Одмастувачи и чистачи
Популарни артикли од категоријата Одмастувачи и чистачи
Пена за детекција на истек. на гас ПЛУС, 400ml
Пена за откривање на протекување за безбедно и брзо идентификување на незадихтувани области и микро-протекувања.
Област на примена
Погодно за сите технички и медицински гасови во опрема за компримиран воздух, опрема за компримиран гас, клима уреди, компресори, уреди за заварување, системи за воздушно сопирање, гуми, црева и транспортни резервоари. За гасови под притисок како што се азот, пропан, бутан, градски гас, ацетилен, јаглерод диоксид, аргон, воздух итн.
Инструкции
Прскајте ги деловите под притисок од растојание од приближно 40 см. Секое истекување се покажува со формирање меурчиња од пена. Доколку се сомневате на микро-истекување, набљудувајте ја испрсканата површина некое време. Потоа исплакнете ги деловите со вода.
Softex крпа во ролна
Белата еднослојна SOFTEX крпа во ролна е супермека текстилна крпа без силикон, влакненца, со одлична моќ на впивање. Сигурна е за употреба во прехрамбената индустрија и отпорна е на растворувачи. Исклучително е отпорна на кинење дури и кога е влажна, може да се пере, цеди и повторно да се употребува. Исто така, може да се користи и како крпа за полирање.
Микро апсорбер, 10 kg
Микро апсорбер (Micro Absorber) е производ кој се карактеризира со високоефикасни гранули со брзо дејство, за впивање на масла, агресивни и какви било други течности вклучително киселини, бази и водни раствори. Поседува висок степен на апсорпција и брзо реагира. Капиларните својства на гранулите обезбедуваат ефикасно впивање и чување на собраното масло. Микро апсорберот може да се употребува во отворен и во затворен простор. Со својата едноставна примена, гранулите остануваат цврсти и после апсорбцијата што овозможува лесно чистење со четка. Благодарение на својата оптимална тежина, остануваат на местото каде што се нанесени. Произведува малку прашина. Нема опасност од лизгање на возилата или обувките.
MULTICLEAN, 400ml
MULTICLEAN е средство за чистење и привремено подмачкување во физиолошки и еколошки чувствителни зони. Може да се користи во простории каде што се произведуваат или складираат прехрамбени производи. Ова средство пружа работа без опасност со одлично својство за чистење, одмастување и отстранување на масло, смоласти наслаги и остатоци од силикон. Поседува добра компатибилност со различни материјали и не содржи штетни материјали како што се F+, F, N, Xi, ацетон, силикон и AOX.
Чистач на прохромски површини
Специјална течност за чистење на метални површини.
За површини од нерѓочкувачки челик, хром, месинг,елоксирани и емајлирани метални површини како и за лесни и обоени метали на возила, чамци, во техниката, домаќинствата и во погоните за преработка на храна.
Микроактивна крпа за чистење стакла
Масло за нега на прохром, 400ml
Масло за нега на метални површини и прохром за секојдневно одржување и обновување на изгледот. По нанесување остава заштитен слој.
• Тип: Масло за нега на метални површини
• Намена: Секојдневно чистење и одржување на метални површини и прохром
• Клучни својства: Заштитен слој | Рамномерна сјајна површина | Без силикон
• Предности: Мала потрошувачка | Помага во намалување на повторно валкање
• Употреба: За метални површини и прохром во професионални средини
Спреј за нега на прохромски површини, 400ml
Емулзија за чистење и нега на метални површини, наменета за редовно одржување на прохром. Погодна е и за вертикални површини.
• Тип: Емулзија за чистење и нега
• Намена: Одржување на метални површини и прохром
• Клучни својства: Чистење и нега во еден чекор | Кремаста структура | За вертикални површини
• Предности: Отстранува траги од нечистотии и масни отпечатоци | Без AOX | Без силикон
• Употреба: За редовно одржување на метални површини и прохром
Средство за санирање на метал, 400 gr.
Средство за санирање на метал во форма на моќна метална паста за мелење, наменето за отстранување на тврдокорна нечистотија од метални површини. Погодно е и за вертикални површини, како и за примена во области каде што храната се обработува или чува.
- Тип: Средство за санирање на метал
- Намена: За чистење и санирање на метални површини
- Клучни својства: Со активирана лимонска киселина | Со природен алуминиум оксид како абразивен материјал | Високо вискозно, не тече на вертикални површини
- Предности: Отстранува тврдокорна нечистотија, 'рѓа на површината, траги, варовник и скала од котел | Нежно кон материјалите | NSF сертифицирано
- Употреба: За метални површини, вклучително и во области каде што храната се обработува или чува
Индустриски чистач, 5l
Микроактивна крпа за чистење стакла
Едната страна за чистење, другата страна за полирање
Материјал: 70% полиестер, 30% полиамид
Должина x ширина: 40 x 40 cm
Боја: Сина
Сила на кинење: 120 N
Специјална крпа за прашина, импрегнирана
Специјалната крпа за прашина е импрегнирана крпа дизајнирана за ефикасно собирање и врзување на прашина и суви нечистотии од различни површини, како што се дрво, метал и пластика. Изработена е од висококвалитетна газа, која овозможува прашината да навлезе во внатрешните слоеви, обезбедувајќи дополнителна сигурност и максимална способност за задржување на прашината. Оваа крпа е особено погодна за сите боеџиски и чистечки задачи.