Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Рачен пиштол за картуши со ПВЦ држач
Висококвалитетен дизајн, полуотворен, направен од челичен лим со пластична рачка. Лесен за употреба и брзо напојување. Со уред за брзо ослободување. Одличен пренос на сила, што овозможува полесна апликација.
MULTI PLUS универзално средство за одржување, 400 ml
Универзално, синтетичко повеќенаменско средство со високи перформанси со извонредни својства за подмачкување .
Супер лепак, 20g
Цијаноакрилатен структурен лепак за универзална употреба
- Патентиран специјален капак
- Ракување со една рака
- Прецизно дозирање
- Спречува лепење на отворот
Лепи за неколку секунди
- Може веднаш да се обработува
- Брзи поправки
- Едноставна монтажа без дополнителни материјали
- Обично не е потребно зголемување на температурата
Спреј за жичана сајла, 500 ml
Спрејот за жичано јаже претставува заштитен восок со додаток на OMC адитив за подмачкување и конзервирање на сајли. Ова средство е идеално за површини кои се директно изложени на сонце бидејќи не протекува. Подмачкува тешко достапни места со оптимална способност за пополнување на процепи благодарение на восокот кој продира дури и во најтесните меѓупростори. Исклучително е водоотпорен, штити од корозија и пружа долг работен век на сајлата. Не содржи цврсти мазива, смола, киселини, силикон и AOX.
AL 1100, 1kg
Спреј за заштита на метални површини Basic
Светлиот цинк спреј BASIC пружа долготрајна заштита на завари и челични површини. Ова средство се користи и за заштита на метални површини од корозија, оптичко подобрување на површините, брзо се суши и после сушењето слојот е отпорен на дожд, масло и маснотии.
Течен метал, 2K, 25 ml
HHS 100 - Сув подмачкувач 400ml
Сувото средство за подмачкување HSS 100 на база на восок е отпорно на центрифугални сили, не паѓа кај брзоротирачките делови, незначително се прилепува на нечистотиите и штити од корозија. Ова средство обезбедува добро подмачкување во критични услови, тешко пристапни делови и продира во сите најтесни меѓупростори. Не ги оштетува повеќето пластични материјали и неутрално делува на лакирани подлоги. Ова средство е постојано на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Транспарентно е и не содржи силикон, смола и киселини.
Конвертор на корозија, 1 l
Конверторот на корозија директно продира во `рѓата и тоа низ површини кои пред тоа се исчистени од груби наслаги од `рѓа. Ова средство го претвора железо оксид во стабилен органски слој на темни и мазни површини. Дополнително изолира и не е штетен за околината. Може да се мачка, распрскува или нанесува со валјак, а после три часа од нанесувањето може да се премачка со вообичаени бои или да се прелакира. Конверторот на `рѓа има кремаста боја.
BMF Машински чистач, 5l
BMF е универзално средство за чистење и одмастување на подови, делови од машини и возила. Ова средство може да се нанесува механички, рачно или под голем притисок. Добро раствора масти и масла, не ги оштетува површините на материјалот на кој се нанесува, боја, гума и пластика. Ова средство не ја загадува околината и не содржи силикон.
Спреј за нега на прохромски површини, 400ml
Емулзија за чистење и негување на метални површини
Реставратор на метал, 400G
Моќна метална паста за брусење за отстранување на најтврдоглавата нечистотија на металот. Сертифициран со NSF.
Rost Off Ice Plus, 400ml, отстранувач на ‘рѓа
Висококвалитетно средство за разградување на корозија во споеви со навој со „crackeffect“, односно нагло ладење на телото на завртката за - 60°C. Активната супстанца има силно капиларно дејство и брзо продира низ пукнатините во кородираниот спој.
- Мултифункционален вентил - овозможува прецизна примена на содржината дури и на тешко достапни места
- Не содржи смола или киселини
- Не содржи силикон
- Не оштетува гума, боја, лакот и заптивките
Motordiht, 100g
Motordiht е заптивно средство кое ги заменува сите крути заптивки на споевите, со исклучок на спојот на главата на моторот. Ова средство успешно заптива до температури од 280 степени и отпорно е на притисок од 700 бари поради што може да се користи за заптивање на цевен водовод, како и садови под притисок. Motordiht има добра моќ на прилепување бидејќи се лепи за средството кое се заптива. Сигурно и долготрајно заптива површини од стакло, керамика и метал, а отпорно е на моторни, менувачки и хидроулични масла, дизел гориво, масло за ложење, разладни течности, бази, киселини, алкохоли, како и многу други материи и гасови.
Средство за заптивање на цевки со PTFE, 50g
Заптивно средство за цевки со мала цврстина со PTFE, служи за заптивање на сите метални цевни споеви и арматури со конусен или цилиндричен навој. Затегнатите споеви може да се оптоварат до 5 бари, додека оптоварувањето после завршното стврднување е до пукање на цевката. Ова средство неутрално се однесува во споредба со поголемиот број индустриски течности и гасови, отпорно е на хемикалии. Овозможува сигурна и брза монтажа, има бела боја и не е погодно за навои кои содржат бакар.
CU 800 спреј - подмачкувач 300 ml
CU 800 e бакарно средство отпорно на висока температура кое служи за подмачкување и заштита од корозија, зарибување, ладно заварување и абење. Ова средство е отпорно на вода, бази, киселини, и има температурна отпорност во опсег од -20 степени до +1200 степени.Многу добро прилега на површините кои се подмачкуваат, како што се кочници, монтажни делови, полови на акумулатор, лежишта, лизгачки површини.
HT - Паста за заштита на сопирачки 200ml (335 gr)
HT пастата за заштита на сопирачки е високотемпературна, метал-слободна смеса дизајнирана за подмачкување, разделување и заштита од корозија на делови во сопирачките системи на возилата. Издржува температури до 1400°C и е погодна за употреба во ABS, ASR и ESP системи. Не ги оштетува сензорите на сопирачките и е отпорна на разредени киселини, бази, прскање со вода и солена вода. Не содржи силикон и AOX.
Паста за раце, Professional, со дозер, 3000ml
Формулирана за отстранување на маснотии, масло, нафта, боја и било каков тип на нечистотија, при што нежно делува на кожата и ја остава мека и мазна
- Систем за чистење: 5/5 – масло, графит, масти, дизел, лепила, индустриски нечистотии
- Минерални микрогранули + глицерин – максимално чистење без сушење на кожата
- Пријатен мирис, pH неутрална – погодна и за честа употреба
- Интегриран дозер – спремна за употреба каде и да сте
- Идеална за пикапи, камиони, машини, теренски тимови
Спреј боца прскалка под притисок 1L, празна
Овој производ е висококвалитетен пиштол за прскање, дизајниран за прецизно нанесување на различни течности, како што се масла, средства за чистење и други хемикалии. Изработен е од издржливи материјали, обезбедувајќи долготрајна употреба и отпорност на корозија. Ергономскиот дизајн овозможува удобно ракување, а прилагодливата млазница дозволува контрола на протокот и ширината на прскањето, што го прави идеален за професионална употреба во автомобилската индустрија, работилници и други апликации каде што е потребно прецизно нанесување на течности