Пур пена – LIMITED EDITION - со намена за пополнување фуги и пукнатини, за пополнување на било какви останати отвори во градежништво, како премини на цевки (водовод и канализација), пополнување на отвори на оплати при “шалување” и полнење со бетон.
Пур пена – LIMITED EDITION - со намена за пополнување фуги и пукнатини, за пополнување на било какви останати отвори во градежништво, како премини на цевки (водовод и канализација), пополнување на отвори на оплати при “шалување” и полнење со бетон.
Својства и начин на делување:
Во процесот на стврднување, пената не пука и не се дроби, па овозможува ефикасно вградување и изолација со одлично прилепување на скоро сите градежни материјали. Погодна за вградување и пополнување на дрвени, пластични и метални врати и рамки на прозори и останати конструкциски елементи, за топлотна и звучна изолација, за изолација на водоводни цевки, кади, бојлери и опрема за ладење. За заптивање на пукнатини и дупки кои не можат да бидат исполнети со друг материјал за пополнување. Отпорна е на распаѓање, топлина, вода и многу хемикалии. Не е отпорна на UV зраци. Добро прилепува на материјали како бетон, мермер, камен, дрво, тврд PVC и метал. Не е погоден за полиетилен, силикон и слични материјали. Волумен на пената до 38 литри.
Нискоеспандирачка, пиштолска пур пена
Ниска топлинска спроводливост 0,036 W/m.k (Вати по метар Келвин).
Одличен капацитет за адхезија и полнење
Професионален метален пиштол за нанесување на пиштолска пур пена.
Пластичен пиштол за професионално нанесување на пиштолска пур пена, составен од месингани дизни и цевки од нерѓосувачки челик. Благодарејќи на малата тежина и ергономската ПВЦ рачка, овој апарат сигурно лежи во рака. Лесен е за употреба и има дополнителни ПВЦ вбризгувачи за непристапни места.