Преземете ја апликацијата

Можете да ја користите нашата мобилна апликација од дадената врска. Кликнете на Преземи апликација
Напомена за правни лица : направете налог или за да ги видите големопродажните цени
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.

Your cart is empty

    Close
    Филтер
    Преференци
    Пребарување

    КАКО ДА НАПРАВИТЕ СВОЈ ШАХОВСКИ СЕТ

    Шаховски фигури од навртки, завртки и подлошки

    Идејата за фигури за шах од сврзувачки елементи дојде сосема случајно. Секојдневно во нашата работа ги користиме, па и нудиме решенија со овие сврзувачки елементи, па тогаш зошто да не направиме и нешто креативно кое ќе го користиме долго. Толку многу различни завртки и навртки со различни големини и облици и комбинации и... ете ги шаховските фигури.

    Секако во шахот се сетови фигури во две различни бои, најчесто бела и црна. Овде едниот комплет е од поцинкувани или нерѓосувачки завртки, додека вториот го обоивме со бакар во спреј. Наместо боење со бакар во спреј, можете да употребите завртки и навртки од бакар или месинг. Еве ги едноставните чекори за да изградите ваш сопствен шаховски сет што ќе трае долго.

    Чекор 1:Изберете го вашиот дијаметар.За овој проект користевме навртки, завртки и подлошки од M8 mm;удобна големина во вашата рака и убаво се вклопува на шаховска табла од макс. 45 - 50 cm.

    Чекор 2:Соберете ги навртките, завртките и подлошките заедно. Ние отидовме на „шопинг“ во нашиот магацин, а вие можете да купувате од нашата онлајн продавница и ние ќе ја завршиме целата напорна работа за вас.

    Чекор 3:Зашрафете ги парчињата следејќи ги нашите упатства

     

    Пион / пешак

    пион пион 2

     

     

     

    Оставете коментар