Заштита од корозија
Популарни артикли од категоријата Заштита од корозија
Rost off plus, одвртувач во спреј, 400ml
Висококвалитетен растворувач на корозија и подмачкувач - благодарение на најновата технологија за адитиви (технологија OMC 2), која овозможува високо капиларно дејство.
Оптималните својства на капиларноста обезбедуваат извонредна пенетрација и високо растворање на корозијата.
GRUNDFARBE Zinc Phosphate брзосуш.боја, сива, 30kg
GRUNDFARBE претставува основна, антикорозивна боја која брзо се суши. Ова средство се користи за заштита на конструкции од јаглероден челик каде што е потребно брзо сушење. Средството се нанесува на суви, одмастени и чисти површини. Се суши со оксидација на воздух и има сива боја.
Rost Off Easy 300ml, отстранувач на ‘рѓа
ROST OFF EASY е отстранувач на ‘рѓа, без силикон, со растворувачки ефект кој обезбедува заштита на металните површини со својата лубрикантна формула, држејќи ја водата и влагата подалеку од површината.
Својства
- Лесно се нанесува и добро продира благодарение на својата ефикасна формула.
- Ги олабавува зарѓаните делови и создава тенок заштитен филм меѓу површините.
- Го намалува триењето. Елиминира звуци и корозија предизвикана од триење.
- Ја отстранува водата и ги штити површините од влага.
- Ги штити металните површини и деловите од корозија.
- Не создава слој на нечистотија на нанесената површина благодарение на својата формула без силикон.
Rost off Special
Отстранувач на корозија со високи перформанси со сертификат за употреба во прехрамбена индустрија (NSF - H1)
Содржина: 400 мл
Контејнер: Аеросолна конзерва
Минимални температурни услови: -5 °C
Максимални температурни услови: 55 °C
Без силикон
Рок на употреба од производство: 24 Месеци
Без AOX
Без смола
Без киселина
Боја во спреј,основна, 400ml
Акрилна боја во спреј , одлично прилега и ги прекрива површините на кои се нанесува. Наменета е за надворешна и внатрешна употреба, едноставно и брзо се нанесува со минимална загуба на материјал. Бојата брзо се суши оставајќи мазен и долготраен завршен слој. Оваа боја се применува за изработка на завршниот слој на дрво, челик, железо, алуминиумски легури , галванизиран челик, стакло, керамика ,ABS пластика, а истотака се користи и за декорација, поправки на изгледот и заштита на оштетените површини.
Rost Off Ice Plus, 400ml, отстранувач на ‘рѓа
Висококвалитетно средство за разградување на корозија во споеви со навој со „crackeffect“, односно нагло ладење на телото на завртката за - 60°C. Активната супстанца има силно капиларно дејство и брзо продира низ пукнатините во кородираниот спој.
- Мултифункционален вентил - овозможува прецизна примена на содржината дури и на тешко достапни места
- Не содржи смола или киселини
- Не содржи силикон
- Не оштетува гума, боја, лакот и заптивките
Спреј за заштита на метални површини Perfect, 400ml
PERFECT спрејот се користи за заштита на метални површини давајќи им оптимален изглед. Со нанесување на првиот слој од овој спреј, се создава висока отпорност на атмосферски влијанија, што воедно е минималното време кое е потребно за заштита на површините. Благодарение на прилагодливата дизна, овој спреј има широка можност за употреба од големи површини до минимални поправки. Исклучително се прилепува на површините и отпорен е на гребење. Со вртење на капачето на спрејот, може да се подеси ширината на прскање на спрејот (од најтесно до најшироко). PERFECT спрејот пружа активна, оптимална и катодна заштита од корозија според DIN 50021 SS стандардот.
Конвертор на корозија, 1 l
Конверторот на корозија директно продира во `рѓата и тоа низ површини кои пред тоа се исчистени од груби наслаги од `рѓа. Ова средство го претвора железо оксид во стабилен органски слој на темни и мазни површини. Дополнително изолира и не е штетен за околината. Може да се мачка, распрскува или нанесува со валјак, а после три часа од нанесувањето може да се премачка со вообичаени бои или да се прелакира. Конверторот на `рѓа има кремаста боја.
Цинк 300 паста, 500ml
Спреј за заштита од корозија, 300ml
Спрејот за заштита од корозија е специјална безбојна течност со голема капиларност со добро прилепување. Ги штити тешко достапните места, го запира ширењето на корозијата и има повеќекратна примена поради многу добрата подносливост со материјалите на најразлични подлоги. Овој спреј, со извонредна отпорност на солена вода според DIN5002N стандардот, претставува најдобра заштита во најлоши услови. Гребнатините, ударите од камен и слично самостојно се затвораат, а третираните површини повеќе не може да се оштетат од течност. Примената на овој спреј е за конзервирање на алат, машини, моторни возила, погоден е за тешко достапни места во моторниот дел и претставува најдобра заштита за моторцикли и велосипеди кои имаат долг период на мирување.
Заштита за подвозје на возила, црно, 1000ml.
Создава заштитен слој на гумена основа, над кој може да се нанесе слој боја и спрејот во себе содржи растворувачи.
Спреј за заштита на метални површини Basic
Светлиот цинк спреј BASIC пружа долготрајна заштита на завари и челични површини. Ова средство се користи и за заштита на метални површини од корозија, оптичко подобрување на површините, брзо се суши и после сушењето слојот е отпорен на дожд, масло и маснотии.
ZINC SPRAY LIGHT METALL 400ml
Новиот ZINC SPRAY LIGHT - е метал спреј со технологија на метални пигменти:
- со 99,995 % чистота на цинк, (Zinc Flake)
- 40 µm покривност во еден слој
- 200 часа отпорност – тест на солена магла
- + 240 °C температурна отпорност
Multi, масло во спреј за одржување, 400 ml
Универзалното масло за одржување се користи за 5 различни области на примена. Отстранува `рѓа и корозија со своето брзо продирање, подмачкува и спречува крцкање и шкрипење, намалувајќи го триењето и оптоварувањето во подвижните споеви кои се подмачкуваат. Ова средство ефикасно продира во нечистотиите, остатоците од масти и масла за подмачкување, ја отфрла водата и влагата и пружа добра електро-проводливост на електро-контактите. Не содржи смоли, киселини, силикон и не оштетува гума, боја и пластика.
Цинк спреј светол, 400 ml
Светлиот цинк спреј обезбедува долготрајна заштита, репарација на металните површини и дава многу добра антикорозивна заштита, како и оптичко подобрување, репарација и заштита на металните површини од корозија. Многу добро се прилепува директно на метал и има добри особини при точкасто заварување. Металот е активно заштитен дури и кај помали оштетувања. Светлиот цинк спреј задоволува повеќе од 100 часови прскање со солена вода според (DIN50021 SS) стандардот.