producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Апарат за пулсно TIG заварување со висока фреквенција кoj e дигитално контролиран инвертер со најнова IGBT технологија и високофрекфентен пулсен режим на работа.
Идеален е за TIG заварување на тенки прохромски цевки и лимови. Има можност за заварување во TIG DC, HF TIG DC pulse и REL режим на работа.
Најновата IGBT технологија му овозможува непречено да работи дури и со големи варијации на напон, додека малата вредност на референтна струја му овозможува да работи на инсталации со осигурувач од 20 ампери.
Апаратот во високофрекфентен режим на работа има можност за прилагодување на времето на истекување на гас на почетокот и крајот на заварувањето.
Со дефинирање на фреквенцијата на ширина на пулсот, како и со прилагодување на "горните" и "долните" струи на заварување, можно е да се постигне квалитетно заварување на тенки лимови и цевки.
Класата на изолација F овозможува работа на електрични компоненти до 155 степени.
Волфрамовите електроди се клучна компонента во TIG заварувањето, обезбедувајќи стабилен електричен лак и висока отпорност на топлина. Wurth Македонија нуди волфрам електроди gold, кои се достапни во различни димензии.
Според информациите од блогот на Wurth Македонија, постојат различни типови на волфрамови електроди, како што се цирконизирани електроди, кои содржат минимум 99,10% волфрам и 0,15 до 0,40% циркониум. Овие електроди произведуваат исклучително стабилен лак и се спротивставуваат на расипување на волфрамот. Тие се идеални за заварување со наизменична струја затоа што задржуваат топчест врв и имаат голема отпорност на загадување. Нивната можност за носење на струја е еднаква или поголема од онаа на торираните волфрамови електроди. Сепак, под никакви околности не се препорачуваат за DC заварување.
Игличасто лежиште во главата на брусалката. Ротор заштитен со стакло-пластика. Брз штитник. Копче за заклучување на дискот со ергономичен облик кој овозможува послесно заклучување.
Моќно и ефикасно брусење
Ламеларните дискови на пластична основа со абразив од циркониум алумина се идеален избор за професионална обработка на челик и нерѓосувачки челик (инокс).
Благодарение на специјалниот абразив, обезбедуваат долготрајна издржливост, брзо отстранување на материјал и одлична завршна обработка.
Потпорниот материјал се однесува на материјалот на кој се прицврстени абразивните ламели.
Најчесто користени потпорни материјали се фиберглас и пластика (POLYAMID).
Фибергласот е најпогоден за тешки апликации бидејќи е цврст по природа.
Пластичниот потпорен материјал, пак, е многу флексибилен и совршено погоден за израмнување и завршна обработка.
Специјална течност за чистење на метални површини.
За површини од нерѓочкувачки челик, хром, месинг,елоксирани и емајлирани метални површини како и за лесни и обоени метали на возила, чамци, во техниката, домаќинствата и во погоните за преработка на храна.