Апарати за заварување
Популарни артикли од категоријата Апарати за заварување
Апарат за Заварување MIG/MAG 300 LCD, 300 A
Наменет за сите конвенционални апликации, со најсовремена IGBT технологија за совршени резултати во MIG/MAG режим.
- Максимална струја: 300 A
- MIG/MAG, REL и LIFT TIG постапки на заварување
- Користи калем со жица од 15 kg, работа со дијаметар до 1,2 mm
- Двоен сет валјаци за водење (испорака со 0,8 и 1,0 mm)
Апарат за MIG заварување MIG 180-5S, 230V
MIG машината за заварување MIG 180-5 S е дигитално контролиран инвертер со најнова IGBT технологија и модуларен дизајн.
Овој уред е наменет за МИГ заварување на тенки челични и хромирани лимови со дебелина до 5 mm.
Апарат за REL заварување EWI 160 S
Апаратот за REL заварување EWI 160 S е дигитално контролиран инвертер со најнова IGBT технологија, која обезбедува непречена работа и при големи варијации на напонот.
Уредот има целосно нов дизајн на електрично коло кој овозможува стабилен лак и високи перформанси при REL заварувањето. Обезбедува можност за заварување во режимот LIFT TIG.
Апарат за TIG заварувањеTIG 200S PULSE
Апарат за пулсно TIG заварување со висока фреквенција кoj e дигитално контролиран инвертер со најнова IGBT технологија и високофрекфентен пулсен режим на работа.
Апарат за Заварување MIG 200 LCD, 240V
Апаратот за електролачно (MIG) заварување MIG 200 LCD е дигитално контролиран инвертер со најнова IGBT технологија и LCD екран. Апаратот за заварување MIG 200 LCD има можности за заварување во режим MIG, REL и LIFT/TIG, со дополнителна опција за точкасто заварување со тајмер. Благодарение на LCD дисплејот, корисникот може да го избере саканиот режим на работа и параметрите за заварување.
Врз основа на изборот:
Тип и дебелина на материјалот
- Дебелина на жицата/електродата
Тип на заштитен гас (кај MIG/MAG)
Самиот апарат ги дефинира идеалните параметри за заварување, кои можат да бидат дополнително прилагодени. Покрај тоа, овој апарат се карактеризира со синергичен режим на работа (во режим MIG/MAG - прилагодување на амперажата наместо прилагодување на волтажата/брзината на жицата) како и индукциско прилагодување на пет степени (со што се елиминира можноста за прскање за време на заварувањето). За режимот на работа REL се достапни поставките HOT START / ARC FORCE и VRD. Стандарден дел од испораката претставува и ЕВРО ПРИКЛУЧОКОТ со горилник Abicor Binzel MB 25AK. Уредот користи монофазен осигурувач од 20А. Должината на кабелот за маса и електродата е 3 метри и користи макара за жица D200 со тежина од 5 kg,
Апарат за заварување MIG 500SYN
Апаратот за заварување MIG 5SYN е дигитално контролиран синергетски инвертер со најнова технологија IGBT.
Апарат за Заварување MIG/MAG 250S LCD, 380V
Целосната опрема за заварување поддржува MIG/TIG/MMA заварување. За сите конвенционални апликации, со најсовремена IGBT технологија за совршен MIG/MAG резултат.
Апарат за Заварување Инвертер MIG/MAG 350 SYN,400V
Апаратот за заварување MIG 350 SYN е дигитално контролиран синергетски инвертер со најнова технологија IGBT.
Апарат за Заварување Инвертер REL, EWI 200S, 230V
Апаратот за заварување REL EWI 200 S е дигитално контролиран инвертер со најнова IGBT технологија што обезбедува непречено работење дури и при големи варијации на напонот.
Уредот има целосно нов дизајн на електрично коло кој овозможува стабилен лак и високи перформанси при REL заварувањето.Обезбедува можност за заварување во режимот LIFT TIG.
Се карактеризира со Anti-Stick кој спречува лепење на електродите на работното парче со автоматско намалување на струјата, Hot-Start кој обезбедува сигурно палење на електродите, како и Arc-Force што ја олеснува работата со тешко топливи електроди.
Максималната струја на заварување со овој уред е 200 А.
Уредот има подобрен систем за ладење, нов дизајн на куќиштето со засилени потпори и поцврста рамка.
Апарат за Заварување Инвертер TIG 200 LCD AC/DC
AC/DC TIG инвертер со дигитални контроли има современо и едноставно LCD интерфејс за брзо поставување преку однапред зададени параметри и избор на меморија.
Апарат за плазма сечење POWERCUT 70S
Напредна инвертерска IGBT технологија која овозможува сигурно и ефикасно плазма сечење со заштеда на енергија. Прецизно исечени рабови за сите дебелини до 16 mm без оштетување на работниот предмет.