Електрични пили
Популарни артикли од категоријата Електрични пили
Електрична Пила за Отварање Шлицови MSF 40
Електрична машина за сечење канали, моќност 1900W. Лесно и прецизно сечење - два дијамантски дискови за сечење од 125 mm кои го отвараат шчицот во едно поминување. Ролерите овозможуваат прецизно движење на машината. Лесно прилагодување на длабочината без дополнителни алатки. Го штити корисникот од неконтролирано стартување на машината. Лесно се сечат и хоризонтални и вертикални канали.
Електрична стабилна пила за метал MMS 2300
Електрична стабилна пила за челик, инокс, алуминиум, бакар и пластика. Оваа машина има висок степен на безбедност благодарение на безбедносниот прекинувач кој оневозможува случајно движење на машината и безбедносен штитник кој го покрива местото на сечење и го штити корисникот. Рачката за носење, малата тежина и заклучувањето во долна положба овозможуваат поголема мобилност. Брзата стега на основата на плочата обезбедува брза и ефикасна работа. Пилата користи плочи за сечење (не пили) и има можност за заклучување на вретеното за брза промена на плочата.
Електрична убодна пила STP 65 classic
Многу стабилна работна плоча издржува работа дури и во најтешки услови.
Компактен, лесен дизајн со мал обем на рачката овозможува оптимална контрола на пила. LED светло овозможува работа во потемни простори.
Електрична Убодна Пила, 780W STP 150 Power-B
Убодна пила за тешка професионална употреба. Моторот со голема моќ обезбедува висока сила и можност за работа во особено тешки услови. Зајакнатата основа спречува било какво свиткување. Меките гумени влошки обезбедуваат удобен фат и спречуваат лизгање при работа.
Електрична убодна пила, сабјарка SBS 1300
Моќна електрична убодна пила која е особено погодна за сечење метал и дрво во демонтажни процеси. Брзото и ефикасно сечење е овозможено благодарение на орбиталното движење на пилата. Промената на пилите е брза и не е потребно да се користат дополнителни алати. Специјалните заптивки на работниот механизам ги штитат запчаниците од прашина и го продолжуваат работниот век на алатот.
Електрична циркуларна пила 1100W, 190mm, ECS 1100
Електрична циркуларна пила со длабочина на сечење до 67 mm. Малата тежина и ергономскиот дизајн овозможуваат едноставно ракување, додека со помош на основната алуминиумска плоча се остварува прецизна контрола на сечењето. Механизмот за заклучување на вретеното обезбедува брза и едноставна замена на пилата. Можно е прилагодување на наклонот на основната плоча под агол од 45°. Машината има „мек“ старт.