Клипен компресор со волумен на резервоарот од 100 литри и проток на воздухот од 330 l/min. Компресорот има специјално дизајнирани големи разладни ребра со цел да се обезбеди колку е можно подобро ладење при работата. Ремените на моторот имаат мрежа за заштита од пробивање на надворешни тела, а воедно и заштита на корисникот од евентуални повреди. Поврзувањето со помош на спојките директно од резервоарот овозможува максимално искористување на компримираниот воздух. Големите, специјално дизајнирани тркала обезбедуваат лесна мобилност.
Клипен компресор со волумен на резервоарот од 200 литри и проток на воздухот од 480 l/min. Овој компресор е особено погоден за пневматски елементи кои имаат голема потрошувачка на воздух при работата. Специјално дизајнираните големи разладни ребра обезбедуваат максимално ладење при работата. Заштитната мрежа на ремените на моторот имаат двојна функција - го штити моторот од пробивање на надворешни тела и го штити корисникот. Благодарение на поврзувањето со помош на спојките директно од резервоарот, овозможено е максимално искористување на компримираниот воздух. Компресорот е мобилен благодарение на четирите тркала (2 големи и 2 мали).
Клипен компресор со волумен на резервоарот од 270 литри и проток на воздухот од 640 l/min, наменет за работа со пневматски алати кои користат голем проток на воздух при работењето. Овој компресор има регулатори на притисокот на излез на воздухот, како и двостепена пумпа во лиено куќиште со систем од ребра за брзо ладење на компримираниот воздух. Всисниот филтер е дизајниран така што ја намалува бучавата при работа. Ремените на моторот се заштитени со капаци од тврда пластика со цел да се заштитат од пробивање на надворешни тела и за безбедност на корисникот. Двете големи и двете мали тркала на компресорот му даваат стабилност, но и мобилност.
Клипен компресор со волумен на резервоарот од 500 литри и проток на воздухот од 1.230 l/min, наменет за работа со пневматски алати кои користат голем проток на воздух при работењето. Овој компресор има регулатори на притисокот на излез на воздухот, како и дополнително унапредено црево за ладење на воздухот. Во лиеното куќиште на компресорот е сместена двостепена пумпа со систем од ребра за брзо ладење. Всисниот филтер е дизајниран така што ја намалува бучавата при работа. Ремените на моторот се заштитени со капаци од тврда пластика чија улога е да заштитат од пробивање на надворешни тела и да осигураат безбедност на корисникот. Антивибрациските гуми на ногарките на компресорот му даваат поголема стабилност.