Моќно и ефикасно брусење
Ламеларните дискови на пластична основа со абразив од циркониум алумина се идеален избор за професионална обработка на челик и нерѓосувачки челик (инокс).
Благодарение на специјалниот абразив, обезбедуваат долготрајна издржливост, брзо отстранување на материјал и одлична завршна обработка.
Потпорниот материјал се однесува на материјалот на кој се прицврстени абразивните ламели.
Најчесто користени потпорни материјали се фиберглас и пластика (POLYAMID).
Фибергласот е најпогоден за тешки апликации бидејќи е цврст по природа.
Пластичниот потпорен материјал, пак, е многу флексибилен и совршено погоден за израмнување и завршна обработка.
Предности
Висока ефикасност и долг работен век благодарение на циркониум зрната
Пластичната основа овозможува намалена тежина и помал замор при работа
Рамномерна абразија и квалитетна завршна површина
Универзална примена – од грубо чистење до завршно фино брусење
Области на примена:
- Металообработка и инокс конструкции
- Производствени и сервисни работилници
- Заварување – чистење и израмнување на заварени споеви
- Машиноградба и индустриски одржувања
Достапни гранулации
| Гранулација | Намена |
| P40 | Грубо брусење, брзо отстранување на материјал |
| P60 | Универзално брусење и обликување |
| P80 | Подготовка за премачкување и финално брусење |
| P120 | Фина завршна обработка и полирање |