producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
За универзална примена со извонредна моќ на лепење на различни материјали и површини, еластичен со голема растегливост. Може да се користи за спојување на исти или на различни материјали. Го компензира истегнувањето кај различни материјали и пригушува вибрации и бучава. Долгото време на формирање на коричка овозможува лепење, односно заптивање на компликувани и многу големи делови. Составените делови можат да се репозиционираат. Може да се бруси и лакира. По формирање на коричка можна е механичка обработка и лакирање без претходна припрема на површината (претходно да се провери компатибилноста на лакот). Дозволено е користење во близина на храна (ISEGA сертификат), не го загрозува здравјето во стврдната состојба. Погоден е за лепење и заптивање во погони за производство и подготовка на храна. Не е корозивен, има слаб мирис и е без силикони.
Барањето за достапност е успешно испратено.
Примена:
Лепење и заптивање
Упатство за употреба:
Подлогата мора да биде чиста, сува и одмастена.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се доведува во допир со лакови на база на алкални смоли. Не е соодветен за заптивање стаклени окна. При изложување на директна сончева светлина може да дојде до промена на бојата на површината (да пожолти). Не е погоден за РЕ, РР, РТFЕ, силикон, стиропор и пластика. Минимална дебелина слојот на лепилото е 3mm. За најдобри резултати на прилепување, неопходно е да се користат прајмери за тешко лепливи подлоги. Нестврднатото лепило може да се острани со Чистач К+D арт. бр. 089010063. Осушеното лепило може да се острани само по механички пат.
За силикони и полиуретани
Овој нож е опремен со автоматски механизам за заклучување на сечилото, што овозможува безбедна и прецизна работа. Рачката е изработена од висококвалитетен еднокомпонентен материјал, обезбедувајќи удобен и нелизгав зафат. Ножот има вградени три сечила: едно е претходно монтирано, а две резервни се сместени во рачката. Должината на ножот е 165 mm, што го прави погоден за различни задачи како сечење хартија, фолии и тенки материјали.
Влажни крпи за чистење раце и алат без потреба од вода, сапун или четка, обогатени со Aloe Vera.
• Тип: Влажни крпи за чистење раце и алат
• Намена: Брзо чистење раце и алат на терен, без пристап до вода
• Клучни својства: Одмастувачко и санитизирачко дејство | Антибактериско дејство | Обогатени со Aloe Vera
• Предности: Отстрануваат масло, битумен, боја, лепак, силикон и графит | Дерматолошки тестирани | Компактни и практични
• Употреба: Се користат директно на раце или алат, без потреба од вода
Овој скалпел е дизајниран со трокомпонентна рачка која обезбедува удобен и сигурен зафат при работа. Опремен е со автоматски механизам за заклучување на сечилото, што овозможува безбедна и прецизна употреба. Дополнително, има метална водилка за сечилото која гарантира стабилност и издржливост. Овој скалпел е идеален за различни задачи кои бараат прецизно сечење.