producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Синтетичкото средство за подмачкување во спреј HSS 5000 претставува синтетичко масло со PTFE кое е екстремно постојано на температура. Погодно е за тешко достапни места и достигнува таму каде што маслото мора да делува. Сигурно и долго штити од корозија, нема оксидација, нема остатоци од коксирање, не ја оштетува пластиката и заптивките и се однесува неутрално кон лакираните подлоги. Ова средство е постојано на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Транспарентно е и не содржи силикон, смола и киселини.
Барањето за достапност е успешно испратено.
Својства и начин на делување:
Потполно синтетичко, транспарентно масло со додаток на РТFЕ за заштита од оштетувања поради абење. Одлична температурна постојаност, екстремна капиларност на маслото и способност за долготрајно подмачкување со особини кои ги исполнуваат највисоките барања. Благодарение на подобрените капиларни особини стасува до сите тешко достапни места, а РТFЕ осигурува долготраен ефект на подмачкување и по пукање на претходно создадениот мазивен филм од маслото, при високи температури, околу +120°C. Компатабилно е со материјалите за изработка на прстенести и Х заптивки, како и со вештачки материјали. Не нагризува лакирани површини. Содржи антикорозивна супстанца која овозможува постојаност на прскања со солена вода, слаби киселини и базни соединенија. Не содржи силикон, смола и киселина. Постојано при температура од - 20°C до +200°C (краткотрајно до +250°C).
Упатство за употреба:
1. За оптимални и долготрајни резултати од подмачкувањето, површините кои се третираат, претходно исчистете ги од прашина, нечистотии, остатоци од масла и масти. Препорачуваме употреба на HHS Clean, арт. бр. 089310610 или Würth средства за монтажно чистење.
2. Пред употреба протресе ја боцата.
3. Испрскајте го саканото место на оддалеченост од 15 cm.
4. Можно е накнадно подмачкување на деловите во текот на работата, но согласно соодветните пропишани сигурносни мерки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Боците се под притисок. Да се заштитат од директна сончева светлина и да не се изложуваат на температура повисока од +50°C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).
Посебно формулиран за тешко чистење и одмастување на поголем дел од површините на сопирачки, спојки, карбуратори и други делови од моторот, лесно и темелно.
Хартијата за чистење е погодна за чистење површини во низа сектори (автомобилска индустрија, металопреработувачка, прехранбена индустрија). Нечистотијата како масло и маснотии може да се отстранат со хартијата за чистење. Поради високата јачина на ткаенината, може да се користи и за чистење на груби материјали од површини, на пример, струготини и рабови.