Концентрирано оплатно масло на синтетичка база за разблажување со вода. Се користи за оплати од дрво и метал со функција на обезбедување на обработените површини на бетонот без видливи отвори и меурчиња. Со употреба на ова средство се спречува лепење на бетонот за оплатите.
Фиберглас влакна изработени од полипропилен кои се користат како дополнување на бетонот или малтерот за зајакнување со цел да се постигне подобра отпорност на удари, зголемена еластичност, помалку пукање, подобра водоотпорност и за подобро соединување на бетонот со подлогата.