Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Монтажна паста во спреј, 300ml
Средство за осигурување лежишта на покачена температура
Средство за осигурување на лежишта со висока цврстина се користи за силно зацврстување на ракавци, чаури, запчаници, споеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања и температура.Ова средство е отпорно на температури од -55 до +200 степени.Средството за осигурување на лежишта спречува настанување на корозија, оштетувања на контактните површини кои ги осигуруваме и пополнува зазори од 0.2mm.
Средство за осигурување завртки висока цвртина
Средство за осигурување на завртки со висока цврстина претставува осигурувач и навојна маса која тешко се разделува. Се користи за осигурување, зацврстување и заптивање на завртки, навртки, навојни вметоци, навојни чепови кои не треба да се разделуваат. Погоден е за навојни споеви кои се изложени на големо оптоварување, го спречуваат разделувањето предизвикано од вибрации или ударно оптоварување. Има одлична хемиска и топлотна стабилност и може да се раздвои само со помош на специјален ударен алат или на температура повисока од 300 степени.Ова универзално средство има големо подрачје на примена.
Средство за осигурување на лагери, висока цврстина
Средство за осигурување лежишта со висока цврстина
- за извондредно јаки зацврстувања на ракавци, чаури, запченици, клинови, склопови на вратила, слоеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања.
- Спречува корозија и запекување на лагерите.
- Демонтажа на лагерите е можна со помош на специјални алати - радапцигери
Рачен пиштол за картуши со ПВЦ држач
Висококвалитетен дизајн, полуотворен, направен од челичен лим со пластична рачка. Лесен за употреба и брзо напојување. Со уред за брзо ослободување. Одличен пренос на сила, што овозможува полесна апликација.
Цинк 300 паста, 500ml
Спреј боца
Спреј боца со капацитет од 1000 ml, овозможува прскање под агол од 360 степени, што значи дека може да се користи и во вертикална и во обратна положба. Оваа функционалност ја прави идеална за нанесување на течности во тешко достапни места. Изработена е од висококвалитетни материјали, обезбедувајќи долготрајна употреба и отпорност на хемикалии. Погодна е за различни апликации, вклучувајќи чистење, дезинфекција и подмачкување.
Лепак во спреј 500ml
Лепак во спреј со моментална висока сила на лепење, создава тенка облога, се користи за впивливи подлоги. Овој лепак трајно и цврсто лепи во речиси сите подрачја на примена. Лепи материјали како што се плута, стиропор, дрво, метал, хартија.
AL 1100 спреј, 300ml
AL 1100 е средство за подмачкување кое е отпорно на висок притисок и температури од -80 степени до +1100 степени.Ова висококвалитетно средство кое е на база на бакар и алуминиум го спречува зарибувањето , ладното заварување, абењето и корозијата. Отпорно е на вода, бази и киселини.Се користи за заштита на дихтунзи, навојни споеви на делови од издувните системи, полови на акумулатори...
Спреј за клинасти ремени, 400 ml
Спрејот за клинести ремени спречува лизгање и шкрипење и пренесува полна работна сила на погонот. Ова средство заштедува дополнително подесување на работата на ременот која е нарушена од студ, влага и нормално истегнување. Пред примена, треба да ги исчистите површините на кои се нанесува ова средство. Не содржи AOX.