Лепила

Популарни артикли од категоријата Лепила

Load
Види како Табела Листа
Подреди по
Филтер

Klebfix супер лепак

089309

KLEBFIX супер лепак со патентиран специјален систем на затварање, кој лепи за краток временски период. Се користи за лепење на метални, пластични и гумени делови меѓусебно или едни со други.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Лепак за осигурување завртки, средна цврстина, 25 gr.

0893243025

Средство за осигурување на завртки со средна цврстина претставува осигурувач и заптивна маса на навојниот спој, а со помош на обичен алат може повторно да се демонтира. Средството за осигурување на завртките има повеќе предности. Може да се употребува на неисчистени и предходно не подготвени површини, на нерѓосувачки челик, хемиски стабилни површини каде што не се потребни "катализатори" или "активатори".Со употребата на овој спреј се спречува раздвојувањето предизвикано од вибрации и ударно оптеретување, со што се избегнуваат несаканите проблеми со осигурувањето.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Течен метал FE1, 500 gr.

0893449

Течен метал е двокомпонентно средство наменето за брзи поправки во областа на обработка на маталите, дури и на вертикални површини. Ова средство е погодно за пополнување на зазори, заптивање на пукнатини , поправка на ротациони делови и др.Нанесувањето на течниот метал се врши со дрвена лопатка, а може и да се обработи со фини постапки на стругање, дупчење, глодање, обликување со турпија после стврднување на површината.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Течен метал, 2K, 25 ml

0893449025
Течен метал е двокомпонентно средство наменето за брзи поправки во областа на обработка на металите, дури и на вертикални површини. Ова средство е погодно за пополнување на зазори, заптивање на пукнатини , поправка на ротациони делови и др.Нанесувањето на течниот метал се врши со дрвена лопатка, а може и да се обработи со фини постапки на стругање, дупчење, глодање, обликување со турпија после стврднување на површината.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за осигурување завртки висока цвртина

Средство за осигурување на завртки со висока цврстина претставува осигурувач и навојна маса која тешко се разделува. Се користи за осигурување, зацврстување и заптивање на завртки, навртки, навојни вметоци, навојни чепови кои не треба да се разделуваат. Погоден е за навојни споеви кои се изложени на големо оптоварување, го спречуваат разделувањето предизвикано од вибрации или ударно оптоварување. Има одлична хемиска и топлотна стабилност и може да се раздвои само со помош на специјален ударен алат или на температура повисока од 300 степени.Ова универзално средство има големо подрачје на примена.

2 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

Лепак за дрво D3

  • Лепак за дрво погоден за внатрешна и надворешна употреба.
  • Висока отпорност на вода и топлина.
  •  Едноставен систем за истурање.
  • Со одвртување на изливот за лепило, содржината на контејнерот може чисто и лесно да се истури.
2 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

FSK лепак за ПВЦ

0892100091

Наменет за ладно заварување на ПВЦ при производство на ПВЦ столарија, како и за лепење на други профили од ПВЦ, за поврзување на ПВЦ цевки (со исклучок на оние кои се за течност под притисок).

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за заптивање на цевки со PTFE, 50g

0893511050

Заптивно средство за цевки со мала цврстина со PTFE, служи за заптивање на сите метални цевни споеви и арматури со конусен или цилиндричен навој. Затегнатите споеви може да се оптоварат до 5 бари, додека оптоварувањето после завршното стврднување е до пукање на цевката. Ова средство неутрално се однесува во споредба со поголемиот број индустриски течности и гасови, отпорно е на хемикалии. Овозможува сигурна и брза монтажа, има бела боја и не е погодно за навои кои содржат бакар.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Лепак за дрво D3 12kg

089210014

Лепак за дрво погоден за внатрешна и надворешна употреба

Висока отпорност на вода и топлина

Едноставен систем за сипување

Со одвртување на изливот за лепило, содржината на контејнерот може чисто и лесно да се истури.

Нема видливи траги на споевите за при лепење. 

Барањето за достапност е успешно испратено.

Супер лепак, 20g

0893099020

Цијаноакрилатен структурен лепак за универзална употреба

  • Патентиран специјален капак
  • Ракување со една рака
  • Прецизно дозирање
  • Спречува лепење на отворот

Лепи за неколку секунди

  • Може веднаш да се обработува
  • Брзи поправки
  • Едноставна монтажа без дополнителни материјали
  • Обично не е потребно зголемување на температурата

 

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за осигурување на лагери, висока цврстина

Средство за осигурување лежишта со висока цврстина

  • за извондредно јаки зацврстувања на ракавци, чаури, запченици, клинови, склопови на вратила, слоеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања.
  • Спречува корозија и запекување на лагерите.
  • Демонтажа на лагерите е можна со помош на специјални алати - радапцигери 
2 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

2К лепило REPLAST ME - 30 сек.

0893500050

2C лепило за поправка и поврзување на пластични делови

Лепило за практично секој вид пластика

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за осигурување лежишта на покачена температура

Средство за осигурување на лежишта со висока цврстина се користи за силно зацврстување на ракавци, чаури, запчаници, споеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања и температура.Ова средство е отпорно на температури од -55 до +200 степени.Средството за осигурување на лежишта спречува настанување на корозија, оштетувања на контактните површини кои ги осигуруваме и пополнува зазори од 0.2mm.

2 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

DP 300 заптивна смеса за мотори и куќишта

0890100048

Трајно пластично соединение за заптивање на мотори и куќишта со висок степен на отпорност на температура.

Гарантирана долготрајна отпорност на вибрации.

Спречува атмосферска корозија.

Отпорен на вода, воздух, бензин, керозин, различни масла, синтетички лубриканти, мешавини на вода/гликол и метално, антифриз флуоројаглеродни средства за ладење.

Отпорен на температура до -50°C до + 250°C краткотрајно до +300°C.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за заптивање на површински спојки, 50g

0893518050

Црвената површинска заптивна маса се користи за хоризонтални и вертикални површини на различни материјали. Многу е вискозна и пополнува процепи до 0.5mm. Оваа заптивна маса надоместува процепи настанати кај метали до температура од 120 степени, а исто така може да се применува кај заптивање на алуминиумски прирабнички споеви. Масата брзо се зацврснува што доведува до пократко време на застој во работата, а дава и можност за проверка на заптивањето со изложување на мал пробен притисок без чекање да се зацврсти масата.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Лепак во спреј 500ml

0890100055

Лепак во спреј со моментална висока сила на лепење, создава тенка облога, се користи за впивливи подлоги. Овој лепак трајно и цврсто лепи во речиси сите подрачја на примена. Лепи материјали како што се плута, стиропор, дрво, метал, хартија.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Лепила