Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Подмачкувач HHS 1000, 500ml
HHS 1000 претставува течна маст во спреј со DUO-EFEKT со која се овозможува разлевање како масло и прилепување и постојаност како маст. Продира во процепи, штити од корозија и достига таму каде што претходната маст не можела. Оваа маст пружа долготрајно подмачкување на местото кое се подмачкува без отпаѓање. Има добра компатибилност со различни материјали, амортизира звук и вибрации. Отпорна е на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Има жолтеникава боја и не содржи силикон, смола и киселини.
Спреј за отстранување на дихтунг, 300 ml
K+D лепак и заптивна маса
За универзална примена со извонредна моќ на лепење на различни материјали и површини, еластичен со голема растегливост. Може да се користи за спојување на исти или на различни материјали. Го компензира истегнувањето кај различни материјали и пригушува вибрации и бучава. Долгото време на формирање на коричка овозможува лепење, односно заптивање на компликувани и многу големи делови. Составените делови можат да се репозиционираат. Може да се бруси и лакира. По формирање на коричка можна е механичка обработка и лакирање без претходна припрема на површината (претходно да се провери компатибилноста на лакот). Дозволено е користење во близина на храна (ISEGA сертификат), не го загрозува здравјето во стврдната состојба. Погоден е за лепење и заптивање во погони за производство и подготовка на храна. Не е корозивен, има слаб мирис и е без силикони.
Микроактивна крпа за чистење стакла
Спреј за заштита на метални површини Basic
Светлиот цинк спреј BASIC пружа долготрајна заштита на завари и челични површини. Ова средство се користи и за заштита на метални површини од корозија, оптичко подобрување на површините, брзо се суши и после сушењето слојот е отпорен на дожд, масло и маснотии.
HHS 200 Plus
Маст за подмачкување со високи перформанси за екстремни оптоварувања.
Универзална синтетичка маст за подмачкување со високи перформанси со извонредни својства за подмачкување благодарение на додавањето на бор нитрид
WGF 130 - маст за лагери, 1 kg
WGF 130 е специјална висококвалитетна маст за подмачкување на тркалачки и лизгачки лежишта, водилки, спојници, навојни вретена, лежишта изложени на големо оптоварување, итн. Оваа литиумска сапонифицирана маст со додаток од молибден дисулфат по оптоварувањето создава цврст заштитен слој, го намалува триењето и абењето на површините, штити од корозија и го продолжува времето на подмачкување. Ова средство има црна боја.
Чистач на прохромски површини
Специјална течност за чистење на метални површини.
За површини од нерѓочкувачки челик, хром, месинг,елоксирани и емајлирани метални површини како и за лесни и обоени метали на возила, чамци, во техниката, домаќинствата и во погоните за преработка на храна.
Масло за нега на прохром, 400ml
За брзо и едноставно обновување на изгледот на метални површини.
Спреј за нега на прохромски површини, 400ml
Емулзија за чистење и негување на метални површини
Супер лепак, 20g
Цијаноакрилатен структурен лепак за универзална употреба
- Патентиран специјален капак
- Ракување со една рака
- Прецизно дозирање
- Спречува лепење на отворот
Лепи за неколку секунди
- Може веднаш да се обработува
- Брзи поправки
- Едноставна монтажа без дополнителни материјали
- Обично не е потребно зголемување на температурата
Заштита за подвозје на возила, црно, 1000ml.
Создава заштитен слој на гумена основа, над кој може да се нанесе слој боја и спрејот во себе содржи растворувачи.
Батериски пиштол за картуши/салами BCG 600
Батериски пиштол со максимална моќност од 4,5 kN, погоден за картуши од 310 ml. 6 - степена контрола на брзината, со интегрирана батерија во држачот на пиштолот. Голема предност е повратното потисно дејство, кое по престанок на истиснување го враќа вретеното 4мм наназад и спречува понатамошно истекување на масата.
HT - Паста за заштита на сопирачки 200ml (335 gr)
HT пастата за заштита на сопирачки е високотемпературна, метал-слободна смеса дизајнирана за подмачкување, разделување и заштита од корозија на делови во сопирачките системи на возилата. Издржува температури до 1400°C и е погодна за употреба во ABS, ASR и ESP системи. Не ги оштетува сензорите на сопирачките и е отпорна на разредени киселини, бази, прскање со вода и солена вода. Не содржи силикон и AOX.
Спреј боца 360 степени, 1000 ml
Овој производ е ергономски дизајнирана пумпна прскалка со капацитет од 1 литар, која овозможува прскање под агол од 360°, благодарение на специјалниот систем за вшмукување. Оваа функција обезбедува сигурна работа при прскање над глава, дијагонално или вертикално. Прскалката е изработена од издржливи материјали, отпорни на растворувачи, што ја прави погодна за употреба со различни хемикалии. Дополнително, има проѕирен, нераскинлив сад со конусен облик за подобра стабилност и мерна скала за лесно полнење и мешање. Оваа прскалка е идеална за употреба во автомобилската индустрија, работилници и други апликации каде што е потребно прецизно и флексибилно прскање.
Спреј за жичана сајла, 500 ml
Спрејот за жичано јаже претставува заштитен восок со додаток на OMC адитив за подмачкување и конзервирање на сајли. Ова средство е идеално за површини кои се директно изложени на сонце бидејќи не протекува. Подмачкува тешко достапни места со оптимална способност за пополнување на процепи благодарение на восокот кој продира дури и во најтесните меѓупростори. Исклучително е водоотпорен, штити од корозија и пружа долг работен век на сајлата. Не содржи цврсти мазива, смола, киселини, силикон и AOX.
Силикон спреј, 5l
Силиконскиот спреј долготрајно ги штити и изолира пластичните, гумените и металните делови во внатрешните и на надворешните делови од возилото, делува антистатички и ги штити електричните контакти од влага. Со употреба на ова средство, пластичните делови добиваат сјај и еластичност, не се лепат и не замрзнуваат. Исто така се користи и за подмачкување на водилки и седишта, подвижни кровови, механизми на сигурносни појаси, неоставајќи дамки зад себе.
Спреј за заштита од корозија, 300ml
Спрејот за заштита од корозија е специјална безбојна течност со голема капиларност со добро прилепување. Ги штити тешко достапните места, го запира ширењето на корозијата и има повеќекратна примена поради многу добрата подносливост со материјалите на најразлични подлоги. Овој спреј, со извонредна отпорност на солена вода според DIN5002N стандардот, претставува најдобра заштита во најлоши услови. Гребнатините, ударите од камен и слично самостојно се затвораат, а третираните површини повеќе не може да се оштетат од течност. Примената на овој спреј е за конзервирање на алат, машини, моторни возила, погоден е за тешко достапни места во моторниот дел и претставува најдобра заштита за моторцикли и велосипеди кои имаат долг период на мирување.
Силоконска маст во спреј, 500 ml
Белата силиконска маст во спреј е подмачкувачка електроинсталациона маст која штити од влага и создавање на корозија. Поседува добра моќ на прилепување на сите површини, многу добра електро-отпорност како и температурна отпорност од -40 степени до +300 степени. Ова средство се користи за заштита и подмачкување на електрични прекинувачи и кабли, брави на врати, шарки, водилки, подвижни делови од мебел.
Реставратор на метал, 400G
Моќна метална паста за брусење за отстранување на најтврдоглавата нечистотија на металот. Сертифициран со NSF.