producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
SL контакт спрејот помага кај проблеми при стартување, отстранување, спречување пречки и дефекти на електрични уреди предизвикани од влага. Овој спреј е провиден заштитен лак кој служи за изолирање жици и електро-приклучоци. Заштитува од кратки споеви и високонапонски и нисконапонски електрични кола. Има можност за отстранување на помали оштетувањан а изолацијата кај мотори и трансформатори. Исто така ги штити каблите на акумулаторите од корозија и влага. Има моќ за прилепување на метали како што се бакар, месинг, челик, алуминиум, хром, како и на површини од кожа, дрво или картон.
Барањето за достапност е успешно испратено.
Својства и начин на делување:
Создава мазен и флексибилен електроизолационен слој кој ги штити контактите и електричните компоненти од кратки споеви. Штити од продирање вода, разблажени киселини и базни соединенија. Спречува кратки споеви кај високонапонски и нисконапонски уреди. Одлично прилепува на метали како што се бакар, месинг, челик, хром и алуминиум, како и на пластика, кожа, дрво и картон.
Упатство за употреба:
1. Местото кое се третира треба да биде одмастено и суво. Евентуалната нечистотија отсранете ја со Контакт SW, арт. бр. 089365.
2. Пред употреба протресете ја боцата.
3. Рамномерно испрскајте ја површината која се заштитува на оддалеченост од 25 cm.
4. Оставете да се исуши.
5. По употреба, превтрете ја боцата наопаку и прскајте се додека вентилот не се испразни.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се прска на исталации кои се под напон. Во случај на осетливи пластики кои пукаат под напон (на пр. поликарбонат и полистирен), претходно да се тестира компатибилноста на спрејот. Боцaта е под притисок, да се чува подалеку од директно сончево зрачење и да не се изложува на температура поголема од +50°C. Да се чува на температура од +15°C до +25°C.