Заптивна смеса која лепи разни материјали. На база на полиуретан, дихтува и се лепи и во влажна средина. Не предизвикува корозија, има неутрален мирис и е отпорен на стареење.
Особено е добро што може да се обработува, да се сече и бруси. Не содржи силикони, па добро ја прифаќа бојата.
Еднокомпонентна полиуретанска дихт маса која суши во присуство на влага, во форма на тиксотропна паста. По нанесувањето, во контакт со воздух, заптивната смеса се вулканизира во еластична и кохезивна маса.
МЕСТА НА УПОТРЕБА:
Се препорачува за дихтување и лепење помеѓу слични и различни материјали во традиционалната ѕидарија, домашни и индустриски апликации, лесни и тешки производи, внатрешно декорирање итн. Погоден за повеќето материјали: бетон, стакло, дрво, анодиран алуминиум, плочки итн.
Инструкции
Површините мора да бидат чисти, суви и без маснотии. За предтретман, погледнете ја табелата за оптимизација во листот со технички податоци.
Отсечете го изливот со навој, зашрафете ја млазницата и исечете ја на потребната ширина. Нанесете го лепилото користејќи соодветен пиштол за нанесување. Препорачуваме минимална дебелина на леплив слој од 3 mm за да ги искористиме придобивките од лепењето со дебел слој.
Пакување
Во картонска кутија со 25 алуминиумски кертриџи од 300 ml
Рок на траење:
12 месеци минимум кога се чуваат на места со нормална температура и влажност.