producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Полусинтетичкото масло за подмачкување HS 1800 е повеќенаменско масло со одлични својства за прилепување. Благодарение на своето лепливо својство, идеално е за вертикални површини и површини изложени на зголемен притисок. Има отпорност на вода и солена вода, штити од оксидација и абење и погодно е за подмачкување на склопови во индустријата, автомобилската индустрија и сегментот на прецизна механика.
Барањето за достапност е успешно испратено.
Својства и начин на делување:
Повеќенаменско полусинтетичко масло со одлични особини на прилепување за површините. Поради силната лепливост идеален е како подмачкувач на вертикални површини и површини изложени на зголемен притисок. Отпорно е на вода и солена вода. Ги штити деловите од абење и оксидација. Поради отпорноста на температурни промени, погоден е за работа на температури од -30 ºC до +180 ºC. Има ниска вискозност, па е посебно погодно за подмачкување на делови си мали процепи. Може да се употребува за подмачкување на склопови во индустријата, во автомобилската индустријата и на прецизна механика.
Упатство за употреба:
1. За оптимални и долготрајни резултати од подмачкувањето, површините кои се третираат, претходно исчистете ги од прашина, нечистотии, остатоци од масла и масти. Препорачуваме употреба на HHS Clean, арт. бр. 089310610 или Würth средства за монтажно чистење .
2. Пред употреба протресе ја боцата.
3. Испрскајте го саканото место на оддалеченост од 15 cm.
4. Можно е накнадно подмачкување на деловите во текот на работата, но согласно соодветните пропишани сигурносни мерки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Боците се под притисок. Да се заштитат од директна сончева светлина и да не се изложуваат на температура повисока од +50°C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).
Моќна формула без напор отстранува саѓи, прашина од сопирачки, маснотии и маслени нечистотии. Брзо исчезнува без да остава остатоци, идеално за темелно чистење без преработка. Нежен кон материјалите. Формула без ацетон за добра компатибилност на материјалите со бои, пластика, заптивки и гума.
Хартијата за чистење е погодна за чистење површини во низа сектори (автомобилска индустрија, металопреработувачка, прехранбена индустрија). Нечистотијата како масло и маснотии може да се отстранат со хартијата за чистење. Поради високата јачина на ткаенината, може да се користи и за чистење на груби материјали од површини, на пример, струготини и рабови.