Преземете ја апликацијата

Можете да ја користите нашата мобилна апликација од дадената врска. Кликнете на Преземи апликација
Напомена за правни лица : направете налог или за да ги видите големопродажните цени
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.

Your cart is empty

    Close
    Филтер
    Преференци
    Пребарување

    Кодекс на усогласеност

    Кодекс на усогласеност на Wurth групацијата

                                                                                              КОДЕКС НА УСОГЛАСЕНОСТ

    Взаемната доверба, доверливост, искреност и едноставност, и внатрешно и надворешно, се основни принципи длабоко вкоренети во корпоративната култура на Würth Group.
    Нашата посветеност на овие вредности за прв пат беше изложена во корпоративната филозофија напишана од Рајнхолд Вурт во 1970 година.

    За да воспоставиме највисоки стандарди во деловните односи со нашите клиенти, добавувачи и други деловни партнери, го применуваме Кодексот за усогласеност. Истражувањата докажаа дека известувањето од трета страна често помага во решавање на економскиот криминал.

    Со цел да им овозможиме на вработените во Würth Group, како и на трети лица, да пријават кривични дела и други сериозни прекршувања на кодексот за усогласеност, создадовме портал наречен BKMS System (Business Keeper Monitoring System).


    Покрај порталот, кршењето на Кодексот можете да го пријавите и анонимно или по име на нашата е-пошта: usoglasenost@wurth.com.mk . Бидејќи промовираме меѓусебна отворена комуникација, ве охрабруваме да го наведете вашето име при поднесување апликација преку порталот BKMS. Ние ќе ги третираме вашите лични податоци строго доверливо и ќе ги земеме предвид интересите на сите вклучени страни.

    За понатамошна комуникација преку порталот BKMS, би ве замолиле да креирате поштенско сандаче во порталот BKMS. Ова е важно во случај да имаме дополнителни прашања или ако сакате подоцна да додадете важни информации. Комуникацијата преку поштенското сандаче може да биде целосно анонимна доколку ја побарате.

    Системот е наменет единствено да привлече внимание на економскиот криминал или прекршувањата на кодeксот за усогласеност на Würth Group. Секоја злоупотреба на овој систем за други цели може да претставува кривично дело.

    Овде можете да поднесете пријава:

    Преку нашиот портал: https://www.bkms-system.net/wuerth

    Преку нашата е-маил адреса: usoglasenost@wurth.com.mk

    Можете да преземете PDF документ со правилата за усогласеност овде:
    Превземи PDF документ со правила за усогласеност

    Ви благодариме на довербата!