producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Висококвалитетен растворувач на корозија и подмачкувач - благодарение на најновата технологија за адитиви (технологија OMC 2), која овозможува високо капиларно дејство.
Оптималните својства на капиларноста обезбедуваат извонредна пенетрација и високо растворање на корозијата.
Својства и начин на делување:
Силната капиларна активност во комбинација со ОМС2 адитивот обезбедува побрзо и полесено демонтирање на кородираните споеви.
Минералното масло продира низ корозијата, а органско-молибденскиот мазивен слој врши термопластификација на површините со што се намалува триењето и абење на материјалот. На тој начин ја продолжува трајноста на третираниот спој при секое следно одвртување и завртување. Не содржи смола, киселина и силикон.Не нагризува гума и заптивки.
Средството е активно во температурен опсег од -10°C до +140°C.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Точка на палење на активна супстанца е +200°C. Боцата да не се изложува на температура повисока од 50°C. Да се чува на температура од +8°C до +21°C. Да се чува подалеку од оксидациони и самозапаливи материјали, одвоено од храна и пијалоци.
Моќна формула без напор отстранува саѓи, прашина од сопирачки, маснотии и маслени нечистотии. Брзо исчезнува без да остава остатоци, идеално за темелно чистење без преработка. Нежен кон материјалите. Формула без ацетон за добра компатибилност на материјалите со бои, пластика, заптивки и гума.
Силиконскиот спреј долготрајно ги штити и изолира пластичните, гумените и металните делови во внатрешните и надворешните делови од возилото. Со употреба на силиконски спреј, пластичните делови од возилото добиваат еластичност и сјај, гумените делови ја задржуваат еластичноста, не се лепат и не замрзнуваат. Го импрегнира платното на подвижните кровови на возилата, не привлекува прашина, ги заштитува електричните контакти, спречува шкрипење на два различни материјали при контакт,не остава дамки.
Универзалното масло за одржување се користи за 5 различни области на примена. Отстранува `рѓа и корозија со своето брзо продирање, подмачкува и спречува крцкање и шкрипење, намалувајќи го триењето и оптоварувањето во подвижните споеви кои се подмачкуваат. Ова средство ефикасно продира во нечистотиите, остатоците од масти и масла за подмачкување, ја отфрла водата и влагата и пружа добра електро-проводливост на електро-контактите. Не содржи смоли, киселини, силикон и не оштетува гума, боја и пластика.
Синтетичкото средство за подмачкување во спреј HSS 5000 претставува синтетичко масло со PTFE кое е екстремно постојано на температура. Погодно е за тешко достапни места и достигнува таму каде што маслото мора да делува. Сигурно и долго штити од корозија, нема оксидација, нема остатоци од коксирање, не ја оштетува пластиката и заптивките и се однесува неутрално кон лакираните подлоги. Ова средство е постојано на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Транспарентно е и не содржи силикон, смола и киселини.