producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Синтетичката висококвалитетна бела маст за подмачкување штити од појава на нечистотии, вода, прашини и корозија. Спречува појава на ладно заварување и има добри својства на заптивање. Отпорна е на голем притисок благодарение на EP адитивот кој го поседува. Не содржи силикон, смоли и киселини.
Барањето за достапност е успешно испратено.
Својства и начин на делување:
Леплива. Овозможува добро подмачкување во текот на работата и отпорна на оксидација. Го продолжува работниот век на пополнувачите со кои доаѓа во контакт. Заштитува од навлегување на вода и прашина. Не содржи смоли, киселини и силикон. NSF H1-регистрација Н1 (бр. 135924), одговара на барањата на USDA 1998 Н1.
Употреба: За долготрајно подмачкување и нега на машини, лежишта, при константно влажни услови и на осетливи места во индустријата за храна , фармација и хартија како и во печатници.
Сапонификатор: Неоргански
Боја: Проѕирна
NLGI kласа (DIN 51818): 2
Температура на употреба :-20С до+150 С
VKA Носивост (DIN 51350): 1800 N
Упатство за употреба:
1.Да се нанесе со четка или лопатка на чиста површина. Препорачуваме употреба на Wurth монтажни чистачи
2.Придржувајте се на препораките на производителот за подмачкување на лежишта(нпр. Количество маст, честота на подмачкување и др.)
3.Да се избегнува употреба на поголеми количини маст.
Напомена: Маста се испорачува во пластични декаламит пакувања. Ваквото пакување овозможува безбедно чување (спречува протекување на повисока температура). Декаламит пакувањето да се чува во исправена положба, на ладно и суво место. Маста да се употребува по препораките на производителот на уредот, агрегатот или возилото.
MULTICLEAN е средство за чистење и привремено подмачкување во физиолошки и еколошки чувствителни зони. Може да се користи во простории каде што се произведуваат или складираат прехрамбени производи. Ова средство пружа работа без опасност со одлично својство за чистење, одмастување и отстранување на масло, смоласти наслаги и остатоци од силикон. Поседува добра компатибилност со различни материјали и не содржи штетни материјали како што се F+, F, N, Xi, ацетон, силикон и AOX.
Посебно формулиран за тешко чистење и одмастување на поголем дел од површините на сопирачки, спојки, карбуратори и други делови од моторот, лесно и темелно.