Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Спреј за отстранување на дихтунг, 300 ml
Лепак во спреј 500ml
Лепак во спреј со моментална висока сила на лепење, создава тенка облога, се користи за впивливи подлоги. Овој лепак трајно и цврсто лепи во речиси сите подрачја на примена. Лепи материјали како што се плута, стиропор, дрво, метал, хартија.
Rost off plus, одвртувач во спреј, 400ml
Висококвалитетен растворувач на корозија и подмачкувач - благодарение на најновата технологија за адитиви (технологија OMC 2), која овозможува високо капиларно дејство.
Оптималните својства на капиларноста обезбедуваат извонредна пенетрација и високо растворање на корозијата.
HHS 5000, подмачкувач во спреј со PTFE, 500ml
Синтетичкото средство за подмачкување во спреј HSS 5000 претставува синтетичко масло со PTFE кое е екстремно постојано на температура. Погодно е за тешко достапни места и достигнува таму каде што маслото мора да делува. Сигурно и долго штити од корозија, нема оксидација, нема остатоци од коксирање, не ја оштетува пластиката и заптивките и се однесува неутрално кон лакираните подлоги. Ова средство е постојано на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Транспарентно е и не содржи силикон, смола и киселини.
Повеќенаменска маст за подмачкување IV, 400ml
Микро апсорбер, 10 kg
Микро апсорбер (Micro Absorber) е производ кој се карактеризира со високоефикасни гранули со брзо дејство, за впивање на масла, агресивни и какви било други течности вклучително киселини, бази и водни раствори. Поседува висок степен на апсорпција и брзо реагира. Капиларните својства на гранулите обезбедуваат ефикасно впивање и чување на собраното масло. Микро апсорберот може да се употребува во отворен и во затворен простор. Со својата едноставна примена, гранулите остануваат цврсти и после апсорбцијата што овозможува лесно чистење со четка. Благодарение на својата оптимална тежина, остануваат на местото каде што се нанесени. Произведува малку прашина. Нема опасност од лизгање на возилата или обувките.
CUT+COOL паста за режење Perfect, 500ml
CUT+COOL пастата за сечење и дупчење PERFECT се користи за тешки машински обработки на челик со голема цврстина на затегање, челик од топчести лежишта, CrNi легури, итн. Оваа паста пружа безбедна и ефикасна употреба, долг век на алатот, заштитува од корозија и може да се применува при заварување или како средство за подмачкување. Овој производ при употреба нема штетно влијание на работната површина и не содржи хлор, сулфур, фосфор, силикон, смоли и растворувачи.
HHS 500, синтетички подмачкувач во спреј OMC2, 500ml
HSS 500 е полутечна маст во спреј отпорна на високи температури со OMC2 технологија. Ова средство е отпорно на центрифугални сили и обезбедува исклучителна заштита од атмосферски влијанија и прашини. Благодарение на EP адитивот, исклучително е постојана на притисок и пружа неверојатна амортизација на вибрација и звук. Ја намалува температурата на триење и може да се користи во температурен опсег од -25 степени до +150 степени.
HHS 200, 400ml
Заптивна смеса Multi, 50ml
Карактеристики:
- Универзално анаеробно лепило и средство за заптивање со средна јачина
- MULTI може да се користи како осигурувач со средна јачина за завртки, лежишта, како заптивна смеса за површини, цевкини навои, кои треба да се вадат со нормални алатки.
- Високо отпорен на голем број бази, гасови, растворувачи, масла и горива
Алат за мазнење на фуга
Дозер пумпа и ѕиден држач за паста за раце
Дозер под притисок со ѕиден држач за паста за чистење раце
Практична пумпа за издавање
Пумпата под притисок го транспортира средството за чистење на рацете веднаш штом ќе се притисне пумпата
Дејството со една пумпа дава прецизна количина (6 cm³)
Вкупна висина: 40 см
FSK лепак за ПВЦ
Наменет за ладно заварување на ПВЦ при производство на ПВЦ столарија, како и за лепење на други профили од ПВЦ, за поврзување на ПВЦ цевки (со исклучок на оние кои се за течност под притисок).
Цинк 300 паста, 500ml
Cut+Cool ULTRA Емулзионо масло за ладење, 5l
CUT+COOL емулзија е универзално средство за ладење и подмачкување со исклучителен ефект на испирање, чисти површини, машини, алати без валкање наосетливите сензори.Брагодарејќи на добрите својства на подмачкување овозможува високо перформанси на режење, го намалува триењето и дава можност за поголема брзина на режење.Штити од бактерии и корозија, нежна е со кожа и дава екстремно ниска пенливост.
Спреј за одржување, 150ml
Средството за одржување без смола, киселина и силикон претставува високоефикасен адитив за заштита од абење. Ова средство спречува привремено абење и блокирање на фаќањето на ударни бургии и прифати на машини. Шарките на вратите и прозорците ги одржува и ги прави лесно подвижни, ја подмачкува и негува сета фина механика.
Подмачкувач за машини за обра.на дрво HOLZGLEIT 5l
Спречува лепење и затнување со пилевина (дрвени остатоци) и прашина при сечењето. Има антикорозивно дејство. Ги чисти граничниците и вретената.
HHS 2000, Extreme HI Pressure, подмачкувач 500ml
Леплив подмачкувач во спреј претставува повеќенаменско, полусинтетичко масло за подмачкување отпорно на висок притисок.Поседува добра капиларност и подмачкува тешко достапни места кои истотака ги штити од корозија.Благодарејќи на добрата прилагодливост не доаѓа до исфрлање на маслото од ротирачките површини.Не оштетува пластични маси и е неутрален на лакирани подлоги.Ова средство е одпорно на солена вода,слаби киселини и бази. Има жолта боја и не содржи силикон, смоли и киселини.
Леплив подмачкувач HHS ® 6000 PLUS, 400ml
Карактеристики:
- Универзално, синтетичко масло со високи перформанси со извонредни својства за подмачкување благодарение на додавањето на бор нитрид.
- Ако подмачкувањето на маслото се прекине на повисоки температури (над 180°C), борниот нитрид го презема подмачкувањето до 1000°C (суво подмачкување).
- Подмачкувачот не е штетен по здравјето, што го прави идеално погоден за прехранбената индустрија.
- За професионална употреба кај најмали толеранции, прецизни делови или дури и со високи температурни оптоварувања, како што се лежишта, синџири, спојници, пружини, лизгачки шини или жичени кабли (сајли).
- Температурно отпорен од -40оC до +1000оC