Место на примена: Чистачот на DPF филтерот се користи при дијагностицирање на пад на функцијата или дефект на филтерот, намалени перформанси на моторот. После чистењето филтерот има полн капацитет и функциоалност на чистење на издувните гасови пред нивната емисија во надворешната средина. EGR вентилот исто така може да се чисти со ова средство.
Примена: Да се угаси моторот и да се остави да се излади. Да се отстрани сензорот за температура со што ќе се овозможи сондата да се вметне во внатрешниот простор на DPF филтерор. Доколку не постои сензор, да се одврти вшмукувачиот отвор на филтерот и со помош на сондата да се делува низ него.
• Ги минимизира трошоците за поправка при чистење
наместо замена (без демонтажа)
• Продолжен работен век на DPF филтерот – ефтино
одржување
• Намалена емисија на штетни гасови
- нема ризик на техничкиот преглед на возилото
- посигурна работа на моторот
• Ја редуцира потрошувачката на гориво
Внимание: За цело време на работа задолжително да се применува следната метода: Да не се прска подолго од 3 секунди, после секое прскање да се направи пауза од 10 секунди. Да се повторува додека има средство во боцата.
Саѓите се на база на јаглерод и се подложни на самозапалување!
Кога ќе се испразни целокупната количина од боцата, да се врати сензорот или да се затвори отворот на филтерот. На компјутерот на возилото да се поништи грешката доколку е меморирана. После употребата се препорачува пробно возење од околу 20 минути.
Една боца за еден филтер!