Батериски машини и опрема
Популарни артикли од категоријата Батериски машини и опрема
M-Cube Батериска ударна дупчалка ABH18 Compact, SOLO
Компактен, моќен, безчетков акумулаторски перфоратор за средно тешки работи на дупчење и лесни работи на штемaње
- Многу компактниот и ергономски дизајн овозможува удобно работење со помалку замор.
- Ефикасен, безчетков EC-мотор со мала потреба од одржување, со резерви на моќност и долг работен век.
- Континуирано следење на моторот. Во случај на преоптоварување или блокирање, електронската заштита на моторот го исклучува моторот навреме.
- Брзо прилагодување кон конкретната примена, бидејќи со прекинувачот за избор на функција лесно и брзо може да се избере помеѓу ударно дупчење и дупчење.
- SDS-plus прифатот може брзо, лесно и без алат да се замени со испорачаниот брзостезен футер за дупчење.
- Со опционално достапниот систем за вшмукување прашина се овозможува работење со минимално создавање прашина.
M-Cube Батериски ударен одвртувач ASS18-1/2" C., SOLO
Компактен ударен одвртувач со висок момент на отпуштање — силен избор за завртки, конструкции и сервис.
Три степени на моќност плус дополнителна автоматска функција, која го исклучува моторот при активирање на ударниот механизам и со тоа го минимизира ризикот од оштетување на навојниот спој.
Благодарение на високиот број вртежи и високата фреквенција на удари, се постигнува момент на отпуштање до приближно 800 Nm, што овозможува и одвртување на заглавени навртки на тркала.
Безчетковиот мотор со заштита од преоптоварување бара малку одржување, има долг работен век и обезбедува високи перформанси.
Работа со помал замор и поголема удобност благодарение на компактната и лесна конструкција со гумирана рачка.
Без повратен удар или пренесување на вртежниот момент кон зглобот на раката.
Оптимално осветлување на работната површина благодарение на тројното LED-светло на главата на менувачот.
Батериска ударна дупчалка ABH18 Light Classic,само машина
Лесна и компактна батериска ударна дупчалка за лесни и средно-тешки дупчење и штемање во бетон и армиран бетон со извонредна јачина на удар од 2,1 Ј со мотор без четкици (brushless motor). Има ергономски дизајн на рачката за поголема удобност при работа, како и вградена лед светилка.
M-Cube Батериска сабјарка AFS18 Compact 18V, само машина
Робусна батериска сабјарка за брзо сечење и демонтажа — идеална за мобилна работа на градилиште.
- Вградениот систем за заштита од преоптоварување и прегревање ја штити машината од прекумерно оптоварување.
- Долг работен век на моторот: ефикасен, без четкички EC-мотор со минимални потреби за одржување и резерви на моќност.
- Дополнителна заштита од струготини благодарение на заштитната решетка на отворите за вентилација.
- Безбедна работа, бидејќи машината може да се стартува само по претходно отклучување.
- Можност за вклучување и исклучување на осцилаторното движење со помош на регулаторското тркалце.
- Мека рачка за удобно и сигурно држење без лизгање.
Батериски ударен одвртувач ASS 18BL Power Classic -1/4" и 1/2"
Мултифункционален батериски ударен одвртувач со уникатен мулти држач 1/4" и 1/2". Обезбедува лесно одржување на делови кои се предмет на големо абење. Корисниците можат да постават режими според различни апликации.
Батериска дупчалка-одвртувач BHD 18 BL, 2x4Ah
Многу моќна и компактна дупчалка-одвртувач со прифат за бургија до 13mm. Оваа дупчалка има вграден индукциски (brushless) мотор чии основни предности се помалите трошоци за одржување и подолгиот работен век. Можноста за прилагодување на моментот на затегање на 16 различни степени и дава повеќекратна примена при работа со завртување и дупчење. Покрај тоа, вградената LED светилка ја олеснува работата во темни простории, додека ергономичниот дизајн и двокомпонентната рачка со ефект на цврст зафат овозможува пријатна и долготрајна работа без потешкотии. Куката за ремен го олеснува ракувањето при работата. Оваа дупчалка-одвртувач се испорачува во пластичен куфер со полнач и резервна батерија.
Батериска дупчaлка ABS 18 COMPACT COMBI
Лесен и компактен 18 V ударен одвртувач со високоефективен (brushless) мотор, за поголема трајност на моторот и поголема моќност. Прецизен футер со 16 степени на регулирање. За прецизно регулирање на напорот во дадени ситуации.
Батериски завртувач за сува градба ATS 18 CLASSIC
Многу моќна и практична батериска ударна дупчалка со метална главa од 13 mm.
Ефикасен, безодржлив, бесчеткаст мотор – за подолг работен век и подолга работа со едно полнење.
Прецизното подесување овозможува повеќенаменско завртување.
Прецизна спојка со 16 поставки и позиција за дупчење.
Одлична контрола благодарение на променливи брзини:
висока брзина (0–2.000 rpm)
висок вртежен момент (0–550 rpm)
Работната површина се осветлува при работа во темни простории – вградена LED светилка.
13 mm метална главa за максимална издржливост и минимално абење.
Ергономски дизајн со soft-grip за подобро држење и поголема удобност.
Одличен однос помеѓу моќ и тежина – идеално за долготрајни и тешки работни задачи.
Подолга шнола за каиш за побезбедно носење.
M-Cube Батeриска дупчалка одвртувач ABS 18V Power Combi, 5Ah
Многу моќна батериска дупчалка-одвртувач со вклучливо ударно дупчење и вртежен момент од 140 Nm
Брзо прилагодување на соодветната примена, благодарение на функционалниот прекинувач кој овозможува едноставно и брзо префрлување помеѓу завртување, дупчење и ударно дупчење
Континуиран надзор на моторот, бидејќи електронската заштита на моторот го исклучува моторот навремено при блокирање, преоптоварување или прегревање.