Хартии и крпи за бришење
Популарни артикли од категоријата Хартии и крпи за бришење
Хартија во ролна, сина, 2-слојна
Хартијата за чистење е погодна за чистење површини во низа сектори (автомобилска индустрија, металопреработувачка, прехранбена индустрија).
Нечистотијата како масло и маснотии може да се отстранат со хартијата за чистење.
Поради високата јачина на ткаенината, може да се користи и за чистење на груби материјали од површини, на пример, струготини и рабови.
Хартија за бришење, 100% Cel, Бела 26x23cm 800л
- Многу добро впива течности
- Отпорна на кинење при бришење
- Не остава „влакна“
- Погодна за бришење и сушење на површини, бришење на масло и маснотии, за бришење на раце и делови од телото
Softex крпа во ролна
Белата еднослојна SOFTEX крпа во ролна е супермека текстилна крпа без силикон, влакненца, со одлична моќ на впивање. Сигурна е за употреба во прехрамбената индустрија и отпорна е на растворувачи. Исклучително е отпорна на кинење дури и кога е влажна, може да се пере, цеди и повторно да се употребува. Исто така, може да се користи и како крпа за полирање.
Softex крпа
Микрофибер Pearl крпа-Profesional, 40x40, 3 ком
Висококвалитетна микрофибер крпа, совршена за професионално полирање и отстранување на дамки без оставање траги. Овозможува длабинско чистење, без гребнатини и прашина.
- Крпа со густа структура на влакна за висок сјај при чистење, полирање и отстранување на прашина.
- Висок ефект на чистење без употреба на хемикалии.
- Отпорна на кинење и истегнување.
- По бришењето НЕ остава траги
Микроактивна крпа за чистење стакла
Едната страна за чистење, другата страна за полирање
Материјал: 70% полиестер, 30% полиамид
Должина x ширина: 40 x 40 cm
Боја: Сина
Сила на кинење: 120 N
Микроактивна крпа за чистење стакла
3D PVA крпа за бришење, 43x32cm
Оваа уникатна крпа со 3D структура лесно впива и задржува вода, овозможувајќи брзо и ефикасно бришење без ленти. Идеална е за сушење на возилото по миење.
- 3D PVA крпата овозможува брзо чистење, не ја оштетува површината и не остава траги од вода и прашина.
- Брзо се суши по миењето, спречувајќи развој на бактерии.
- Отпорна на кинење и истегнување.
Високовпивачка крпа за бришење, жолта, 43x32cm
Крпа која се одликува со извонредна впивливост, што ја прави одлична за сушење и завршно бришење. Брзо ги впива водените капки и не остава дамки, со што обезбедува сјаен финиш.
- Висококвалитетна синтетичка кожа отпорна на триење и течност за чистење.
- Брза апсорпција.
- Разни примени: површина во возила, емајл, мебел и слично.
Специјална крпа за прашина, импрегнирана
Специјалната крпа за прашина е импрегнирана крпа дизајнирана за ефикасно собирање и врзување на прашина и суви нечистотии од различни површини, како што се дрво, метал и пластика. Изработена е од висококвалитетна газа, која овозможува прашината да навлезе во внатрешните слоеви, обезбедувајќи дополнителна сигурност и максимална способност за задржување на прашината. Оваа крпа е особено погодна за сите боеџиски и чистечки задачи.
Микро апсорбер, 10 kg
Микро апсорбер (Micro Absorber) е производ кој се карактеризира со високоефикасни гранули со брзо дејство, за впивање на масла, агресивни и какви било други течности вклучително киселини, бази и водни раствори. Поседува висок степен на апсорпција и брзо реагира. Капиларните својства на гранулите обезбедуваат ефикасно впивање и чување на собраното масло. Микро апсорберот може да се употребува во отворен и во затворен простор. Со својата едноставна примена, гранулите остануваат цврсти и после апсорбцијата што овозможува лесно чистење со четка. Благодарение на својата оптимална тежина, остануваат на местото каде што се нанесени. Произведува малку прашина. Нема опасност од лизгање на возилата или обувките.