Силикон Неутрал е еднокомпонентна силиконска заптивна маса со неутрален систем на стврднување. Наменета е за заптивање на дилатациони и конструкциски споеви на различни градежни подлоги.
• Дилатациони споеви
• Конструкциски споеви
• Споеви на стакло
• Споеви на дрво, бетон, тули и керамика
• Споеви на челик, PVC и алуминиум
Производот е наменет за употреба во градежништво, на различни материјали и подлоги, во внатрешни и надворешни услови.
• Неутрален систем на стврднување
• Трајно еластична маса
• Отпорност на UV зрачење и атмосферски влијанија
• Мало собирање при стврднување
• Добра адхезија на широк спектар подлоги
- Треба да се почитуваат препорачаните димензии на фугата.
- Ако длабочината е поголема од препорачаната, треба да се постави PE материјал со затворена структура.
- Површините треба да бидат суви, чисти и одмастени.
- На порозни површини треба да се нанесе прајмер за силикон пред апликација.
- Производот се нанесува рамномерно по должина на спојот.
- За обликување се користи алат за мазнење и средство за израмнување.