DOS анаеробни лепила

Популарни артикли од категоријата DOS анаеробни лепила

Load
Види како Табела Листа
Подреди по
Филтер

Средство за осигурување завртки висока цвртина

Средство за осигурување на завртки со висока цврстина претставува осигурувач и навојна маса која тешко се разделува. Се користи за осигурување, зацврстување и заптивање на завртки, навртки, навојни вметоци, навојни чепови кои не треба да се разделуваат. Погоден е за навојни споеви кои се изложени на големо оптоварување, го спречуваат разделувањето предизвикано од вибрации или ударно оптоварување. Има одлична хемиска и топлотна стабилност и може да се раздвои само со помош на специјален ударен алат или на температура повисока од 300 степени.Ова универзално средство има големо подрачје на примена.

2 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

Лепак за осигурување завртки, средна цврстина, 25 gr.

0893243025

Средство за осигурување на завртки со средна цврстина претставува осигурувач и заптивна маса на навојниот спој, а со помош на обичен алат може повторно да се демонтира. Средството за осигурување на завртките има повеќе предности. Може да се употребува на неисчистени и предходно не подготвени површини, на нерѓосувачки челик, хемиски стабилни површини каде што не се потребни "катализатори" или "активатори".Со употребата на овој спреј се спречува раздвојувањето предизвикано од вибрации и ударно оптеретување, со што се избегнуваат несаканите проблеми со осигурувањето.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за осигурување на лагери, висока цврстина

Средство за осигурување лежишта со висока цврстина

  • за извондредно јаки зацврстувања на ракавци, чаури, запченици, клинови, склопови на вратила, слоеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања.
  • Спречува корозија и запекување на лагерите.
  • Демонтажа на лагерите е можна со помош на специјални алати - радапцигери 
2 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за осигурување лежишта на покачена температура

Средство за осигурување на лежишта со висока цврстина се користи за силно зацврстување на ракавци, чаури, запчаници, споеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања и температура.Ова средство е отпорно на температури од -55 до +200 степени.Средството за осигурување на лежишта спречува настанување на корозија, оштетувања на контактните површини кои ги осигуруваме и пополнува зазори од 0.2mm.

2 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за заптивање на цевки со PTFE, 50g

0893511050

Заптивно средство за цевки со мала цврстина со PTFE, служи за заптивање на сите метални цевни споеви и арматури со конусен или цилиндричен навој. Затегнатите споеви може да се оптоварат до 5 бари, додека оптоварувањето после завршното стврднување е до пукање на цевката. Ова средство неутрално се однесува во споредба со поголемиот број индустриски течности и гасови, отпорно е на хемикалии. Овозможува сигурна и брза монтажа, има бела боја и не е погодно за навои кои содржат бакар.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за заптивање на површински спојки, 50g

0893518050

Црвената површинска заптивна маса се користи за хоризонтални и вертикални површини на различни материјали. Многу е вискозна и пополнува процепи до 0.5mm. Оваа заптивна маса надоместува процепи настанати кај метали до температура од 120 степени, а исто така може да се применува кај заптивање на алуминиумски прирабнички споеви. Масата брзо се зацврснува што доведува до пократко време на застој во работата, а дава и можност за проверка на заптивањето со изложување на мал пробен притисок без чекање да се зацврсти масата.

Барањето за достапност е успешно испратено.

DOS анаеробни лепила

Close
Filter by Clear All
Неодамна Видени Производи