producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Универзалното масло за одржување се користи за 5 различни области на примена. Отстранува `рѓа и корозија со своето брзо продирање, подмачкува и спречува крцкање и шкрипење, намалувајќи го триењето и оптоварувањето во подвижните споеви кои се подмачкуваат.
Ова средство ефикасно продира во нечистотиите, остатоците од масти и масла за подмачкување, ја отфрла водата и влагата и пружа добра електро-проводливост на електро-контактите. Не содржи смоли, киселини, силикон и не оштетува гума, боја и пластика.
Својства и начин на делување:
Минерално масло за демонтажа на заглавени споеви, подмачкување, чистење и заштита на метални делови и електрични компоненти од влага и корозија. Одличните капиларни својства и ефектот на ладење до -30°C (важи само за спреј боцата) овозможуваат брзо и лесно продирање во корозијата, а со тоа и олабавување на кородираните споеви. Како чистач ги отстранува нечистотиите, остатоците од маст и масла.Со формирање на тенок вискозен заштитен филм ефикасно ја отстранува влагата, штити од корозија, го отстранува шкрипењето, го смалува триењето и абењето. Не содржи смола, киселина и силикон. Не оштетува гума, боја и пластика. Температура на примена -30°C до +130°C.
Моќна формула без напор отстранува саѓи, прашина од сопирачки, маснотии и маслени нечистотии. Брзо исчезнува без да остава остатоци, идеално за темелно чистење без преработка. Нежен кон материјалите. Формула без ацетон за добра компатибилност на материјалите со бои, пластика, заптивки и гума.
Универзално, синтетичко повеќенаменско средство со високи перформанси со извонредни својства за подмачкување .