Пур Пени

Популарни артикли од категоријата Пур Пени

Load
Види како Табела Листа
Подреди по
Филтер

PU FOAM WINTER 750ml

089215290

Еднокомпонентна пур пена наменета за употреба во неповолни временски услови, а особено на температури под 0 до -10⁰C . Во процесот на стврднување, пената не е склона кон пукање или дробење и овозможува ефикасно вградување и изолација со одлично прифаќање на скоро сите градежни материјали.

Пур пена противпожарна-1C-Premium B1-750ml

08921424

Еднокомпонентна пиштолска пена Purlogic ® Premium е ниско запалива пена B1 со највисок принос. Идеална за висококвалитетна и безбедна изолација, полнење и изолација на приклучоци на прозорци, приклучоци на прозорски прагови, ѕидни приклучоци и шуплини, како што се помеѓу изолациски плочи, продолжетоци на покриви, кутии за ролетни и во производство на опрема и метални конструкции. За изолација на прозорски прагови, рамки на прозорци, како и во камиони-ладилници и конструкции со ладилници без приклучоци.

Пур пена XXL пиштолска

1892152880
  • Висока ефикасност
  • Врзување за различни подлоги
  • Поголема густина на полиуретанот
  • Одлична звучна изолација
  • Добра стабилност
  • Температура на примена: +5⁰ до + 35⁰C (оптимална 20⁰C)
  • Волумен: 62 до 67l (зависи од влажноста)
  • Време за работа: 8 минути

Пур пена пиштолска ULTRA+ 750ml

089215260

Мултифункционална еднокомпонентна ПУ пена за употреба со апликаторски пиштол, со зголемен принос, полесна апликација и можност за повторна употреба. Не содржи погонски гасови штетни за озонската обвивка.

Се користи при монтажа на прозорци и врати, пополнување на разни видови на споеви, пополнување на отвори и пукнатини, изолирање на електрични приклучоци и водоводни цевки, исто така и за топлотна и звучна изолација. Компатибилна е со поголем број материјали, како што се дрво, гипс, метал, PVC, итн.

  • Одлична адхезија и способност за пополнување, со висока термичка и акустична изолација.
  • Економична потрошувачка благодарение на прецизното нанесување.
  • Принос до 60 литри, во зависност од температурата и влажноста.
  • Соодветствува на противпожарната класа B3 според DIN 4102-1.
  • Отпорна на мувла, водоотпорна и може да се бојадисува.
  • Отпорност на вода, топлина и ниски температури, различни видови на хемикалии.
  • Топлинска спроводливост: 0,036 W/m·K (при 20°C) (DIN 52612)
  • Јачина на притисок: 0,03 MPa (DIN 53421)

Чистач за пур пена, Purlogic, 500ml

0892160

Многу ефикасно средство за едноставно и брзо отстранување на свежата пур пена. Шишето е прилагодено да ги чисти сите типови на стандардни пиштоли за нанесување чиста пена.

Пур пена пиштолска UNIVERSAL 600 ml

0892152106

Максимална адхезија, висока топлотна и звучна изолација и брза, чиста апликација совршена за фиксирање, пополнување и изолација при секојдневната работа

  • Одлична адхезија на речиси сите материјали, дрво, бетон, малтер, метал, ПВЦ и полистирен
  • Високи вредности на звучна  и топлотна изолација
  • Водоотпорна, отпорна на мувла, може да се бојадисува
  • Пакување од 600 мл – економично, практично, ефикасно

 Совршена за:

  • Монтажа и изолација на врати и прозори
  • Пополнување споеви, отвори и шуплини
  • Изолација на електрични приклучоци и водоводни цевки

Пур пена зимска пиштолска

1892152499

Својства и начин на делување:

Во процесот на стврднување, пената не пука и не се дроби, па овозможува ефикасно вградување и изолација со одлично прилепување на скоро сите градежни материјали. Погодна за вградување и пополнување на дрвени, пластични и метални врати и рамки на прозори и останати конструкциски елементи, за топлотна и звучна изолација, за изолација на водоводни цевки, кади, бојлери и опрема за ладење. За заптивање на пукнатини и дупки кои не можат да бидат исполнети со друг материјал за пополнување. Отпорна е на распаѓање, топлина, вода и многу хемикалии. Не е отпорна на UV зраци. Добро прилепува на материјали како бетон, мермер, камен, дрво, тврд PVC и метал. Не е погоден за полиетилен, силикон и слични материјали. Волумен на пената до 45 литри.

ПУ лепак за изолациски панели

18924005
  • Лепак за лепење на изолациски панели (стиропор)
  • За поставување до 15m2 изолација
  • Препорачана температура на примена: +5⁰ до +35⁰
  • Волумен: до 45l, во зависност од влажноста
  • Потполно стврднува по12h
  • Лесно се нанесува и дозира со помош на пиштол

ПУ лепак за фасади, спреј, В3, 750ml

18924055
  • Лепак за лепење на изолациски панели (стиропор)
  • За поставување до 15m2 изолација
  • Препорачана температура на примена: +5⁰ до +35⁰
  • Волумен: до 45l, во зависност од влажноста
  • Потполно стврднува по12h
  • Лесно се нанесува и дозира со помош на пиштол

Пур пена во спреј UNIVERSAL 600 ml

0892155106

Максимална адхезија, висока топлотна и звучна изолација и брза, чиста апликација совршена за фиксирање, пополнување и изолација при секојдневната работа

  • Одлична адхезија на речиси сите материјали, дрво, бетон, малтер, метал, ПВЦ и полистирен
  • Високи вредности на звучна  и топлотна изолација
  • Водоотпорна, отпорна на мувла, може да се бојадисува
  • Пакување од 600 мл – економично, практично, ефикасно

Совршена за:

  • Монтажа и изолација на врати и прозори
  • Пополнување споеви, отвори и шуплини
  • Изолација на електрични приклучоци и водоводни цевки

Пур пена пиштолска PERFECT 750 ml

089215245

Се користи при монтажа на прозорци и врати, пополнување на разни видови на споеви, пополнување на отвори и пукнатини, изолирање на електрични приклучоци и водоводни цевки, исто така и за топлотна и звучна изолација. Компатибилна е со поголем број материјали, како што се дрво, гипс, метал, PVC, итн.

  • Одлична адхезија и способност за пополнување, со висока термичка и акустична изолација.
  • Економична потрошувачка благодарение на прецизното нанесување.
  • Принос до 45 литри, во зависност од температурата и влажноста.