Еднокомпонентна заптивна маса на ацетатна основа, наменета за заптивање на дилатациони споеви изложени на средни оптоварувања. Погодна за внатрешна и надворешна употреба на непорозни и глазирани подлоги.
Најчеста применa
• Заптивање на прозорци и врати
• Споеви на стакло, порцелан и челик
• Санитарни простори — бањи и кујни
• DIY апликации
• Електрични и телефонски приклучоци и прекинувачи
Се користи во градежништво, санитарни инсталации и DIY апликации, на непорозни и глазирани површини.
• Трајно еластична маса
• Отпорност на UV зрачење, стареење, пукање и обезбојување
• Добра адхезија на застаклени, непорозни и метални површини
• CE означена според EN 15651 за фасадни, застаклени и санитарни апликации
- Подлогата треба да биде чиста, сува и без маснотии, рѓа и стари заптивни маси.
- Врвот на тубата се сече под агол од 45° соодветно на ширината на спојот.
- Производот се нанесува рамномерно по должина на спојот.
- Измазнувањето се прави со влажен прст или алат за заптивање пред формирање на кора.
- Вишокот материјал веднаш се отстранува.
- Производот целосно стврднува во рок од 24 h.
За време на вулканизацијата се ослободува оцетна киселина — потребна е добра вентилација на работното место. Рок на траење: 18 месеци во затворено оригинално пакување, складирано на +5°C до +25°C.