Својства и начин на делување:
Силната капиларна активност во комбинација со ОМС2 адитивот обезбедува побрзо и полесено демонтирање на кородираните споеви. Минералното масло продира низ корозијата, а органско-молибденскиот мазивен слој врши термопластификација на површините со што се намалува триењето и абење на материјалот. На тој начин ја продолжува трајноста на третираниот спој при секое следно одвртување и завртување. Не содржи смола, киселина и силикон.Не нагризува гума и заптивки. Средството е активно во температурен опсег од -10°C до +140°C.
Упатство за употреба:
Работна температура: од +5°C до +40°C
1. Најпрвин, доколку е возможно, отстранете ја присутната нечистотија и корозија по механички пат.
2. Пред употреба добро протресе ја боцата.
3. Испрскајте го местото кое се третира на оддалеченост од 15 -20 cm во траење од 5 -10 секунди.
4. Оставете средството да делува 3 до 4 минути, а потоа одвојте го спојот со соодветен алат.
5. Во зависност од интензитетот на корозијата и запекувањето, по потреба, повторете ја постапката и/или продолжете го времето на делување 5 до 10 минути.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Точка на палење на активна супстанца е +200°C. Боцата да не се изложува на температура повисока од 50°C. Да се чува на температура од +8°C до +21°C. Да се чува подалеку од оксидациони и самозапаливи материјали, одвоено од храна и пијалоци.