Заштита од корозија

Популарни артикли од категоријата Заштита од корозија

Load
Види како Табела Листа
Подреди по
Филтер

GRUNDFARBE Zinc Phosphate брзосуш.боја, сива, 30kg

3890191030

GRUNDFARBE претставува основна, антикорозивна боја која брзо се суши. Ова средство се користи за заштита на конструкции од јаглероден челик каде што е потребно брзо сушење. Средството се нанесува на суви, одмастени и чисти површини. Се суши со оксидација на воздух и има сива боја.

MetallGrund основна боја светло сива 25кг

389017035

Основна боја за метал, 25 kg (светло сива)

ZINC SPRAY LIGHT METALL 400ml

5893113114

Новиот ZINC SPRAY LIGHT  -   е метал спреј со технологија на метални пигменти:

  • со 99,995 % чистота на цинк, (Zinc Flake)
  • 40 µm покривност во еден слој
  • 200 часа отпорност – тест на солена магла
  • + 240 °C температурна отпорност

Конвертор на корозија, 1 l

0893110

Конверторот на корозија директно продира во `рѓата и тоа низ површини кои пред тоа се исчистени од груби наслаги од `рѓа. Ова средство го претвора железо оксид во стабилен органски слој на темни и мазни површини. Дополнително изолира и не е штетен за околината. Може да се мачка, распрскува или нанесува со валјак, а после три часа од нанесувањето може да се премачка со вообичаени бои или да се прелакира. Конверторот на `рѓа има кремаста боја.

Спреј за заштита на метални површини Perfect, 400ml

PERFECT спрејот се користи за заштита на метални површини давајќи им оптимален изглед. Со нанесување на првиот слој од овој спреј, се создава висока отпорност на атмосферски влијанија, што воедно е минималното време кое е потребно за заштита на површините. Благодарение на прилагодливата дизна, овој спреј има широка можност за употреба од големи површини до минимални поправки. Исклучително се прилепува на површините и отпорен е на гребење. Со вртење на капачето на спрејот, може да се подеси ширината на прскање на спрејот (од најтесно до најшироко). PERFECT спрејот пружа активна, оптимална и катодна заштита од корозија според DIN 50021 SS стандардот.

5 верзии
Види се

Спреј за заштита на метални површини Basic

0893114949

Светлиот цинк спреј BASIC пружа долготрајна заштита на завари и челични површини. Ова средство се користи и за заштита на метални површини од корозија, оптичко подобрување на површините, брзо се суши и после сушењето слојот е отпорен на дожд, масло и маснотии.

Спреј за заштита од корозија, 300ml

089315

Спрејот за заштита од корозија е специјална безбојна течност со голема капиларност со добро прилепување. Ги штити тешко достапните места, го запира ширењето на корозијата и има повеќекратна примена поради многу добрата подносливост со материјалите на најразлични подлоги. Овој спреј, со извонредна отпорност на солена вода според DIN5002N стандардот, претставува најдобра заштита во најлоши услови. Гребнатините, ударите од камен и слично самостојно се затвораат, а третираните површини повеќе не може да се оштетат од течност. Примената на овој спреј е за конзервирање на алат, машини, моторни возила, погоден е за тешко достапни места во моторниот дел и претставува најдобра заштита за моторцикли и велосипеди кои имаат долг период на мирување.

Цинк спреј светол, 400 ml

0893114

Светлиот цинк спреј обезбедува долготрајна заштита, репарација на металните површини и дава многу добра антикорозивна заштита, како и оптичко подобрување, репарација и заштита на металните површини од корозија. Многу добро се прилепува директно на метал и има добри особини при точкасто заварување. Металот е активно заштитен дури и кај помали оштетувања. Светлиот цинк спреј задоволува повеќе од 100 часови прскање со солена вода според (DIN50021 SS) стандардот.

Цинк 300 паста, 500ml

0892200
Пастата цинк 300 пружа долготрајна заштита од корозија и атмосферски влијанија. Оваа паста е отпорна на температури до 300 степени, на обработените површини им дава топол поцинкуван изглед. Пастата се користи во металоградба, бродоградба, ковачници, браварии, автоиндустрија, за заштита на челични конструкции. Со нанесување на оваа паста во 2-3 слоја се добива заштитен слој со дебелина според DIN50976 стандардот. После 15 минути од нанесувањето, пастата е сува на допир, а целосно се суши после 2-3 дена.

Заштита за подвозје на возила, црно, 1000ml.

0892075200

Создава заштитен слој на гумена основа, над кој може да се нанесе слој боја и спрејот во себе содржи растворувачи.

Заштита од корозија

Close
Filter by Clear All