Нови Производи
Пиштол за пур пена Wurth PU Iron Jet, пониклуван
Идеален за професионално нанесување на пена, обезбедувајќи прецизност и ефикасност при различни работи. Пиштолот е дизајниран со ергономска PVC рачка, која овозможува удобен зафат и лесна контрола.
Заштитни ракавици нитрил - Foam Grip Ultra 4131X
Високо квалитетни ракавици изработени од најквалитетни материјали со пенасти топчиња кој овозможуваат сигурна и удобна работа без пролизгување.
Заштитни ракавици нитрил - Comfort Grip Proline 3121X се
Плетени бесшевни ракавици, произведени од полиестер и преслечени со мазен нитрил, кој е набран поради набраната структура на основата, што дополнително ја зголемува сигурноста на фатот која ја пружа нитрилот сам по себе. Благодарение на нитрилот на дланките, овие ракавици се отпорни на дејство на масло, горива, органски растворувачи и слаби хемикалии.
Заштитни ракавици Cut Shield Pro 3X43D
Меки и удобни бесшевни ракавици, изработени од синтетичко влакно UHMWPE (полиетилен со ултра-висока молекуларна тежина). Овие влакна имаат цврстина на затегање која е 10-15 пати поголема од челикот, што е тајната на максималните параметри на абење и кинење. Дланката е преслечена со тенок слој од полиуретан.
Диск за сечење CERAMIC CUT Fast Cut Long Life
Високо-квалитетни дискови за сечење CERAMIC CUT обезбедуваaт брзо и прецизно сечење.
- Специјална комбинација на абразив
- Напреден систем на сврзување
- Зајакнати
- Долг работен век
- Чисти, ладни исечоци
- Лесен за машината и корисникот
- Висока отпорност на кршење
- Германски MPA стандард за сигурност
Идеален за професионална употреба!
CUT OFF тенок диск за сечење инокс/челик
Дисковите за сечење се погодни за сите видови метал/нерѓосувачки челик. Создадени за високи перформанси.
- Висококвалитетна конструкција со абразивно зрно од алуминиум оксид
- Идеален за обработка на метал и не’рѓосувачки челик
- Прецизно сечење за професионални резултати
- Долготрајна употреба и ефикасно отстранување на материјал
M-Cube Батериски рачен циркулар AHKS18-68 C., SOLO
Робусен рачен циркулар за обработка на дрво со водилка, наменет за брзо и прецизно сечење и со капацитет за сериозна работа на терен.
Вградениот систем за заштита од преоптоварување и прегревање ја штити машината од прекумерно оптоварување.
Долг работен век на моторот: ефикасен, без четкички EC-мотор со минимални потреби за одржување и резерви на моќност.
Дополнителна заштита од струготини благодарение на заштитната решетка на отворите за вентилација.
Безбедна работа, бидејќи машината може да се стартува само по претходно отклучување.
Можност за вклучување и исклучување на осцилаторното движење со помош на регулаторското тркалце.
Мека рачка за удобно и сигурно држење без лизгање.
M-Cube Батериски ударен одвртувач ASS18-1/2" C., SOLO
Компактен ударен одвртувач со висок момент на отпуштање — силен избор за завртки, конструкции и сервис.
Три степени на моќност плус дополнителна автоматска функција, која го исклучува моторот при активирање на ударниот механизам и со тоа го минимизира ризикот од оштетување на навојниот спој.
Благодарение на високиот број вртежи и високата фреквенција на удари, се постигнува момент на отпуштање до приближно 800 Nm, што овозможува и одвртување на заглавени навртки на тркала.
Безчетковиот мотор со заштита од преоптоварување бара малку одржување, има долг работен век и обезбедува високи перформанси.
Работа со помал замор и поголема удобност благодарение на компактната и лесна конструкција со гумирана рачка.
Без повратен удар или пренесување на вртежниот момент кон зглобот на раката.
Оптимално осветлување на работната површина благодарение на тројното LED-светло на главата на менувачот.
M-Cube Батериска убодна пила APS18 Compact, SOLO
Прецизна и моќна M-CUBE батериска убодна пила за универзално сечење на дрво и монтажни материјали.
EC Brushless моторот овозможува долг работен век благодарение на ефикасниот безчеткички мотор со минимални потреби за одржување.
Лесна и брза замена на листот на пилата без употреба на алат, со автоматско исфрлање.
Испорачаниот заштитник од прашина го оптимизира вшмукувањето на струготините и спречува расфрлање на дрвените струготини.
Оптимизирана за работа со Würth листови за пила за постигнување одлични перформанси при сечење, особено при обработка на дрво.
Прилагодлива брзина според конкретната примена со помош на 5 степени.
Функцијата „Автоматски режим“ овозможува бавно започнување на сечењето и автоматски ја зголемува брзината.
Вклучливо LED-светло, кое може да се активира или деактивира со притискање на копче.
Осцилаторното движење може да се прилагоди на конкретната примена во 3 степени.
Интегрирано вшмукување на прашина: испорачаниот адаптер овозможува поврзување со Würth правосмукалка (со помош на адаптер).
Перформансите на вшмукување се тестирани и оптимизирани заедно со заштитникот од прашина.
M-Cube Батериска ударна дупчалка ABH18 Compact, SOLO
Компактен, моќен, безчетков акумулаторски перфоратор за средно тешки работи на дупчење и лесни работи на штемaње
- Многу компактниот и ергономски дизајн овозможува удобно работење со помалку замор.
- Ефикасен, безчетков EC-мотор со мала потреба од одржување, со резерви на моќност и долг работен век.
- Континуирано следење на моторот. Во случај на преоптоварување или блокирање, електронската заштита на моторот го исклучува моторот навреме.
- Брзо прилагодување кон конкретната примена, бидејќи со прекинувачот за избор на функција лесно и брзо може да се избере помеѓу ударно дупчење и дупчење.
- SDS-plus прифатот може брзо, лесно и без алат да се замени со испорачаниот брзостезен футер за дупчење.
- Со опционално достапниот систем за вшмукување прашина се овозможува работење со минимално создавање прашина.
Батериска дупчалка одвртувач ABS 18V Compact, M-Cube само машина
Компактна, моќна акумулаторска дупчалка без четкици за средни задачи на завртување и дупчење.
Континуирано следење на работата на моторот, благодарение на електронската заштитна функција за рано исклучување на моторот во случај на закочување, преоптоварување или прегревање.
Ефикасен EC мотор без четкици со мало одржување, дополнителна моќ и долг век на траење. Одржува стабилна брзина на работа дури и под оптоварување.
Електрода рутилна, E6013
Рутилна електрода за заварување – сигурни и чисти завари во сите позиции
За стабилно и лесно заварување на нелегирани челици во автомобилската, машинската, контејнерската и котларската индустрија.
Обезбедува одлична заварливост во сите позиции, дури и во малку наклонета положба (10–20°), со мазен и чист заварен спој.
Погодна е и за заварување на галванизиран челик, со минимално прскање и лесно отстранување на троската, што резултира со уреден и естетски изглед на заварот.
Преклопна шарка за кутија, галванизирана
Преклопната шарка за маса е висококвалитетен производ, изработен од издржливи материјали кои гарантираат долготрајна употреба и сигурност. Дизајнирана е за професионална и домашна употреба, обезбедувајќи максимална ефикасност и лесно ракување.