ПРАВИЛНИК ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Друштвото за трговија на големо и мало Вурт Македонија ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „20“ бр.39, с. Бразда, Чучер Сандево, ЕМБС:4972210, со ЕДБ: 4030995174384 (во понатамошниот текст„ВУРТ”), во вршење на својата дејност, собира и обработува лични податоци почитувајќи ги Законот за заштита на личните податоци, подзаконските акти донесени во согласност со овој Закон и сите останати релевантни законски и подзаконски прописи.
Во овој Правилник за заштита на лични податоци (понатаму Правилник) објаснето е на кој начин ВУРТги собира Вашите лични податоци, на кој начин ги користи и управува со нив.ВУРТе посветен на заштитата и почитувањето на Вашата приватност , на заштитата и сигурноста на личните податоци на нашите купувачи, клиенти и физички лица кај нашите бизнис партнери (понатаму „ Субјекти").
Ве молиме внимателно да го прочитате овој Правилник, како би ги разбрале сите важни прашања кои се однесуваат за заштитата на Вашата приватност.
1. КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
2. ДЕФИНИЦИИ
3. НА КОГО СЕ ПРИМЕНУВА ПРАВИЛНИКОТ
4. КАКО И КОГА ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
5. ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ, ЦЕЛ И ОСНОВ
6. КАДЕ И КАКО СЕ ЧУВААТ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
7. ДАЛИВУРТГИ СПОДЕЛУВА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ СО ТРЕТИ ЛИЦА
8. КОЛКУ ДОЛГО WURTH ГИ ЧУВА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
9. ВАШИ ПРАВА
10. СТАПУВАЊЕ НА СИЛА И ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛНИКОТ
1. КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ВУРТе контролор на личните податоци, односно субјект кој ја одредува целта и начинот на кој се обработуваат личните податоци, во смисла на Законот за заштита на лични податоци(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/2020)(во понатамошниот текст „Закон").
Имајќи во предвид дека ја разбираме заштитата на приватноста на нашите Купувачи многу сериозно, ВУРТ има офицер за заштита на лични податоци - Елена Кузмановска, а кој можете да го контактирате на kuzmanovska@tjlaw.com.mk, со испраќање на дописи на адреса ул. „20“ бр.39 с.Бразда, Чучер Сандево, Скопје или со јавување на телефонскиот број +389 2 2728 080.
Кога ќе кажеме„ Субјект на лични податоци“ или „Субјект“) ” или „Вие”, мислиме на сите физички лица кои ги споделуваат своите лични податоци со нас.
Кога ќе кажеме „Корисници наВУРТКартичка” мислиме на субјекти кои се зачлениле во нашата програма за лојалност и кои по таа основа остваруваат бенефиции, а на кои им се издава ВУРТКартичка.
Кога ќе кажеме „Корисник на сајтот” мислиме на секој субјект што ќе пристапи на Сајтот.
Кога ќе кажеме „Регистриран корисник” мислиме на субјект кој има регистриран налог на Сајтот.
Кога ќе кажеме „Општи услови за деловно работење” мислиме на условите за деловно работење кои се составен дел на договорот кој го склучувате со ВУРТи кои се достапни на Сајтот.
Кога ќе кажеме „Податок” мислиме на лични податоци, односно на секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, во која смисла за лице кое може да се идентификува се смета лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно врз основа на тие податоци.
Кога ќе кажеме „Офицер ” мислиме на офицер за заштита на личните податоци, кој може да биде контактиран на ул „20“ бр.39, с.Бразда, Чучер-Сандево, eshop@wurth.com.mk_______________,.
Кога ќе кажеме „Правила за користење на колачиња” мислиме на посебни правила за собирање на поедини лични податоци на Сајтот по пат на „колачиња“, кои се составен дел на Правилникот за заштита на лични податоци.
Кога ќе кажеме „Согласност” мислиме на Ваша слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка наВашите лични податоци.
Лице кое има наполнето 14 години може самостојно да даде согласност за обработка на лични податоци за користење услуги во информатичко друштво. Согласноста е само еден од законските основи за обработка на податоците, па податоците може да се обработуваат и по други основи.
Кога ќе кажеме „Услови закористење на ВУРТКартичка” мислиме напосебни услови кои Купувачот ги прифаќа во моментот на зачленување во програмата за лојалност, а со цел добивање на ВУРТ картичкаи остварување на конкретни бенефиции.
Останатите термини кои се содржани во Правилникот за заштита на лични податоци, а кои се напишани со големи букви, дефинирани се во Општи услови за работење.
3. НА КОГО СЕ ПРИМЕНУВА ПРАВИЛНИКОТ
Овој правилник за заштита на лични податоци како што е соодветно и во соодветни делови се применува на лица кои се:
- Корисници на сајтот независно од тоа дали се посетители или Регистрирани корисници,
- Купувачи,
- на Корисници на ВУРТ картичка за лојалност.
ВУРТсе грижи за приватноста и безбедноста на малолетниците на Интернет. Лицата помлади од 14 години не смеат да ги откриваат своите лични податоци на компанијата ВУРТ. Доколку сметате дека сме прибавиле лични податоци за лица помлади од 14 години, Ве молиме да не известите на _eshop@wurth.com.mk_____________ (е-маил на офицерот за заштита на лични податоци) без одложување.
4. КАКО И КОГА ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Податоците ги собираме првенствено од Вас и тоа кога ќе го посетите Сајтот на компанијата ВУРТ, купувате и/или порачувате производи од ВУРТ, регистрирате налог на нашиот сајт, кога се регистрирате за програмата за лојалност и станувате корисник на картичката за лојалност, кога не контактирате заради давање поддршка на купувачите, кога пополнувате анкета за купувачи или кога вашите податоци на друг начин релевантни за купување, односно нашето деловно работење.
Собирање на поедини лични податоци и нивно користење за цели на маркетинг го правиме само на основа на Ваша претходна, јасно и недвосмислено изразена согласност. Дадената согласност можете да ја повлечете во секое време. .
Податоците кои ги собираме преку Сајтот се неопходни за да може да им обезбедиме оптимална услуга на нашите корисници на сајтот. Во случаи кога не сакате да ни ги дадете личните податоци кои ни се неопходни, ВУРТне може да гарантира дека дадените информации и услуги во потполност ќе ги задоволат Вашите потреби.
Вашите податоци се чуваат како строго доверливи, а секој начин на собирање на податоци има своја цел и правна основа заснована на Законот.
ЦЕЛ НА СОБИРАЊЕТО |
ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ |
ОСНОВ |
1. Регистрација на корисниците
Кога сакате да извршите купување на нашите производи на нашата е-продавница или за да Ви овозможиме користење дополнителни функции на нашиот Сајт, може да се регистрирате на нашиот Сајт. |
Лично име, e-mail адреса, шифрана купувач |
Обработката е неопходна за одржување на Вашиот налог и за извршување на договорот склучен со субјектот на кој се однесуваат податоците, или за преземање активности на барање на субјектот на кој се однесуваат податоците, пред склучување на договорот. Во отсуство на такви податоци не би било можно да се изврши регистрација на корисникот, но може да се склучи договор и да се изврши доколку Купувачот кој е физичко лице го изврши купувањето како Гостин.
|
2. Обработка на порачки
Кога купувањето ќе го направите преку е-продавница од Вас може да се бара да оставите одредени лични податоци кои се неопходни за правилно извршување на купопродажниот договор. Во таа смисла податоците ни се неопходни за регистрирање на договорениот однос за наплата на производите или услугите, како и за управување и примање приговори, поплаки и рекламации.
|
Лично име, адреса на живеење, адреса за испорака, адреса за плаќање, број на телефон, e-mail адреса, факс, преференции во врска со испораката (на пр. начин на испорака), финансиски информации кои вклучуваат податоци за кредитната илиза дебитната картичка, односно други информации кои се однесуваат на плаќањето. |
Обработката е неопходна за извршување на договорот склучен со субјектот на кој се однесуваат личните податоци или за преземање активности, на барање на субјектот на кој се однесуваат податоците, пред склучување на договорот. Во отсуство на такви податоци договорот не би можел ни да се склучи, ни да се изврши. |
3. Издавање картичка за лојалност
За најверните купувачиВУРТорганизира програма за лојалност која овозможува низа различни бенефиции. Правата и должностите врзани за членството во клубот на лојалност се опишани во Услови за користење на картичката за лојалност. За ВУРТ даможе да издава картички за лојалност и да може да врши евиденција за корисниците на картичката при пристапување на програмата за лојалност ги собира Вашите податоци.
|
Податоците што се собираат се: пол, лично име, датум на раѓање, адреса, фиксен телефон, мобилен телефон и e-mail. |
Обработката е неопходна за извршување на договорот склучен со субјектот на кој се однесуваат податоците или за преземање активности на барање на субјектот на кој се однесуваат податоците пред склучување на договорот. Доколку не ни ги доставите тие податоци нема да можеме да Ве идентификуваме и нема да можеме да Ви издадеме картичка за лојалност на основа на која се остваруваат бенефициите. |
При пристапувањето кон програмата за лојалностсо ВУРТкартички може да изберете опција да Ви испраќаме известувања по пат на е-mail, СМС, Viber и на друг начин. Членовите на програмата за лојалност ги известуваме за производи, услуги, наградни игри и за актуелни бенефиции кои се врзуваат за членството (понатаму: известувања за бенефиции), но исклучиво со Ваша согласност дека сакате да примате известувања за бенефициите.
|
Се користат податоците собрани при пристапување кон програмата за лојалност. |
Вашите податоци ги користиме во наведената цел само доколку сте означиле на пристапницата дека сте согласни и сакате ВУРТда Ве информира за понудата на сите производи и услуги со бенефиции од програмата за лојалност на ВУРТкартичката. Не сте обврзани да ја дадете оваа согласност во кој случај нема да ви испраќаме известувања за бенефициите, но како корисник на ВУРТ картичката ќе можете да ги користите бенефициите.
Во случај да се согласите оваа согласност може да ја повлечете во секое време, со тоа што тоа нема да влијае на законитоста на обработката која е вршена додека постоела согласноста.
|
При регистрација на налогот на сајтот може да изберете опција на образецот за следење на Вашето однесување дека сте согласни со следење на образецот на Вашето однесување, да се изработуваат или да ви се испраќаат персонализирани понуди за производи и услуги на основа на воочените обрасци на однесување. Тоа значи дека можете да се согласите да ги следиме податоците од Вашите поранешни купувања и на основа на производите кои сте ги купиле порано, па како резултат, Ви испраќаме информации за други производи за кои веруваме/сметаме дека ќе бидете заинтересирани.
|
Се користат податоци кои се собрани при регистрација на налогот. Подоцна се собираат податоци за спроведените купувања поради утврдување на образецот на однесување. |
Вашите податоци ги користиме за наведенатацел само доколку сте означиле дека сте согласни дека сакатеВУРТда го следи Вашето однесување, и да изработува и да Ви испраќа персонализирани понуди за производите и услугите врз основа на такви обрасци на однесување. Не сте обврзани да ја дадете оваа согласност во кој случај нема да го следиме Вашето однесување и нема да креираме и да Ви испраќаме персонализирани понуди. Во случај да се согласите, оваа согласност може да ја повлечете во секое време со тоа што тоа нема да влијае на законитоста на обработката која е вршена додека постоела согласноста. |
При регистрација на налогот на Сајтот може да изберете опција дека сте согласниВУРТда Ве контактира за потребите за спроведување анкети и истражување на задоволство од производите.
|
Се користат податоци кои се собрани при регистрација на нашиот Сајт. |
Вашите податоци ги користиме за наведенатацел само доколку сте означиле дека сте согласни ВУРТда Ве контактира за потребите за спроведување анкети и истражувања за задоволство од производите. Не сте обврзани да ја дадете оваа согласност во кој случај нема Ве контактираме за потребите за спроведување анкети и истражувања за задоволство од производите. Во случај да се согласите, оваа согласност може да ја повлечете во секое време со тоа што тоа нема да влијае на законитоста на обработката која е вршена додека постоела согласноста.
|
7. Служба за помош на Купувачите
Во одредени ситуации може да имате потреба да ја контактирате нашата Служба за помош на Купувачи во нашиот продажен центар, на Сајтот или телефон (на пример, заради замена на производот, упатства за монтажа и слично) Во такви ситуации ќе ни бидат потребни Вашите податоци за да можеме да Ви помогнеме, односно за да можеме да го решиме прашањето за кое сте не контактирале.
|
Податоци кои се собираат се: име и презиме, адреса за испраќање на фактура, адреса за достава, број на телефон, адреса на е-пошта како и/или други податоци врзани за прашањето за кое сте не контактирале, а за кое сами сте одлучиле да ни го испратите.
|
Обработката е неопходна со цел за почитување на правните обврски односно заради давање помош на купувачите. Обработката се врши и на основа на легитимен интерес, бидејќи податоците ги користиме за да можеме да Ви дадеме информации кои ги барате од нас или кои би можеле да Ви бидат од помош за барањето или прашањето кое сте го упатиле до Службата за помош на Купувачите. |
8. Newsletter
Податоците ги собираме и доколку на web страната на ВУРТсе пријавите за нашиот Newsletter.
|
Податокот кој се собира е e-mail. |
Податоците се собираат на основа на Вашата согласност. |
9. Информирање за измените на Општите услови за работење, Услови за користење на ВУРТкартичкаили Правилник за заштита на лични податоци.
Доколку имаме податоци за Вашиот e-mail, собрани заради реализирање на една од претходно наведените цели, можеме да Ви испратиме известување за измените на Општите услови на работењето, Условите за користење на ВУРТкартичкатаили Правилникот за заштита на личните податоци. |
Податок што се користи е -mail. |
Обработката е неопходна со цел остварување на легитимниот интерес на ВУРТ, но и на самите Купувачи, за да се обезбеди транспарентност во однос на Купувачите, и за Купувачите даможат да разгледаат дали измените ќе имаат влијание на нив. Доколку ги немаме Вашите податоци за наведената цел, нема да ве известиме директно за измените на овие акти, а известувањето за измените ќе може да го видите на web страната наВУРТ.1 |
Освен наведените податоци, поедини лични податоци собираме со помош на колчињата во согласност со Правилникот за користење на колачиња.
Сите претходно наведени податоци можат да се обработуваат со автоматизирано носење одлуки, вклучувајќи и профилирање. Профилирање е секој облик на автоматизирана обработка кое се користи за да се оцени одредено својство на личноста со користење на алгоритам.
Може да дојде до автоматско донесување на одлуки, кое вклучува и профилирање на основа на податоците кои веќе ни ги имате дадено. Доколку не се сложувате со одлуката, имате право да го изскажете својот став во врска со одлуката, како и право да ја оспорите одлуката со испраќање на барање на ___________, во согласност со чл. 26 од Законот за заштита на лични податоци.
6. КАДЕ И КАКО СЕ ЧУВААТ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Обезбедуваме максимална безбедност на Вашите податоци кои се обработуваат, првенствено кога податоците се разменуваат, откриваат и се пренесуваат. Имаме инкорпорирани правила и процедури за безбедност на информациите, во кои се дефинирани детални мерки и контроли кои ги преземаме заради заштита на личните податоци.
Спроведовме адекватни и соодветни технички и организациски мерки за да обезбедиме ниво на сигурност кој е сразмерен на ризикот.
Користиме повеќе-степен пристап кој подразбира лозинка за корисникот, управа, уред, систем и ниво на мрежа со цел на обезбедување на потполна сеопфатна заштита.
Пристапот на местото каде се архивирани личните податоци (и електронски и физички) е ограничен со функциите за контролирање на безбедност на пристап. Во обезбедените зони им е дозволен пристап само на лицата кои имаат овластување за пристап до податоците.Сите лични и доверливи информации во печатена форма се архивирани сигурно и безбедно. Нашите вработени кои имаат пристап до овие податоци се обучени и оспособени да го разберат значењето на личните податоци, како и да применуваат интерни процедури за нивна заштита, а кое е врзано со обврската за чување на доверливоста.
Сите парични трансакции кои ги вршите преку нашиот сајт ќе бидат извршени со помош на безбеден систем за плаќање. Доверливите податоци за плаќањето се пренесуваат директно во форма на енкрипција (SSL и/или TLS) до коресподентното тело.Енкрипцијата може да ја препознаете по тоа што во полето за web адреса на Вашиот пребарувач ќе се промени формата “http://” воформа “https://” и кога ќе се појави симболот катанец во полето за адреса. Кога е активирана SSL и/или TLS енкрипција, трети лица не можат да пристапат до податоците.
7. ДАЛИВУРТГИ СПОДЕЛУВА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ СО ТРЕТИ ЛИЦА?
На ВУРТзаштитата на Вашата приватност и е многу важна и заради тоа никогаш нема да ги делиме вашите лични податоци со трети лицаза цели кои не се опишани во овој Правилник за заштита на лични податоци.
Во случај на купување преку нашата е-продавница, Вашите лични податоци ги пренесуваме на трети лица само кога тоа е неопходно за исполнување на договорните обврски. На пример, им даваме неопходни податоци на компаниите кои вршат достава на порачаните производи, или на коресподентната банка преку која се врши плаќање. Никакви други податоци нема да се пренесуваат освен ако не ја дадете Вашата изречна согласност.
Покрај наведеното, можеме да ги дадеме Вашите лични податоци на нашите сигурни партнери надвор од ВУРТ, а кои ги одржуваатнашите IT системи или за маркетинг, финансиски или рекламни цели, заради обработка на плаќање, испорака или заради овозможување на нашето работење,на компанијата која врши испорака на пратките, заради навремена достава и можност за следење на пратката, како и на адвокатите кои ги водат постапките за наплата, при евентуален спор.Овие даватели на услуги се обврзани податоците кои им се доверени да ги користат исклучиво во согласност со нашите насоки и строго за целта која сме ја навеле. Исто така ги обврзуваме Вашите податоци соодветно да ги заштитат и да ги чуваат во тајност.
Во поедини случаи, Вашите податоци може да бидат изнесени надвор од Северна Македонија на серверите кои се наоѓаат во други држави. Серверите кои ги користиме го исполнуваат нивото на заштита кој го предвидува Општата регулатива на EU за заштита на лични податоци (GDPR), така што нивото на заштита на личните податоци (во најмала рака) е еднакво на нивото на заштита во рамките на Република Северна Македонија.
8. КОЛКУ ДОЛГО ВУРТ ГИ ЧУВА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?
ВУРТ, личните податоци, кои се собрани со цел за извршување на правата и обврските од деловните односи, ќе ги обработува се додека постои деловниот однос со субјектот на кој се однесуваат личните податоци, освен во случај кога ВУРТима обврска да ги чува и по завршување на деловната соработка со субјектот на кој се однесуваат податоците, врз основа на Законот, согласноста на субјектот на кој се однесуваат податоците или легитимен интерес (на пр. во случај на евентуален спор со Субјектот на кој се однесуваат податоците.)
Личните податоци кои се обработуваат исклучиво по основ на согласност на субјектот на кој се однесуваат, се обработуваат во согласност со целта за која се собрани, односно до повлекување на согласноста од страна на субјектот на кој се однесуваат податоците.
Податоците врзани за Корисниците наВУРТкартичката, се чуваат се до престанок на членство во програмата за лојалност.
Податоците врзани за Корисниците наВУРТкартичката кои се согласиле со информирање за поволностите на програмата за лојалност на ВУРТкартичката и /или образецот за следењена однесувањето, со изработка на персонализирани понуди и испраќање на персонализирани понуди и/или со контактирање заради спроведување анкети за потребите на работењето на ВУРТ, се чуваат до момент додека не ја повлечете Вашата согласност. Вашата согласност може да ја повлечете во секое време.
Податоците кои ни ги доставувате при пријавување на Newsletter, ги чуваме до Вашата одјава. Во секој момент може да се одјавите од Newsletter-отна следниот линк или во согласност со упатствата кои стигнуваат во секој меил во кој се испраќа Newsletter.
Доколку е поведена судска, управна или вонсудска постапка, личните податоци се чуваат до крајот на постапката.
ВУРТима посебно строги процедури предвидени за бришење на лични податоци, со кои се обезбедува почитување на Вашата приватност (сечење на документите во хартиена форма, процедура за отстранување на отпадот кој содржи доверливи информации, како и безбедно бришење на податоците во електронска форма).
Како субјект чии лични податоци се обработуваат имате законски загарантирани права во врска со своите податоци. Вашите права се следните:
9.1.
Права за пристап
Имате право да поднесете барање до ВУРТза информации за тоа дали ги обработуваме Вашите лични податоци, а доколку истите ги обработуваме имате право да добиете информации за следното:
Доколку податоците се обработуваат, во секое време имате право да побарате копија на поедини или на сите лични податоци.
Бараните информации се трудиме да ги дадеме во што е можно пократок рок, а најдоцна во рок од еден месец од денот на прием на барањето.Кога пронаоѓањето или прибирањето на информациите е особено сложено или оправдано бара повеќе време, овој период може да се продолжи за уште два месеца. Меѓутоа ова се однесува само за посебни околности и во тек на процесот уредно Ве известуваме за секое доцнење и за причините за доцнење.
Доколку не се сложуваме со барањето за прибирање податоци, ќе Ве известиме во рок од еден месец за причините за одбивање на барањето и за правото за поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци и правото за судска заштита.
Доколку Вашето барање е очигледно неосновано или прекумерно, а посебно ако се повторува почесто, ВУРТ може да наплати нужни административни трошоци за постапување по Вашето барање или да одбие да постапи по Вашето барање, во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
9.2. Право на исправка
Сите податоци кои ги обработуваме се прегледуваат и се верифицираат како точни, кога е тоа можно и редовно се ажурираат. Доколку сметате дека податоците не се точни или дошло до нивна промена имате право да барате од Друштвото да направи исправка на Вашите податоци.
9.3. Право на заборавање (бришење податоци)
Имате право да барате од ВУРТ бришење на Вашите лични податоци, освен во случај да постои законска обврска тие податоци да се чуваат или постои законски основ за одбивање на барањето за бришење на податоците (на пример, поднесување, остварување или одбрана на правно барање).
9.4. Право на ограничување на обработка
Имате право да ни го ограничите пристапот на Вашите податоци на нас и/или на трети страни на одредени процеси, или во целост, во одредени ситуации. Тоа право Ви стои на располагање во случај да ја оспорувате законитоста на обработката на личните податоци, точноста на податоците за време траење на рокот кој ни овозможува да ја провериме точноста, сметате дека веќе нам не ни се потребни податоците за обработка, или сте поднеле правен лек до надлежен орган, а за време на траење на постапката процена на претежниот легитимен интерес.9.5. Право за преносивост на податоци
Имате право да барате префрлување на податоците на друг контролор доколку обработката се заснова на Ваша согласност или се врши со автоматизирани средства. Водиме сметка сите лични податоци да бидат веднаш достапни и да се во структуиран, најчесто употребуван и машински читлив формат.
9.6. Право на приговор
Имате право да поднесете приговор на начинот на кој ракуваме со Вашите податоци, освен доколку обработката се заснова на легитимен интерес на ВУРТ. Покрај тоа имате право во кој било момент да упатите приговор на обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг, што вклучува профилирање до тој степен што е поврзано со таквиот директен маркетинг.
9.4. Право на отповикување на согласност
Доколку обработката на податоците се заснова на Вашата согласност, согласноста можете да ја повлечете во секое време.
Согласноста може да ја повлечете со испраќање на меил наeshop@wurth.com.mk________или испраќање на допис на адреса ул.„20“ бр. 39, с. Бразда, Чучер Сандево.
Повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработка на податоците на основа на дадената согласност,пред нејзиното повлекување.
9.5. Контакт за остварување права
За сите прашања, барања и информации во врска со обработката на Податоците и остварување заштита на правата во оваа област, Ве молиме да ни се обратите на:
Секој од овие канали за комуникација мора да им овозможи на нашите вработени Ваша идентификација во согласност со важечките процедури.
Во случај да сметате дека Вашите податоци се обработуваат незаконски може да поднесете приговор на , ул.„20“ бр. 39 с.Бразда, Чучер Сандево или на е-маил: ---------
Исто така доколку од било која причина не сме во можност да одговориме на Вашето барање, ние секогаш Ви даваме писмено образложение и Ве известуваме дека имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштите на личните податоци и право на судска заштита. .
10. СТАПУВАЊЕ НА СИЛА И ИЗМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ
Овој правилник стапува на сила на ден__________година.
ВУРТредовно ги ревидира и ажурира информациите за обработка на лични податоци во согласност со промените во сопствените работни процеси или на основа на обврската која произлегува од релевантен пропис. Важечката верзија на Правилникот секогаш ќе биде објавена на web страницата и истакната на јавно место во продажниот центар наВУРТ. Доколку дојде до значајни промени кои во поголема мерка влијаат на обработка на личните податоци, информацијата без одлагање ќе ја објавиме на Сајтот и Вас директно ќе ве информираме по пат на Вашата е-mail адреса, доколку располагаме со тој податок.