Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Силикон fluid, 400 ml
SILIKON FLUID е синтетички и физиолошки безбеден повеќенаменски спреј за универзална употреба, а може да се користи и во простори каде што се произведуваат или складираат прехрамбени производи. Спречува зарибување, шкрипење и појава на отпор во споевите кои се третираат со ова средство. Овој производ е безбеден за здравјето на луѓето, нема боја и може да се користи н различни места. Ја отфрла влагата и ги штити гумените делови од замрзнување.
Дозер пумпа и ѕиден држач за паста за раце
Дозер под притисок со ѕиден држач за паста за чистење раце
Практична пумпа за издавање
Пумпата под притисок го транспортира средството за чистење на рацете веднаш штом ќе се притисне пумпата
Дејството со една пумпа дава прецизна количина (6 cm³)
Вкупна висина: 40 см
Rost Off Ice Plus, 400ml, отстранувач на ‘рѓа
Висококвалитетно средство за разградување на корозија во споеви со навој со „crackeffect“, односно нагло ладење на телото на завртката за - 60°C. Активната супстанца има силно капиларно дејство и брзо продира низ пукнатините во кородираниот спој.
- Мултифункционален вентил - овозможува прецизна примена на содржината дури и на тешко достапни места
- Не содржи смола или киселини
- Не содржи силикон
- Не оштетува гума, боја, лакот и заптивките
HHS 500, синтетички подмачкувач во спреј OMC2, 500ml
HSS 500 е полутечна маст во спреј отпорна на високи температури со OMC2 технологија. Ова средство е отпорно на центрифугални сили и обезбедува исклучителна заштита од атмосферски влијанија и прашини. Благодарение на EP адитивот, исклучително е постојана на притисок и пружа неверојатна амортизација на вибрација и звук. Ја намалува температурата на триење и може да се користи во температурен опсег од -25 степени до +150 степени.
Lithium 2 Special
Повеќенаменска маст.
Се користи за индустриски машини, комерцијални возила, градежни машини,
за подмачкување на лизгачки и тркалачки лежишта.
HS 1800 Полусинтетичко масло за подмачкување
Полусинтетичкото масло за подмачкување HS 1800 е повеќенаменско масло со одлични својства за прилепување. Благодарение на своето лепливо својство, идеално е за вертикални површини и површини изложени на зголемен притисок. Има отпорност на вода и солена вода, штити од оксидација и абење и погодно е за подмачкување на склопови во индустријата, автомобилската индустрија и сегментот на прецизна механика.
Повеќенаменска маст за подмачкување IV, 400ml
HHS 200, 400ml
CU 800 спреј - подмачкувач 300 ml
CU 800 e бакарно средство отпорно на висока температура кое служи за подмачкување и заштита од корозија, зарибување, ладно заварување и абење. Ова средство е отпорно на вода, бази, киселини, и има температурна отпорност во опсег од -20 степени до +1200 степени.Многу добро прилега на површините кои се подмачкуваат, како што се кочници, монтажни делови, полови на акумулатор, лежишта, лизгачки површини.
HHS 100 - Сув подмачкувач 400ml
Сувото средство за подмачкување HSS 100 на база на восок е отпорно на центрифугални сили, не паѓа кај брзоротирачките делови, незначително се прилепува на нечистотиите и штити од корозија. Ова средство обезбедува добро подмачкување во критични услови, тешко пристапни делови и продира во сите најтесни меѓупростори. Не ги оштетува повеќето пластични материјали и неутрално делува на лакирани подлоги. Ова средство е постојано на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Транспарентно е и не содржи силикон, смола и киселини.
WLG 120, Универзална литиумска маст
Повеќенаменска - универзална литиумска маст.
Примена:
- За индустриски машини, комерцијални возила, градежни машини,
- Опрема која работи под нормално оптоварување,
- За подмачкување на лизгачки и тркалачки лежишта,
Температура на нанесување: -30°C до +120°C
Леплив подмачкувач HHS ® 6000 PLUS, 400ml
Карактеристики:
- Универзално, синтетичко масло со високи перформанси со извонредни својства за подмачкување благодарение на додавањето на бор нитрид.
- Ако подмачкувањето на маслото се прекине на повисоки температури (над 180°C), борниот нитрид го презема подмачкувањето до 1000°C (суво подмачкување).
- Подмачкувачот не е штетен по здравјето, што го прави идеално погоден за прехранбената индустрија.
- За професионална употреба кај најмали толеранции, прецизни делови или дури и со високи температурни оптоварувања, како што се лежишта, синџири, спојници, пружини, лизгачки шини или жичени кабли (сајли).
- Температурно отпорен од -40оC до +1000оC
Течен метал, 2K, 25 ml
Power Gel индустриски течен сапун 1000ml
WÜRTH Handreiniger Power Gel – професионален гел за миење раце со извонредна моќ на чистење, создаден за најтешките работни услови и силни индустриски нечистотии.
Лепило и дихт маса, стакло-проѕирно MS Полимер 290 ml
Транспарентно структурно лепило и дихт маса на база на MS полимер за лепење и заптивање кај видливи споеви. Наменето е за примени каде се бара еластичен, транспарентен спој со добра адхезија на различни подлоги.
• Тип: Транспарентно структурно лепило и дихт маса на база на MS полимер
• Намена: Лепење и заптивање кај видливи споеви и различни материјали
• Клучни својства: Транспарентен спој | Еластичен спој | UV отпорно | Без изоцијанати и силикон
• Предности: Може да се користи на различни подлоги без прајмер | Не прави корозија | Без растворувачи и без мирис
• Употреба: Градежништво | Метални конструкции | Прозорци | Авто-сервис | Надградба на возила
Пиштол за ПУ пена PROFESSIONAL - PTFE
Овој пиштол за полиуретанска пена е идеален за професионално нанесување на пена, обезбедувајќи прецизност и ефикасност при различни работи. Со месингова млазница и PTFE премаз, овој алат е робустен и издржлив. Пиштолот е дизајниран со ергономска PVC рачка, која овозможува удобен зафат и лесна контрола.Цевката е изработена од нерѓосувачки челик, што го прави лесен и издржлив. Дополнителните PVC млазници овозможуваат пристап до тешко достапни места. Пиштолот е едноставен за чистење и одржување, што го прави погоден за долгорочна употреба
Масло за подмачкување на пневматски алати, 1l
Маслото за подмачкување на пневматски алат претставува специјално масло кое штити од корозија и абење. Ефикасно е и при ниски температури. Не содржи киселини, смоли и силикон.
K+D Power
K+D Power е силно еластично структурно хибридно лепило за примени каде се бара висока почетна јачина и сигурен спој под динамички оптоварувања. Наменето е за професионална употреба во повеќе индустриски и транспортни области.
• Тип: Структурно хибридно лепило
• Намена: Лепење кај динамички оптоварени споеви
• Клучни својства: Силна почетна лепливост | Трајно еластичен спој | UV отпорно
• Предности: Може да се префарба | Погодно за видливи споеви | Соодветно за професионални примени
• Употреба: Автомобилска индустрија | Железничка индустрија | Контејнери | Метална и преработувачка индустрија | HVAC
Лепак за дрво D3
- Лепак за дрво погоден за внатрешна и надворешна употреба.
- Висока отпорност на вода и топлина.
- Едноставен систем за истурање.
- Со одвртување на изливот за лепило, содржината на контејнерот може чисто и лесно да се истури.
Спреј за заштита на метални површини Perfect, 400ml
PERFECT спрејот се користи за заштита на метални површини давајќи им оптимален изглед. Со нанесување на првиот слој од овој спреј, се создава висока отпорност на атмосферски влијанија, што воедно е минималното време кое е потребно за заштита на површините. Благодарение на прилагодливата дизна, овој спреј има широка можност за употреба од големи површини до минимални поправки. Исклучително се прилепува на површините и отпорен е на гребење. Со вртење на капачето на спрејот, може да се подеси ширината на прскање на спрејот (од најтесно до најшироко). PERFECT спрејот пружа активна, оптимална и катодна заштита од корозија според DIN 50021 SS стандардот.