Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Силикон специјал црн 300, 280ml
Температурно отпорен технички силикон – идеален за моторни склопови и тешки индустриски апликации.
Трајно еластична, самовулканизирачка заптивна маса, отпорна на хемикалии
Температурна отпорност: од -40°C до +250°C (краткорочно до +300°C)
Отпорна на долготрајни вибрации – не пука, не се лупи
Одлично прилегање – не формира „конци“
Спреј за заштита на метални површини Perfect, 400ml
PERFECT спрејот се користи за заштита на метални површини давајќи им оптимален изглед. Со нанесување на првиот слој од овој спреј, се создава висока отпорност на атмосферски влијанија, што воедно е минималното време кое е потребно за заштита на површините. Благодарение на прилагодливата дизна, овој спреј има широка можност за употреба од големи површини до минимални поправки. Исклучително се прилепува на површините и отпорен е на гребење. Со вртење на капачето на спрејот, може да се подеси ширината на прскање на спрејот (од најтесно до најшироко). PERFECT спрејот пружа активна, оптимална и катодна заштита од корозија според DIN 50021 SS стандардот.
CU 800 - маст за подмачкување,1 kg
CU 800 e бакарно средство отпорно на висока температура кое служи за подмачкување и заштита од корозија, зарибување, ладно заварување и абење. Ова средство е отпорно на вода, бази, киселини, и има температурна отпорност во опсег од -20 степени до +1200 степени.Многу добро прилега на површините кои се подмачкуваат, како што се кочници, монтажни делови, полови на акумулатор, лежишта, лизгачки површини.
MULTI PLUS универзално средство за одржување, 400 ml
Универзално, синтетичко повеќенаменско средство со високи перформанси со извонредни својства за подмачкување .
Леплив подмачкувач HHS ® 2000 PLUS, 400ml
Карактеристики:
- Универзално, синтетичко масло за подмачкување со високи перформанси и екстремна отпорност на адхезија и притисок, благодарение на додавањето на бор нитрид.
- Сигурна заштита од абење
- Идеално погоден за прехранбената индустрија.
- За професионална употреба кај апликации со висок притисок, под високи центрифугални сили или над глава, како што се жичени кабли (сајли), завртки, спојници, шарки, лизгачки шини, запчаници и отворени запчаници.
- Температурно отпорен од -40оC до +1000оC
Softex крпа во ролна
Белата еднослојна SOFTEX крпа во ролна е супермека текстилна крпа без силикон, влакненца, со одлична моќ на впивање. Сигурна е за употреба во прехрамбената индустрија и отпорна е на растворувачи. Исклучително е отпорна на кинење дури и кога е влажна, може да се пере, цеди и повторно да се употребува. Исто така, може да се користи и како крпа за полирање.
Пена за детекција на истек. на гас ПЛУС, 400ml
Пена за откривање на протекување за безбедно и брзо идентификување на незадихтувани области и микро-протекувања.
Област на примена
Погодно за сите технички и медицински гасови во опрема за компримиран воздух, опрема за компримиран гас, клима уреди, компресори, уреди за заварување, системи за воздушно сопирање, гуми, црева и транспортни резервоари. За гасови под притисок како што се азот, пропан, бутан, градски гас, ацетилен, јаглерод диоксид, аргон, воздух итн.
Инструкции
Прскајте ги деловите под притисок од растојание од приближно 40 см. Секое истекување се покажува со формирање меурчиња од пена. Доколку се сомневате на микро-истекување, набљудувајте ја испрсканата површина некое време. Потоа исплакнете ги деловите со вода.
Микро апсорбер, 10 kg
Микро апсорбер (Micro Absorber) е производ кој се карактеризира со високоефикасни гранули со брзо дејство, за впивање на масла, агресивни и какви било други течности вклучително киселини, бази и водни раствори. Поседува висок степен на апсорпција и брзо реагира. Капиларните својства на гранулите обезбедуваат ефикасно впивање и чување на собраното масло. Микро апсорберот може да се употребува во отворен и во затворен простор. Со својата едноставна примена, гранулите остануваат цврсти и после апсорбцијата што овозможува лесно чистење со четка. Благодарение на својата оптимална тежина, остануваат на местото каде што се нанесени. Произведува малку прашина. Нема опасност од лизгање на возилата или обувките.
FSK лепак за ПВЦ
Наменет за ладно заварување на ПВЦ при производство на ПВЦ столарија, како и за лепење на други профили од ПВЦ, за поврзување на ПВЦ цевки (со исклучок на оние кои се за течност под притисок).
CU 800 паста - маст за подмачкување, 100g
CU 800 e бакарно средство отпорно на висока температура кое служи за подмачкување и заштита од корозија, зарибување, ладно заварување и абење. Ова средство е отпорно на вода, бази, киселини, и има температурна отпорност во опсег од -20 степени до +1200 степени.Многу добро прилега на површините кои се подмачкуваат, како што се кочници, монтажни делови, полови на акумулатор, лежишта, лизгачки површини.
Повеќенаменска графитна маст II EP, 400 gr.
Графитна маст отпорна на висок притисок, сапонирана со литиум, со EP адитиви
Добар ефект на запечатување и антикорозивна
Многу добро одбива прашина, нечистотија и вода
Емулзионо масло Standard полусинтетичко 20 кг.
Висококвалитетно полусинтетичко масло за ладење за лесна и средно тешка обработка на челик, леано железо и алуминиум.
Универзално применливо на стругови, брусилки и CNC машини во области со мала тврдост на водата.
Спреј боца прскалка под притисок 1L, празна
Овој производ е висококвалитетен пиштол за прскање, дизајниран за прецизно нанесување на различни течности, како што се масла, средства за чистење и други хемикалии. Изработен е од издржливи материјали, обезбедувајќи долготрајна употреба и отпорност на корозија. Ергономскиот дизајн овозможува удобно ракување, а прилагодливата млазница дозволува контрола на протокот и ширината на прскањето, што го прави идеален за професионална употреба во автомобилската индустрија, работилници и други апликации каде што е потребно прецизно нанесување на течности
Пиштол за пур пена ECO метален, црвен
Професионален метален пиштол за нанесување на пиштолска пур пена.
Средство за заптивање на цевки со PTFE, 50g
Заптивно средство за цевки со мала цврстина со PTFE, служи за заптивање на сите метални цевни споеви и арматури со конусен или цилиндричен навој. Затегнатите споеви може да се оптоварат до 5 бари, додека оптоварувањето после завршното стврднување е до пукање на цевката. Ова средство неутрално се однесува во споредба со поголемиот број индустриски течности и гасови, отпорно е на хемикалии. Овозможува сигурна и брза монтажа, има бела боја и не е погодно за навои кои содржат бакар.
Повеќенаменска маст Highly-adhesive III EP, 400 g
Синтетичката висококвалитетна бела маст за подмачкување штити од појава на нечистотии, вода, прашини и корозија. Спречува појава на ладно заварување и има добри својства на заптивање. Отпорна е на голем притисок благодарение на EP адитивот кој го поседува. Не содржи силикон, смоли и киселини.
MULTICLEAN, 400ml
MULTICLEAN е средство за чистење и привремено подмачкување во физиолошки и еколошки чувствителни зони. Може да се користи во простории каде што се произведуваат или складираат прехрамбени производи. Ова средство пружа работа без опасност со одлично својство за чистење, одмастување и отстранување на масло, смоласти наслаги и остатоци од силикон. Поседува добра компатибилност со различни материјали и не содржи штетни материјали како што се F+, F, N, Xi, ацетон, силикон и AOX.
Softex крпа
Лепак за дрво D3 12kg
Лепак за дрво погоден за внатрешна и надворешна употреба
Висока отпорност на вода и топлина
Едноставен систем за сипување
Со одвртување на изливот за лепило, содржината на контејнерот може чисто и лесно да се истури.
Нема видливи траги на споевите за при лепење.