Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Средство за осигурување завртки висока цвртина
Средство за осигурување на завртки со висока цврстина претставува осигурувач и навојна маса која тешко се разделува. Се користи за осигурување, зацврстување и заптивање на завртки, навртки, навојни вметоци, навојни чепови кои не треба да се разделуваат. Погоден е за навојни споеви кои се изложени на големо оптоварување, го спречуваат разделувањето предизвикано од вибрации или ударно оптоварување. Има одлична хемиска и топлотна стабилност и може да се раздвои само со помош на специјален ударен алат или на температура повисока од 300 степени.Ова универзално средство има големо подрачје на примена.
Средство за осигурување на лагери, висока цврстина
Средство за осигурување лежишта со висока цврстина
- за извондредно јаки зацврстувања на ракавци, чаури, запченици, клинови, склопови на вратила, слоеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања.
- Спречува корозија и запекување на лагерите.
- Демонтажа на лагерите е можна со помош на специјални алати - радапцигери
Рачен пиштол за картуши со ПВЦ држач
Висококвалитетен дизајн, полуотворен, направен од челичен лим со пластична рачка. Лесен за употреба и брзо напојување. Со уред за брзо ослободување. Одличен пренос на сила, што овозможува полесна апликација.
Цинк 300 паста, 500ml
Цинк 300 е антикорозивен премаз за поправка на оштетени поцинкувани површини и заварени споеви. Остава изглед сличен на топло поцинкување.
• Тип: Антикорозивен цинков премаз
• Намена: Поправка на поцинкувани површини и заварени споеви
• Клучни својства: Повеќе од 90 % цинков прав | Температурна отпорност до +300 °C
• Предности: Електрохемиска заштита | Може да се лакира со PVC и акрилни лакови
• Употреба: Металоградба | Бродоградба | Челични конструкции
Спреј боца
Спреј боца со капацитет од 1000 ml, овозможува прскање под агол од 360 степени, што значи дека може да се користи и во вертикална и во обратна положба. Оваа функционалност ја прави идеална за нанесување на течности во тешко достапни места. Изработена е од висококвалитетни материјали, обезбедувајќи долготрајна употреба и отпорност на хемикалии. Погодна е за различни апликации, вклучувајќи чистење, дезинфекција и подмачкување.
Лепак во спреј 500ml
Брзосушечко контактно лепило во спреј од 500 ml за лесни и впивливи материјали. Формира тенок леплив филм и е без силикон.
• Тип: Контактно лепило во спреј
• Намена: Лепење плута, стиропор, дрво, метал и хартија
• Клучни својства: Брзо сушење | Прилагодлива прскалка | Без силикон
• Предности: Не продира низ ткаенина | За контактно и монтажно лепење
• Употреба: Нанесување на двете површини од 20–25 cm
Алу. Спреј за подмачкување, AL 1100, 300ml
AL 1100 е паста за подмачкување и монтажа при високи температури и притисок.
• Тип: Алуминиумско-бакарна монтажна паста со EP адитиви
• Намена: Заштита на навојни и подвижни споеви
• Клучни својства: Температурна отпорност од -80°C до +1100°C | Отпорност на вода, бази и киселини
• Предности: Спречува зарибување, запекување и ладно заварување
• Употреба: Навојни споеви | Заптивки | Делови од издувен систем
Спреј за клинасти ремени, 400 ml
Спреј за клинести ремени за намалување на лизгање и шкрипење.
• Тип: Спреј за клинести ремени
• Намена: Подобрување на преносот на сила кај ременски погони
• Клучни својства: Спречува лизгање и шкрипење | Без AOX
• Предности: Намалува потреба од дополнително подесување
• Употреба: Клинести ремени