Your cart is empty
Апаратот за заварување MIG 350 SYN е дигитално контролиран синергетски инвертер со најнова технологија IGBT.
Синергетскиот режим овозможува добивање на предефинирани параметри на заварување на основа на пречникот на жицата ибараната ампеража за гасот кој го користиме.
Има можност за заварување на конструкциски челик, прохром и алуминиум со дебелина преку 2 мм. Апаратот има синергетски режим на работа во кој корисникот со внесување на саканата вредност на ампеража добива предефинирани вредности на напон, брзина на жица и гас со кој работи.
Со корегирање на параметрите (по потреба) се овозможува попрецизна работа. Одвоената единица за довод на жица дава поголема мобилност во работата, а со апаратот е поврзана со кабел со должина од 5 метри.
Најновата IGBT технологија му овозможува непречена работа и при големи варијации во напонот. Класата на изолација F му овозможува да работи со електрични компоненти до 155 степени.