDD 10,8 Power, 1,5Ah

    5717501012
    9.790 со ДДВ
    Компактната батериска дупчалка-одвртувач со напон од 10,8V е наменета за лесни и средни оптоварувања при дупчење и завртување. Оваа дупчалка има една положба за дупчење и 118 степени на прилагодување на моментот на затегање на завртките, благодарение на што има повеќекратна примена при работа со завртување на завртките и дупчење. Поседува вградена LED светилка која помага при работа во ограничен и темен простор. Меката рачка со ергономски дизајн овозможува пријатна работа, без потешкотии. Литиум-јонската батерија со мала маса и димензии ја олеснува долготрајната работа на непристапни места; покрај тоа, овој модел има и индикатор кој покажува колку батерија е преостанато. Дупчалката се испорачува во куфер со брз полнач (времето на полнење на батеријата е 30 минути) и резервна батерија.

    Батериски ударен одвртувач BID 10-A

    5717502012
    12.490 со ДДВ
    Компактниот батериски ударен одвртувач со напон од 10,8V со максимален момент од 100 Nm е наменет за посложени одвртувања и завртувања. Квалитетното куќиште од лиен алуминиум обезбедува постојан вртежен момент. Овој одвртувач има вградена LED светилка која помага при работа во ограничен и темен простор. Mеката рачка со ергономски дизајн овозможува пријатна работа, без потешкотии. Литиум-јонската батерија со мала маса и димензии ја олеснува долготрајната работа на непристапни места; покрај тоа, овој модел има и индикатор кој покажува колку батерија е преостанато. Машината се испорачува во куфер со брз полнач и резервна батерија.

    Батериска дупчалка-одвртувач BDD 14,4, 2x2Ah

    5717505012
    11.990 со ДДВ
    Moќна и компактна батериска дупчалка-одвртувач со напон од 14,4V, наменета е за лесни дупчења и завртувања. Благодарение на малата маса од само 1,25kg и малите димензии, идеална е за работа на непристапни места. Оваа дупчалка - одвртувач има можност за прецизно прилагодување на вртежниот момент на 18 различни нивоа, како и двостепен менувач на брзина за дополнително прилагодување. Футерот со брз систем на корисникот му овозможува брза и лесна промена на бургии или наставци, додека интегрираната LED светилка ја олеснува работата во темен простор. Дополнителна удобност и можност за долготрајна работа дава ергономичниот држач со изразен ефект на цврст зафат. Дупчалката се испорачува во куфер со брз полнач и резервна батерија.

    Батериска дупчалка-одвртувач BHD 18 BL, 2x4Ah

    5717506012
    23.990 со ДДВ
    Многу моќна и компактна дупчалка-одвртувач со прифат за бургија до 13mm. Оваа дупчалка има вграден индукциски (brushless) мотор чии основни предности се помалите трошоци за одржување и подолгиот работен век. Можноста за прилагодување на моментот на затегање на 16 различни степени и дава повеќекратна примена при работа со завртување и дупчење. Покрај тоа, вградената LED светилка ја олеснува работата во темни простории, додека ергономичниот дизајн и двокомпонентната рачка со ефект на цврст зафат овозможува пријатна и долготрајна работа без потешкотии. Куката за ремен го олеснува ракувањето при работата. Оваа дупчалка-одвртувач се испорачува во пластичен куфер со полнач и резервна батерија.

    Батериски ударен одвртувач 1/2", 1.000 Nm,BIW 18-BL,2x5Ah

    5717510012
    41.990 со ДДВ
    Исклучително моќен батериски ударен одвртувач со висок вртежен момент од максимални 1.000 Nm. Наменет е за силни и сложени зацврстувања и отпуштања на навои до најмногу M22. Има вграден индукциски (brushless) мотор, поради што работниот век на оваа машина е значително подолг, додека трошоците за одржување се пониски. Вградената LED светилка го прави овој одвртувач погоден за работа во темни простории, додека ергономичниот држач со ефект на цврст зафат пружа удобност при ракувањето и долготрајна работа без потешкотии. Овој одвртувач се испорачува во пластичен куфер со полнач и резервна батерија.

    Батериска аголна брусалка 125mm, BAG 18 BL, 2x5Ah

    5717509012
    25.990 со ДДВ
    Индукциски (brushless) мотор • Помали трошоци за одржување и подолг работен век. Заштита од рестартување Ед ноставна и брза замена на плочата • Едноставно и брзо поместување и позиционирање на штитникот во саканата положба. Вградената LED сијалица овозможува полесна работа во темен простор Ергономскиот држач со grip ефект овозможува пријатна работа за време на долг временски период

    Батериски машини и опрема