Електрични / батериски / пневматски машини

Популарни артикли од категоријата Електрични / батериски / пневматски машини

Load
Види како Табела Листа
Подреди по
Филтер

WURTH компресор, клипен, 270l - 640l/мин

0701999270
Клипен компресор со волумен на резервоарот од 270 литри и проток на воздухот од 640 l/min, наменет за работа со пневматски алати кои користат голем проток на воздух при работењето. Овој компресор има регулатори на притисокот на излез на воздухот, како и двостепена пумпа во лиено куќиште со систем од ребра за брзо ладење на компримираниот воздух. Всисниот филтер е дизајниран така што ја намалува бучавата при работа. Ремените на моторот се заштитени со капаци од тврда пластика со цел да се заштитат од пробивање на надворешни тела и за безбедност на корисникот. Двете големи и двете мали тркала на компресорот му даваат стабилност, но и мобилност.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Батериска дупчалка-одвртувач BHD 18 BL, 2x4Ah

5717506012

Многу моќна и компактна дупчалка-одвртувач со прифат за бургија до 13mm. Оваа дупчалка има вграден индукциски (brushless) мотор чии основни предности се помалите трошоци за одржување и подолгиот работен век. Можноста за прилагодување на моментот на затегање на 16 различни степени и дава повеќекратна примена при работа со завртување и дупчење. Покрај тоа, вградената LED светилка ја олеснува работата во темни простории, додека ергономичниот дизајн и двокомпонентната рачка со ефект на цврст зафат овозможува пријатна и долготрајна работа без потешкотии. Куката за ремен го олеснува ракувањето при работата. Оваа дупчалка-одвртувач се испорачува во пластичен куфер со полнач и резервна батерија.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Пневматска ексцентрична брусалка DTS 150

07037531

Моќна ексцентрична брусилка за груби и фини брусења.

 

Барањето за достапност е успешно испратено.

Пневматска Аголна Брусилка DWS 115 PLUS

07038550

Моќна аголна брусилка погодна за брусење, сечење и груби работи. Машината има блокада на вретеното за брза и лесна промена на сечната/брусната плоча. Поставувањето на заштитниот капак се изведува без дополнителни алатки. Издувниот воздух се одведува од задниот дел на алатот, далеку од работната зона. Пластичното куќиште ја спречува студенилото на рацете за време на работа и ги ублажува вибрациите.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Пневматски алат за заковување на шајки DSK 1555

07035470
Пневматски алат за навртување на мала маса од магацинот за шајки. Прекинувачот на машината има две функции за промена од поединечно активирање на постојано активирање во низа. Работната површина е заштитена благодарение на гумениот врв и можноста за прилагодување на длабочината без дополнителни алати.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Пневматски алат за заковување на шајки DKN 3065 Combi

07035560

Моќен комбиниран алат за поставување на разни елементи за прицврстување - хефталки тип WN, хефталки тип W155 и T-шајки. Прекинувачот на машината има две функции за промена од поединечно активирање на постојано активирање во низа. Прилагодувањето на длабочината се врши без дополнителни алати. Благодарение на куќиштето од магнезиум, алатот има мала тежина, што овозможува удобна работа.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Пневматски мини сечaч, DMC 75

07038530

Лесен и тивок пневматски мини сечач кој користи мини сечивни плочи. Безбедносниот прекинувач овозможува континуирана контрола на брзината. Сечачот има хромиран заштитник кој може да се ротира за корисникот целосно да биде заштитен од искри. Одводот на воздух е поставен на задниот дел од алатот, далеку од работната зона.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Продолжен кабел на пластична моталка, 30m x 2,5 mm2

0774033329

Моталка од цврста пластика со 4 приклучоци и неопренски кабел H07RN-F

  • Едноставно и безбедно користење 
  • Флексибилен и сигурен кабел 
  • Автоматска заштита од прегревање 
  • Материјал на проводник - 100 % бакар, 2,5mm2 
  • Четири CEE 7/4 приклучоци со капак 
  • Сигурносни капачиња во приклучоците 
  • IP 44 Заштита од продирање на страни тела со дијаметар поголем од од 1mm. Заштита од прскање на вода од сите агли.

Примена:

  • Професионална употреба во надворешни услови, индустриски и градежни работи.
  • Подржува работа со електрични алати, ударни алати, алати со употреба на индустриска правосмукалка, индустриска осветлување.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Пневматски ударен одвртувач DSS 1/2 PLUS

07033030

Компактен пневматски ударен клуч со композитно куќиште и исклучителна моќност.
Одличен однос помеѓу тежина и моќ.
До 1400 Nm вртежен момент при одвртување, при тежина од 1,85 kg.

Барањето за достапност е успешно испратено.

PU црево за воздух

PU црево за воздух

  • Висока отпорност на УВ-зраци

  • Ниска еластичност

  • Не се користи за фарбање

  • Висока механичка цврстина

2 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

M-Cube Батeриска дупчалка одвртувач ABS 18V Power Combi, 5Ah

5701405008

Многу моќна батериска дупчалка-одвртувач со вклучливо ударно дупчење и вртежен момент од 140 Nm
Брзо прилагодување на соодветната примена, благодарение на функционалниот прекинувач кој овозможува едноставно и брзо префрлување помеѓу завртување, дупчење и ударно дупчење
Континуиран надзор на моторот, бидејќи електронската заштита на моторот го исклучува моторот навремено при блокирање, преоптоварување или прегревање.


Барањето за достапност е успешно испратено.

Електрична Аголна Брусилка EWS8 115R CLASSIC 850W

5717082010

Електрична аголна брусилка со моќност од 850 W за сечење и брусење на материјали. Брусилката има прекинувач со два преклопи за дополнителна сигурност при користењето. Машината има ротор со стакло/пластика кои заштитува од прашина и струготини, чии лежишта се во гумено куќиште за да се спречи „заварување“ на лежиштето во куќиштето при загревање. Во главата на брусилката е вградено иглесто лежиште кои поднесува поголеми оптоварувања.

 

Барањето за достапност е успешно испратено.

Електрични / батериски / пневматски машини

Неодамна Видени Производи