producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Неутралниот силикон со транспарентна боја се користи за заптивање на дилатациони споеви, поголем број градежни материјали, како и стакло, дрво, бетон, тули, керамика, челик, ПВЦ, алуминиум... Достапен е во кертриџи од 280 ml.
Барањето за достапност е успешно испратено.
Својства и начин на делување:
За заптивање споеви од различни материјали (стакло, дрво,бетон, цигла, блок, керамика, челик, РVС, алуминиум и сл). Одлично прилепува. Има одлични механички карактеристики. Трајно еластичен. Отпорен е на сите временски услови и UV зрачење. Мало собирање при стврднување.
Примена:
Дихтување и заптивање
Упатство за употреба:
1. Почитувајте ги општите препораки во однос на дебелината и ширината на фугата (длабочина до половина ширина). Доколку длабочината е поголема од препорачаното, задолжително пополнете го спојот со РЕ материјал со затворена структура како подлога за силикон.
2. Површината на која го нанесувате силиконот мора да биде сува, чиста и одмастена.
3. На порозни површини може да го нанесувате само со претходна употреба на Прајмер за силикон арт. бр. 0892170.
4. На површината која ја заптивате, силиконот нанесувајте го рамномерно.
5. За фино естетско обликување, користете средство за фино израмнување на заптивни маси и алат за мазнење.
Овој нож е опремен со автоматски механизам за заклучување на сечилото, што овозможува безбедна и прецизна работа. Рачката е изработена од висококвалитетен еднокомпонентен материјал, обезбедувајќи удобен и нелизгав зафат. Ножот има вградени три сечила: едно е претходно монтирано, а две резервни се сместени во рачката. Должината на ножот е 165 mm, што го прави погоден за различни задачи како сечење хартија, фолии и тенки материјали.