producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Силиконскиот спреј долготрајно ги штити и изолира пластичните, гумените и металните делови во внатрешните и на надворешните делови од возилото, делува антистатички и ги штити електричните контакти од влага. Со употреба на ова средство, пластичните делови добиваат сјај и еластичност, не се лепат и не замрзнуваат. Исто така се користи и за подмачкување на водилки и седишта, подвижни кровови, механизми на сигурносни појаси, неоставајќи дамки зад себе.
Својства и начин на делување:
Заштита на гумени, пластични и метални, внатрешни и надворешни, компоненти кај возила и машини. Со импрегнирање, компонентите стануваат отпорни на смрзнување, продирање влага и стареење. Поради подмачкувачкото својство, спречува шкрипење кај внатрешните делови и облоги, а подвижните делови стануваат лесно подвижни. Погодно е и за заштита од вода на електрични контакти и како помош при монтажа и провлекување на кабли. Не создава флеки. Делува антистатичко. Може да се користи за импрегнација на подвижни кровови кај кабриолет возила
Упатство за употреба:
1. Исчистете ја површината што се третира.
2. Испрскајте ја површината рамномерно.
3. Втријте го испрсканото средството со мека крпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не е погодно за подмачкување на метал/метал конструкции. Боцата е под притисок. Да се заштити од директна сончева светлина и да не се изложува на температура повисока од +50°C.
Спреј боца со капацитет од 1000 ml, овозможува прскање под агол од 360 степени, што значи дека може да се користи и во вертикална и во обратна положба. Оваа функционалност ја прави идеална за нанесување на течности во тешко достапни места. Изработена е од висококвалитетни материјали, обезбедувајќи долготрајна употреба и отпорност на хемикалии. Погодна е за различни апликации, вклучувајќи чистење, дезинфекција и подмачкување.
Висококвалитетна микрофибер крпа, совршена за професионално полирање и отстранување на дамки без оставање траги. Овозможува длабинско чистење, без гребнатини и прашина.