Преземете ја апликацијата

Можете да ја користите нашата мобилна апликација од дадената врска. Кликнете на Преземи апликација
Напомена за правни лица : направете налог или за да ги видите големопродажните цени
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.

shoppingcart.mini.emptycarttext

    Close
    Филтер
    Преференци
    Пребарување

    Правила за регистрација

    ПРАВИЛА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

    КАКО КОРИСНИК НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАВНИЦА НА ВУРТ МАКЕДОНИЈА

     

    Со овие Правила за регистрација,Ви доставуваме информации поврзани со постапката за регистрација како корисник на нашата електронската продавница и начинот на обработка личните податоци кои ги оставате при регистрацијата.

    1. Цел на регистрацијата

    Со креирање на профил на нашата електронска продавница ќе имате можност да купувате побрзо, ќе бидете известувани за статусот на Вашите нарачки и за историјатот на сите направени нарачки преку Вашиот профил, а по Ваш избор може да добивате информации за нови производи и поволности кои ги нуди ВУРТ МАКЕДОНИЈА, така што ќе Ви биде овозможено подобро корисничко искуство при купување преку нашата на електронска продавница.

    Сепак, регистрацијата не е задолжителна за извршување на нарачки од нашиот асортиман на производи, односно нарачките можете да ги направите и како Гостин.

    2. Постапка за регистрација и потребни лични податоци

     

    Потребни податоци

    Со цел успешно регистрирање, односно креирање на профил задолжително е да ги внесете следните податоци:

    •         Доколку се регистрирате како физичко лице: Ваше име, презиме, е-маил адреса, и телефон за контакт, како и лозинка која ќе ја користите за влез во Вашиот профил[1].
    •         Доколку се регистрирате како правно лице, податоци за компанијата во чие име нарачувате, како и Вашето име, презиме, е-маил адреса и телефон за контакт и лозинка која ќе ја користите за влез во Вашиот профил.

    Покрај наведените податоци, можете да внесете и адреса на испорака, меѓутоа истото не е задолжително за Ваше регистрирање. Сепак, адресата на испорака морате да наведете при креирање на налог со цел да бидеме во можност да ги извршиме нашите обврски за достава на нарачаните производи до Вас.

    Политика за приватност

    При оставање на Вашите лични податоци, задолжително прочитајте ја нашата Политика за приватност и потврдете дека истото го имате направено преку штиклирање на копчето “Ја прифаќам Полисата за приватност.

    Билтен

    Пред потврда на регистрацијата, по Ваш избор можете да го селектирате копчето Билтен доколку сакате да добивате информации за производи, поволности и понуди на производи од страна на ВУРТ МАКЕДОНИЈА.

    Доколку го селектирате копчето, ќе ги добивате наведените информации преку е-маил адресата која сте ја навеле при регистрацијата, при што во секој момент можете да ја откажете оваа можност со притискање на копчето unsubscribeпоставено во секој испратен е-маил до Вас.

    Активација на профил

    По внесување на податоците ќе добиете електронска порака на Вашата е-маил адреса за активација на профилот, по што ќе можете да го активирате профилот со притискање на копчето “кликнете овде.

    По активација на профилот ќе добиете уште една е-маил порака со дополнителни информации за електронската продавница.

    3. Корисници на личните податоци

    Обработката на лични податоци се извршува од страна на кои се соодветно обучени за заштита на лични податоци, при што Вашите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен во следните случаи:

    •         aдресата на испорака која задолжително ја наведувате при креирање на налог мораме да ја проследиме до компанија за испорака на пратки со цел да ја извршиме нашата обврска за достава за нарачаните производи до Вас;
    •         доколку сте се согласиле да Ви бидат испраќани билтени со промотивна содржина, Вашата е-маил адреса во некои случаи ја доставуваме до агенција која во наше име врши електронска испорака на билтени.

    4. Чување на личните податоци

    Вашите лични податоци ги чуваме се додека имате активен профил. Вашиот профил можете да го деактивирате во било кој момент, по што Вашите податоци ќе бидат избришани од веб страницата.

    Доколку сакате да направите нарачка по бришење на Вашиот профил, истото е можете да го направите во својство на Гостин, а можете да направите и нов профил

    Доколку има промена на Вашите лични податоци кои ги имате наведено при регистрацијата, Ве молиме истите да ги ажурирате соодветно.

    5. Ваши права и останати информации

    За информации во поглед на Вашите права произлезени од Законот за заштита на личните податоци, колачињата кои ги користиме на веб страницата и сите останати информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци при посетата на веб страницата на ВУРТ МАКЕДОНИЈА, Ве молиме прочитaјте ги нашата Политика за приватност  и нашата Политика за колачиња.

     

     

    [1]Со цел поголема заштита на Вашите лични податоци, Ве молиме одберете лозинка која содржи со поголем број на каратери, вклучувајќе големи и мали букви, симболи, бројки и инретпункциски знаци и истата не ја споделувајте со други лица.