producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Апарат за MIG заварување MIG 200 LCD е дигитално контролиран инвертер со најнова IGBT технологија и LCD екран. MIG 200 LCD апаратот за заварување овозможува заварување во MIG, REL и LIFT/TIG режим, со дополнителна опција за точкасто заварување со тајмер. Благодарение на LCD дисплејот, корисникот може да го избере саканиот режим на работа и параметрите за заварување.
Врз основа на избор на:
Апаратот сам ги дефинира идеалните параметри за заварување, кои можат дополнително фино да се подесуваат. Покрај тоа, овој апарат користи и Synergic режим на работа (во MIG/MAG режим - подесување на ампеража наместо подесување на волтажа/брзина на жица), како и постепено подесување на индукцијата (со што се постигнува елиминација на прскањето при заварување). За REL режимот на работа достапна е опција за подесување HOT START / ARC FORCE и VRD. Стандарден дел од опремата е EURO приклучок со Abicor Binzel MB 25AK горилник. Уредот користи монофазен осигурувач од 20A. Должината на кабелот за маса и електрода е 3 метри, а користи D200 котур жица со маса од 5 kg.
Барањето за достапност е успешно испратено.
Спецификации
Дигитално контролиран со IGBT инвертер технологија. Поддржува котур жица до 5 kg.
LCD дисплејОвозможува зачувување на преферираните поставки за повторлива работа.
Синергетска функцијаОбезбедува многу подобри перформанси при заварување преку однапред дефинирани параметри за заварување според ампеража, дијаметар на жица и употреба на гас.
Префрлување во 3 режимиТри различни режими на заварување - MIG, STICK и LIFT/TIG
NO GAS функцијаNO GAS функцијата овозможува работа на отворено со жица за заварување без гас.
Euro приклучокEuro приклучок со Abicor Binzel MB 24KD горилник како стандардна опрема.
IGBT технологијаIGBT технологијата овозможува беспрекорно заварување при нестабилен напон (работа со генератори).
Практично заварувањеМоже да се префрлува помеѓу 2/4-тактно заварување.
Spot weld функцијаЗа спојување на тенок лим.
ФЛЕКСИБИЛЕН систем за довод на жицаДостапен за ролна жица од 1 kg или 5 kg.
Алуминиумска рачкаЛесна и отпорна на повеќето агресивни хемиски агенси во работната средина.
HOT STARTОдлично палење.
НапоменаПри користење во синергетски режим, корисникот нема потреба да го прилагодува излезниот напон за заварување бидејќи програмата автоматски го прилагодува излезниот напон за да обезбеди правилна вредност. Оваа вредност се базира на податоците внесени во машината.
Област на примена
За мешан гас и јаглерод диоксид, како и самозаштитни флуксни жици без гас.
Wurth Basic SG2 жицата е висококвалитетна бакарно обложена жица за заварување, наменета за MAG процеси со заштитен гас. Специјално е дизајнирана за заварување на нелегирани и нисколегирани челици, обезбедувајќи стабилен лак и минимално прскање.
Карактеристики:
Автоматска маска за заварување Truecolor Plus со TRUECOLOR прикажување, четири оптички сензори и големо видно поле.
• Затемнување: Светла состојба DIN 3 и темна состојба DIN 4–8 / 9–13 со приспособување на нивото на затемнување• Сензори и брзина: Четири оптички сензори со брзина на промена 1/25.000 s и променливо времетраење на затемнувањето од 0,1 до 1 s• Видно поле: Отвор за гледање 103 × 90 mm; оптичка класа 1/1/1/2• Заштита и функции: TRUECOLOR систем, UV/IR заштита ниво 16, приспособување на чувствителноста, режим за брусење и индикатор за нивото на батеријата• Напојување: Соларни ќелии и батерии
Високо-квалитетни дискови за сечење CERAMIC CUT обезбедуваaт брзо и прецизно сечење.
Идеален за професионална употреба!
Компактна батериска аголна брусилка од 18 V за сечење и брусење.
• Тип на мотор: Brushless мотор (без четкици)• Диск: Максимален дијаметар 125 mm• Вретено: Навој M14• Брзина: 9.000 врт./мин. без оптоварување• Испорака: Две батерии од 5 Ah, полнач, BMC куфер, клуч и странична рачка