Својства и начин на делување:
Моментално заптива до 5 бари. По потполно стврднување може да се оптовари до притисок на пукање на цевката. Има одлична отпорност на повеќето индустриски течности и гасови. Ги штити навоите од корозија. Содржи РТFЕ (тефлон) за полесна демонтажа. Погоден е за притисок до 690 бари за течности. Сила за демонтажа: ниска. DVGW oдобрено согласно DIN EN 751-1 (Рег. бр. NG-5146ВМ0036+37). Одобрено и сертифицирано согласно NSF/ANSI стандардот 61. Тестирано на подносливост на кислород до 60ºC и 10 бари притисок.
Рачна цврстина: после 15 до 30 min
Фуннкционална цврстина: после 1 до 3 h
Момент на придвижување (од место): 5 до 10 Nm
Притисна/влечна цврстина: 5 до 7 N/mm2
Температурен опсег на примена: -55°C до +200°C
Примена:
Монтажа - Анаеробни лепила и осигурувачи
Упатство за употреба:
Монтажа
1. За оптимални резултати, пред нанесување на средството, одмастете ги, исчистете ги и исушете ги сите внатрешни и надворешни површини. За одмастување препорачуваме употреба на Würth средства за монтажно чистење.
2. Пред употреба добро протресе го средството.
3. На надворешниот навој на спојката (фитинг) нанесете го средството по целата должина, оставајќи го првиот навој слободен. Кај груби навои и поголеми нерамнини прилагодете ја количината на средството. На ист начин нанесете средство и на внатрешниот навој.
4. Монтирајте го и затегнете го навојниот спој до постигнување соодветното порамнување. По затегнување >5 Nm , навојот повеќе да не се затегнува.Напомена: Не е дозволено накнадно затегање на споевите во текот и по стврднување на средството. Правилно затегнатите споеви веднаш заптиваат на притисок до 5 бари. За максимална отпорност на притисок оставете да се суши најмалку 24 часа.
Демонтажа
1. Демонирајте со вообичаен рачен алат.
2. Ако не можете да демонтирате со рачен алат поради големата должина или дијаметар на навојот (преку 1”), локално загрејте го спојот на околу 250°C. Одвојте додека е жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се употребува за заптивање на инсталации за топла вода од бакар и месинг (> 40 ºC) како и кај незаштитен и топло поцинкуван челик (> 65 ºC). Не е дозволена употреба во домашни гасни инсталации. Не е погодно за затнување на пластични цевки . Да не се употребува во системи со чист кислород или богати со кислород и да не се користи како заптивна маса заедно со хлор или други силно оксидациони материи. Ако се користат водени системи за перење на површините пред примена на средството, задолжително да се провери компатибилноста на растворот за перење со средството. Таквиот начин на перење може да делува на зацврснувањето и на перформансите на лепилото.